јас само пешачам, меѓутоа не така како што препорачуваат пред појадок или после појадок ... на жешково време навечер касно пешачам и тоа накај 21
Јас од понеделников почнав и порано ја имав пробувано ама се откажав... Сега упорна ќе сум плус имам друштво со колешки од работа. Освен пешачање ништо не правам ,и тоа после 8 навечер, што наводно е најлош термин, сакам 5-6 кила да симнам па ќе видиме колку ќе успеам.
Ќе споделите резултати има време , мене ми е супер хроново си сакам месо и ми одговара , е сега се нервирам што овој период не можам да јадам овошје а многу сакам цреши и јагоди, ама ќе се стрпам уште некој месец.
Кај нив гледам има голем избор на "свежи сир" што го користат...има такво кај нас? И намази од типот на хумус?исто така,ако некој знае каде да најдам келераба да ме упати
Девојки, ако сака некој да ми го објасни процесот на рестрикција. Прочитав дека на тој режим треба да се биде 1 месец, а на други места се додека не ја добиеш посакуваната килажа. Како што разбрав, вака некако би требало да изгледа, па доколку грешам нека ме корегира некој. Јас терам вака скоро една недела, со малку прекршувања со благо. :/ Доручек - Јајца, сувомеснато, крем сир, тонус леб и салата. Јајца и млечни производи не се мешаат. После 5-6 саата Ручек - Месо и салата Вечера - стек или риба со салата 2 л вода
Вчера читав дека можело да се јаде АБЦ крем сир, наводно составот одговарал на хроно принципите, и јас си купив чисто да сменам од путер и намаз сега си направив. Сега да ми кажете каде можам да најдам брашно од спелта?
мислам дека имаш во Био култ на мерење ... во Био космос немам прашано можеш и таму да провериш ... само што јас колку што знам многу не се јаде тоа брашно во рестрикција
Не ги мешам, само пишав за доручек дека од тоа комбинирам. На пример појадувам тонус леб, сувомеснато и салата. Абц крем сир, иако не сум сигурна дека смее тоа.
Лошо сум те сфатила, извини. Абц не смее. Не знам од каде и е на членката информацијата дека е дозволен?
Нема проблем. Другарка ми кажа дека смеам крем сир, но не беше сигурна. Ај ако знае некој нека напише исхрана за рестрикцијата.
A sto e toa restrijcija,od sto se sostou i koga se drzi,i vo vrska so brasnoto so lebot,koj leb e dozvolen,i sto drugo treba da se izbegnuva,nekoi osnovni pravila na sto da obrneme vnimanie??,ako saka nekoj da nu objasni
Јас ќе пробам. За доручек - леб од интегрално брашно, тостиран.. јас го користам лебот на тонус без брашно. Ме мрзи леб да печам, еднаш направив онака... смееш јајца ама не со млечни комбинација заедно. Печеница, шунка, путер, младо сирење итн... За ручек - протеини со зеленчук, туна, бело месо со салата. За вечера исто протеини со салата. Јадеш на 4-5 сааати , 3 оброци. 2 кафиња после ручек и доручек. Овошје и благо не. Значи се придружуваш на оброците. Не смееш да грицкаш меѓу оброци. Во рестирикција не смееш скроб за ручек значи ориз, компири, грав, грашок не. И никако мешање протеини со јаглехидрати. Од алкохол црвено вино само. Маргарин, шекер, благо, овошје никако. Јогурт и млеко не. Само кисело млеко за доручек. Пример мени за ден: Доручек- тост со печеница и путер и таратор Ручек- стек со шопска ( без сирење, не треба да се меша) Вечера - туна салата. Ако грешам поправете ме. Ја држам од 22 јуни и имам загубено 3 см во обем - стомак. Не сум се мерела тежам 61 кило сакам да сум 55-56. Ќе се мерам после 28 ден.
Znaci ovosje nikako ne smee da se upotrebuva ili?a toa restrijcija,koga se drzi i kako?jas sobiram infirmacii sakam da probam i ova,sega edna nedela sum na un pa prodolzuvam so hrono.ti blagodaram
Првото правило е дека не се мерат количините се јаде додека сме гладни,три пати на ден во период од 4 до 6часа,најправилно е 5ипол. Наутро прво се пие билен чај(овошни не) или млака вода со лимон па дури после пола саат може да се доручкува.После 30мин откако ќе доручкува се пие кафе без шеќер или само со стевиа. Од месо и риба се јаде се само што се знае што кога смее За доручек може домашно суво месо,шунка,печеница и понекогаш сланина. Само за доручек се јаде млечни производи и тоа кисело млеко,грчки јогурт,фета или младо сирење и понекогаш павлака или кајмак ама на почеток да се избегнува.Јогурт не смее. Само за доручек се јаде леб и тоа направен само од следниве брашна:ржано,хељда,јачмен,овес и поретко спелта. Од семки смее сончоглед,лан,чиа,сусам...(најчесто се ставаат во лебот) За доручек се јадат цели јајца во секој облик,а за ручек и вечера само белки Не се комбинираат два протеина(риба и белки),два вида месо,два млечни производа и јајца со млечно Може да се прават палачинки,мафини вафли но само од дозволените работи За ручек се јаде некое појако месо со салата може и зелена и црвена. Не смее грашок,пченка,компири,грав,ориз,боранија. Цвекло,морков,целер се јадат само свежи За вечера се јаде лесно пилешко,риба,белки и само зелен и бел зеленчук. Смее путер и маст и умерено маслиново масло,не смее оцет и маргарин. Пиеме повеќе течности до 2 литра(вода,чај,лимонада) ама не смее бар пола саат пред доручек и пола саат после доручек Кафе се пие само 2 пати дневно и тоа 30мин после доручек и после ручек Ги мериме количините за овие работи:јајца до 8 неделно цели а белките се неограничени,3 пати по 3 лажици семки неделно,4 чаши црно вино неделно(само црно вино смее од алкохол),млечни производи до 4 пати неделно и путер до 20грама дневно. Конзерва риба смее само до 2 пати неделно и тоа да биде или во сопствено масло или во маслиново Од овошје смее само лимон и авокадо Физичка активност не се препорачува,освен пешачење Рестрикција е период во кој се губи килажа и трае или 28дена или додека не се достигне посакуваната тежина