1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хроно исхрана - дневно мени и слики

Дискусија во 'Диети' започната од rokiroksana, 24 септември 2013.

  1. B-O-N-I

    B-O-N-I Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    15
    Деновиве почнав и ја да читам за хроно исхраната и мислам дека е во ред дека начин на живот и исхрана кој не бара големи напори и ограничувања само малку ми е потешко да ги разберам комбинациите зошто негде пишува на пример за доручек да се јаде само еден продукт од животинско потекло на пример да не мешаат јајца со сирење или со јогурт и сл. па ми создава мали забуни. Иначе гледам да ја практикувам веќе 2 дена и она што приметив дека кога доручкувам ја немам онаа подуеност во стомакот кога на пример го прескокнував доручекот и ручав негде околу 4 тогаш се чустввував како балон...плус добра страна е што после доручекот обично се празни човек барем за мене си зборам што тоа на пример не беше случај кога прескокнував доручек. Се на се имам испробано милион диети и нутриционисти иможам да кажам дека најмногу ми помогна УН диетата ама со начинот на живот што сега го водам се сведува само на еден ручек а до 4 треба да јадам овошје само што мислам дека не е во ред. Ајде ќе видиме како ќе биде со овој начин на исхрана па ќе ви пишам ако има резултати.....А ако некоја феминка има искуство со диетава нека го сподели и нека сподели некој рецепт за оброците. Поззз
     
    На Marmalade му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Rose-tulip

    Rose-tulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2014
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    И јас почнав со овој начин на исхрана во саботата, викендов ми помина супер и стварно се осеќам сита и немам проблем. Физичка активност обавезно- кардио или тежински тренинг, па за резултати ќе видиме...Не сакам да слабеам многу, може 3- 5 кила, повеќе ми е да си воведам некој режим фор а лајфтајм и да се затегнам ама онака баш да се затегнам, скроз ]:) :D
     
  3. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да пише што точно има на менито, некоја комбинација, зошто стварно ми е тешко да ги сватам
     
  4. Rose-tulip

    Rose-tulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2014
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Маcunka,
    Доручекот треба да биде составен од протеини, масти и јаглехидратии да биде обилен за да те засити- Пример: две тостирани кришки интегрален леб, малку путер( никако маргарин), пилешки или мисиркини гради и патлиџан, може и кисело млеко. По доручекот се пие првото кафе(без шеќер и млеко, зашто млекото е забрането), никако на празен желудник кафе.
    Ручекот треба да биде месо со гарнир зеленчук(свеж или варен/печен) или може грав, леќа, интегрален ориз повторно во комбинација со зеленчук, супа( без фиде), меѓутоа почесто за ручек да преовладува месо отколку скроб. Забрането мешање на јаглехидрати и протеини за ручек и вечера.
    Ужината да биде од 16-18 часот во зима, 17-19 часот во лето. За ужина може овошје, црно чоколадо или јаткасти плодови(во принцип природни шеќери и растителни масти).
    Вечерата треба да биде најлесна, на пример риба печена или бело месо или туна со салата. Може и само салата, а може и да се прескокне доколку не осеќаш глад. И вечерата да биде минимум два часа пред легнување.
    Не се пијат сокови, газирани пијалаци, алкохол и сл. Од цедени сокови може само од портокал или лимон место ужина. Чај и кафе се пијат без шеќер и млеко.
    Јас вака имам сфатено, ако сум во грешка слободно нека ме поправи некој. :$ :)
     
    На simoncelicius, theowndemon и Gea им се допаѓа ова.
  5. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Фала Rose-tulip , ми се разјасни малку повеќе, и јас се водам по нешто слично но не во целост. Во појадокот и немешање на јаглехидрати и протеини сме исти :)
     
  6. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Браво за темава!!! :clap:
    Јас ги следам на фејсбук едно 4 месеци оние слабеат ко луди! За два до три месеци слабеет по 20кг минимум!

    Еве нешто многу важно за оние кои сакаат да почнат со хроно исхрана!

    За време на доручекот пожелно е да се изеде било каков зеленчук бидејќи зеленчук сам по себе го забрзува метаболизмот.

    Идеи за доручек

    1. Тостиран леб, путер, пилешки гради и кисело млеко
    2. Житарици со лешник, бадем и цимет
    3. Тостиран леб, 2-4 пржени јајца, пиперка итн.. *што сакате од зеленчук*
    4. Тостиран леб и ајвар
    5. Житарици со сирење

    Идеи за ручек

    1. Печено пиле со многу зеленчук
    2. Кофтиња во сос од домати
    3. Телешки шницли со кромид, зелена салата
    4. Домати полнети со мелено месо
    5. Мусака од тиквици

    Идеи за вечера

    1. Белки од јајца и зелка салата
    2. Туна со зелена салата и краставица
    3. Бело месо со зеленчук
    4. Омлет од белки со печурки и праз
    5. Сардина со зелена салата

    ВАЖНО!!!

