Вечера 2:Растурен стек со кромид,домат и краставичка Браво @sanjaeva Се согласувам со @Bozica1980 за лимоните,добро би ни дошле
И мене не ми е верно ама веќе почнаа да ми викаат луѓе дека сум ослабела. Мени за денес Доручек - стандард тост со тонус и кисело млеко Ручек - стек и салата Вечера кикснав, бев на роденден па јадев салата со макарони ( немаше сос, зеленчук и моцарела ама сепак ) и мало винце. Ни до пола не ја изедов ама кикс е кикс и мора да се пријави.
Доручек 12 (со зборови: два-на-е-сет) 2 кришки тонус потпечен сирење kuc печеница патлиџан Ручек 12 растурена сарма со мисиркино месо (смрзната од некој ден нанапред) Вечера 12 пилешки стек и салата
Доручек 3:Кисело млеко со лен и сусам,намаз од леблебии(немаше ни н од намаз,не се мачкаше ама ај убав беше и шунка со ржано домашно лепче
Здраво девојки, нова сум на форумов..меѓутоа ве читам долго време и еве од овој момент сега решив дека од утре стартувам со овој начин на исхрана.Сите правила,совети и предлог за оброци ги испечатив на листови ..уште вашата поддршка ми треба и почнувам од утре,ама вистинско "утре" зашто веќе неможам да си ја поднесам килажата и неможам да се препознам самата а камоли некој што ме нема видено поодамна Пред осум месеци ги оставив цигарите, и се случи она од што најмногу се плашев..почнав да се дувам како балон...поправена сум 12 кг. Се надевам дека со начинот на исхрана ќе и се вратам на старата килажа.Ќе ве молам да ме корегирате доколку негде грешам со правилата..а сабајле стартувам со домашно лепче,путер,пилешки гради и краставичка..мислам дека така беше
Ручек 3:Ориз со домат и краставица(слика нема) @tulip-K лепчето кога ќе го правиш без квасец прави го,само со пециво,и од дозволените брашна,другото се е ок. Ако ти е поубаво и пред да јадеш поставувај тука што планираш ние ќе те корегираме за да не згрешиш. Секако ја имаш нашата поддршка
@Ane-Goki1 ти благодарам на брзиот одговор и на поддршката,со нетрпение го чекам утрешниот ден! Дај боже да ме држи ова расположение и овој елан
@Ane-Goki1 кажи ми дали веднаш после млаката лимунада или чајот, полсе пола час треба да ми е доручекот, или ако се напијам насабајле чај може дури во 11 да доручкувам , за ручекот да ми се фати во 4ипол бидејќи тогаш се враќам од работа??
Не мора одма после лимонадата,ама доручекот треба да се заврши до 10часот. Јас на работа ручам,морам така
Да, читав малку .....хроно има за појадок УН - 2 овошки гледам во хроно - се меша храна - во УН мора што да ручен тоа за вечера и тн итн Муабетот ми беше, дали некоја девојка ги има пробано двете па од која е позадоволна??? Во ред разбирам она зависи од организам, но ме интересираат мислења, ставови. Јас сум сега на УН и терам некако иак и хроното ми изгледа интересна
Кај мене УН не делуваше. Првиот пат месец и пол, 2 кила. Вториот пат 3 недели ниедно кило. ( зборувам за пред 9-10 години ). Не сум репер за споредба.
Добро утро Вчера за вечера имав скуша и домат,арно ама немав време за јадење,па каснав само 1 залак. Така да таа вечера ќе ми биде денес ручек Бев искочена со една членка од тука,за првпат се договоривме,па пиев таму еден коктел,а кога дојдов дома каснав малку леблебии,затоа што бев мртва гладна,ама денес си продолжувам по старо. Иначе вагата покажува и денес од 71 на 70,ама сфатив тоа било затоа што навечер послабо вечерав не за друго Уште е рано за кило минус Татко ми ме пречека со милион работи благо,лиснати теста,кикирики,сончоглед,ама не каснав ништо Доручек 4:Печеница,шери домати,2 јајца пржени
Њамиииии девојки успешно пројде мојот прв хроно ден..мојата вечера за денес: кајгана од 3 белки, зелени пиперки и свежо нане скинато од двор.Слатко преслатко...спремено со путер ..сега одам на шетање
Ручекот 4 како што пишав ми беше скуша со шери домати Вечера 4: 3 Варени белки со шери домати,зачинети само со хималајска сол