Добро утро намачени душички ДОРУЧЕК 5: - 2 кришки тонус потпечен - 3 парчиња свински врат - 1 варено јајце - зелка + кафе Сабајлево ме фати некоја нервоза. Си викам ова нема фајде. Сега ќе се мерам и ако не покажало ништо, бело знаме кревам. Вага немам. Метрото покажува резултати. Не ми е воопшто тешка диетава, но имам грижа на совест, како многу тинтрење ми доаѓа и стравот дека ќе отидам во плус не ме напушта.
Добро утро и од мене хронерки Кај мене денес ова За да има резултати се препорачува мерење дури на месец дена,ако се мериш на секоја недела може да варира килажата.На 1 месец е најточно Ако имаш во обем резултат што ќе ти е вага Нема откажување идеме напред Спојлер И кафето го чека својот ред
Ане сабајлево одејќи на работа те мислев Постирај редовно што јадеш, белки и ние ќе стигнеме еден ден на в.р. СДП после циклус од минимум еден месец, дали смее да се продолжи на ВР (да лапнеме некоја лубеница), па да се вратиме повторно на Р.
Јас сум на в.р затоа што ми е смачено од месото На рестрикција бев од 15.10 до 15.12 и ослабев 6кг Иначе и јас имам за слабеење уште,затоа што од тие 6кг вратив 3-4. Па сега идам од поново,цел ми се барем 7кг,а ако може и 10 супер Рестрикција е или 28дена или додека не се стигне до посакуваната тежина. Мислам дека нема да смета,ако каснеш малку лубеница. Јас дури после 6 месеци ги вратив тие 3-4кг а јадев за празници особено се и сешто
Мене многу ми е чудна работава со лубеницата, ај во рестркција ок, ама после јас би ја консумирала. http://vecer.mk/life/lubenica-izvor-na-zdravje Мени за денес Доручек - 2 парчиња тонус со печеница и путер и таратор Ручек - гулаш со буковка и зеленчук ( го купив од тинекс , битно нема компири нешто како летна манџа само со печурки) и краставици. Вечера - ич немам идеи за вечерата, најверојатно белки со пиперки и салата.
Ручек на работа(Стек и пржен пипер со малку компир) Ми остана од вчера пола компир,па за да не се фрли го измешав заедно со пржениот пиперот и решив да испржам и едно парче стек. За салата имав домати,ама ги заборавив,така да ај пиперов ќе го рачунам ко салата демек. За вечера риба,белки или бело месо можеш @mimiiiii
Се рaзбуди Џејми вo мене Ручек 5 - мoдaр пaтлиџaн пoтпечен - пaтлиџaн - мoјa "пaштетa": изблендирaв печен стек, лук, мaгдoнoс и пaтлиџaн - кaфе
Вечера: Пржен пипер со ребро(опасна комбинација) и салата од домат само со сол Ајде @sanjaeva можеш не и се давај на кризата Идеме напред
Ем ми се јaде, a и време е уште мaлку, ем некoјa oдбивнoст, дa не речaм нaгoни Не се предaвaм никaкo, пoсебнo не нa првaтa сoпкa.
Компир пире што ми остана од вчера малку,денес го јадев за ручек. Не знам кај имам пишано дека и за вечера компир? Вечерата ми е погоре ставена немав компир во неа
Не е касно, мене според саати на 5ипол, се така ми доаѓа.Ама затоа наредните два саати не треба да си легнеш да спиеш.После вечера мора да поминат барем 2часа пред да легнеш