    Задолжително да се избегнуваат *во сите оброци* сите врсти на слатки, овошје, газирани сокови, кечап, мајопнез, дресинг за салати, инстант супи, алкохол, секакви видови тестенини, грав, грашок, пченка, ориз, компир.

    Првиот напиток кога ќе станите од спиење треба да е чај од тревки и тоа камилица, планински, зелен, мајчина душица НИКАКО ОВОШЕН!

    Доколку пиете кафе тоа треба да е после доручекот. Гледајте кафето да е без шеќер ако не можете да пиете горко кафе користете стевиа. Има кај нас од виталиа.

    МЛЕКОТО ДА СЕ ИСФРЛИ ОД ИСХРАНАТА модерната медицина смета дека млекото не треба да се наоѓа во секојдневната исхрана на човекот бидејќи човекот нема адекватни ензими кои можат да го разложат млекото.

    Наместо јогурт секогаш јадите кисело млеко. Јогуртот е тежок за варење особено оној без или со мала маслеснот - тој е богат со скроб.

    Маргарин никогаш немој да конзумирате. Бидејќи го зголемува холестеролот. Организмот не го смета за храна и го таложи на телото во вид на целулит. Користете путер.

    Размакот помеѓу оброците треба да биде минимум 4 а идеално е 5,5 саати. Тоа не значи дека треба да се јади на секои 5 саати!!!

    Ако имате голема потреба за слатко изеде една рака бадеми.

    Ако после вечерата осетите глад можите повторно да вечерате доколку тоа биде истата храна што сте ја јаделе за вечера со размак од 4 саати помеѓу вечерите и 2 саати пред спиење.

    ОВОЈ ПРОГРАМ НЕМА ДА УСПЕЕ ДОКОЛКУ


    1. Се прескокнува доручекот.
    2. Се јади овошје и слатко првите 4 недели.
    3. Се пие кафе пред доручек.
    4. Ако се мерат количините на оброците и се прават измени на своја рака. Пр. мусака со компири наместо со тиквици.
    5. Се запали цигара пред доручек.
    6. Не се конзумира дадената храна т.е. се исфрла одредена храна од исхраната како мислење дека така ќе се постигнат саканите резултати. Секоја храна си има своја цел во процесот на слабеење.


    П.С. Белката е чист протеин, а жолчката скроб. ;)

    Среќно на сите.
     
    На CarrieBradshow, betidule, simoncelicius и 4 други им се допаѓа ова.
  7. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Еве го моето мени за денес.

    доручек: 3 парчиња ржан леб со избарка, пилешки гради и краставица

    ручек: манџичка со кромид, пиперка, домат и едно парче стек мх, мх, мх..

    за вечера планирам стек со краставица

    Ама е слатка диетава. :D
     
    На betidule му/ѝ се допаѓа ова.
  8. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Браво за менијата, тоа ми требаше :)
     
  9. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Како толку се слабее со диетава, не ми е јасно, кога јас јадам и помалку од мениата што ги прочитав а не слабеам ни грам :?:

    А да почнам да јадам повеќе? :) :) :)
    Шала настрана, не вечерам, ручекот е строго без леб, претежно салати и манџи, појадок житарици со кисело млеко или сирење, маслинки, патлиџан, пипер....
     
  10. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Слабо темава некако :^)
    Почетокот на август почнав со оваа исхрана и вежби 20 тина минути дневно и за околу 3,4 дена веднаш имав кило минус. И тоа неколку пати навечер пиев по 2,3 пива и за ужина јадев сладолед. Потоа отидов на одмор и не успеав да се придржувам на сето тоа :$ Воопшто не чувствував глад во текот на денот и дефинитивно многу поубаво се чувствував. Почнав за разлика од порано прво да доручкувам па да пијам кафе и она што мислев дека никогаш нема да ми успее-да не јадам леб за ручек и вечера.
    Пред 2 дена повторно ја почнав оваа исхрана со тоа што целта ми е вака да се хранам за цел живот. Нормално дека ќе си дозволувам понекогаш и нешто „забрането“, мислам дека тоа не е страшно :!:
    Најдов и еден блог со милион хроно рецепти и еве уште денес зготвив нешто и испадна вкусно. Покрај хроно исхранава почнувам и да учам да готвам ;) Добивка плус 8)
    Еве ќе споделам линк од блогот, верувам ќе ви се најде:
    http://bobinehronocarolije.blogspot.com/
     
    На CarrieBradshow, mira.mira, simoncelicius и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Here I am again. Поради некои свои причини го нарушив ваквиот начин на исхрана, воопшто не се придржував, јадев и повеќе од потребно, но за среќа нема некои големи последици. :lol:
    Моето денешно мени:
    Доручек- 1/4 интегрален багет со цели зрна, сирење, домат и путер
    Ручек- мусака од тиквички и мелено јунешко месо, салата од домати со кромид
    Вечерата ја прескокнав, не се чувствував гладна.
    Е сега веќе сум гладна, ама многу е доцна и верувам дека јуначки ќе издржам до утре :)
     
  12. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    Којј ден ти е и колку кг ослабна до сега ако не е тајна :D :)
     
  13. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Денеска трет ден :D
    Првпат ослабнав некаде околу 5 кг, за 19 дена. Повеќе резултати имав во обем и конфекциски број. Па престанав да држам диета. И сега сум пак на ист режим, бидејќи ми е најефективен.
    Денешно мени:
    доручек- интегрален леб, препечен на тост, сирење и домат
    ручек- пилешки батак на скара, кромид, лута пиперка и салата од зелка
    Вечерата најверојатно ќе ја прескокнам :)
     
    На betidule и simoncelicius им се допаѓа ова.
  14. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    Gea Јас сум на ун па кога ќе ја завршам уште три месеци ќе доручкувам овошје ќе ручам што имам за ручек без леб или само едно парче црн леб а ќе вечерам нешто лесно.Па сега значи за 6 месеци си имам диета ама ако повторно имам потреба од диета ќе можеш ли тука или во лп да ми објасниш што точно треба да се јаде? Фала однапред :$
     
  15. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Нема проблем, се што те интересира, слободно пиши.
     
  16. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    Слабо нешто темава за хроно исхрана :D

    Епа јас да Ви се пофалам, овој режим на исхрана го практикувам веќе 16ти ден и се чувствувам предобро. Некако сум порасположена, повесела, спијам 7-8 часа а станувам наспана за разлика кога спиев и по 10 часа :( . Покрај тоа пијам и по 3л вода и кожата значително ми се исчисти од мозолчиња. Сакам да се мерам на 20ти Ноември, точно еден месец :) ... инаку стартував со 85кг на 1.70м висина :(

    P.S ајде нека се приклучи уште некој па ќе си споделуваме рецепти и идеи за оброците :)

    Поздравче и убав ден :)
     
    На CarrieBradshow, simoncelicius, Marmalade и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Biba983

    Biba983 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    здраво Хронерки :) и јас сум веке една недела на ХИ и се цуствувам супер, полна со енергија а намалена за 4цм во струк :D инаку сум на рестрикција барем до 25 Декември. Дајте да формираме наша, македонска група на фб, еве се пријавувам за админ :) Ја ги следев србиве скоро 2 месеца и доста читав пред да поцнам со ХИ и многу е битно да се има обилен и богат појадок.
     
    На Binka и macunka им се допаѓа ова.
  18. Madalina

    Madalina Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    Biba983 ако си уште на диетава дали има добри резултати? И како се чувствуваш општо? Ако не ја држиш веќе, зошто? Јас се мислам сериозно дали да ја почнам диетава, дали вреди, па битни ми се твоите импресии :)
     
  19. maleckomoe

    maleckomoe Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    И јас ја почнав диетата, ама најголем проблем ми бесе тој т.н хроно леб. Не сум во можност сама да си приготвувам леб, а мислам дека со нашиве интегрални и нема бас некаков ефект.
    Вие каков леб употребувате?
    Сакам повторно од наредната недела да се активирам и да почнам пак.....:sweat:
     
  20. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    Јас сум 2 месеци на Хроно исхрана - рестрикција и резултатите се феноменални :) -12 кг, -10цм во струк и -8цм во стомак. Најважно од се, ХИ треба да ја прифатите како начин на исхрана а не како диета. Појадокот треба да биде обилен затоа што тој е "горивото" кое го движи организмот, ручекот и вечерата се само дополнување на "гориво" :) . Што се однесува до хроно леб, јас најчесто правам 5 минутни домашни лепиња, ептен се лесни за правење а се печат само за 5-7 минути :) (Рецепт: Рерната се вклучува на 250 степени а тавата се става во неа да се загрее. Во длабок сад се мешаат 2 чаши (200мл) брашно по избор (овесно, ржано, јачменово) 1 чаша кисела вода, 1 лажичка сода бикарбона, 1 лажица маслиново масло и една лажичка сок од лимон. Смесата се меша со лажица и се остава да одмори додека не се загрее рерната. Потоа со лажица на хартија за печење се прават мали лепиња, се посипуваат со семки по избор - сончоглед, тиква, лен, сусам и се префрлаат сосе хартијата во загреаната тава. Се печат 5-7 минути зависно од рерната )
    Кога сакам да сменам, купувам на жито лукс 100% интегрален и го тостирам пред употреба затоа што така се намалува дејството на квасецот.

    Не се мислете и почнувајте... одличен режим на исхрана е, од кој имате милион придобивки како здравствени така и естетски (лицето ми се исчисти скрос откако сум на овој режим ;) )

    Поздрав девојки :)
     
    На betidule, Binka, Marmalade и 5 други им се допаѓа ова.