Јас си земав од Сетек-Beurer некаде 800-900денари беше за до 150кг.Ја имам 1-2 месеци сега за сега е ок. Маслинки смее црни за доручек и ручек,а зелени за вечера,ама ако се солени да не се претерува со нив.Моиве ич не се солени,затоа изедов 5.
Вака вчера и одолеав на тортата од роденденот на татко ми,ама денес не,пусто морав да ја пробам Ете затоа од мене денес нема слика од вечера,под казна се ставив нема да вечерам. Дури утре доручек здравје И килажата е сеуште 69,7 @only44you смее сланина за доручек само не пречесто
Доручек 15 сувомеснато и 2 варени јајца немав леб Ручек Пушено месо и патлиџан Вечера само чајна .... ем свинско, ем смеело, не смеело друго немав и изедов 2 см. Вагата покажува солиден резултат...ама морам да се премерам на вагата на која почетно се мерев, да не е само разлика во ваги. @Ane-Goki1 на ФБ читав дека кулен смее (?)
Да смее кулен,ама само дома ако го правиш,значи домашен.Купечки не.И јас на фб прочитав дека не смее,ја најдов информацијата,затоа што не јадам тоа
Со тоа домашен претеруваат, небаре по 3 свињи и 2 крави чуваме. А и вични да правиме домашен кулен Спојлер: да промрчам мене во продавница ако не ми го исечат, неможам сама да го исечам , не па да го правам Домашен кајмак, домашен кулен, домашна кобасица.... Башка и 10 ха нива со рж.
Ај тоа ама го знаете правилото дека преку ден не смее да се спие Во октомври кога ја држев не смееше сега не знам Ја и со по некоја грешка тогаш пак си oслабев
Јас секогаш кога јадам свеж зеленчук, не ми се спие. И капната да сум, и 60 степени да е, не спијам. Не само сега, туку секогаш. А и комшииве ми се јасновидци. А ме фати дремка, ме викаат да излезам. А читав на ФБ една девојка пишуваше како во период на рестрикција била со ногата во гипс. Освен што лежела ништо друго не правела и ослабела.
Доручек 7:Кисело млеко со лен и сусам,путер и едно тенко парче чајна (колку да имам сувомеснато дека морало,друго ништо немав). Слика нема ме мрзи да сликам,немам место во мобилниот го препунив со хроно,и он на исхрана е Иначе денес на гладно 69,3 кг А и касно приметив дека слабо леб ми останал но битно се најадов @sanjaeva и јас сум иста за да заспијам преку ден мора да сум ептен уморна,а и сега денот ми поминува на работа,така да ништо од спиење И јас кога ја држев не вежбав,дури не ни пешачев и пак ослабев нормално,не премногу,ама затоа што и немав многу за слабеење. Сега си пешачам 2 пати по 15минути брзо одење,скоро секој ден И уште нешто прочитав дека ваквиот вид на исхрана со повеќе месо,одговарал највеќе на крвната група 0
Доручек 16 Кисело млеко со семки и печеница Јас сум А1 позитив. Некаде прочитав дека значајно за диетата е 8 часа ноќен сон. Спијам по 6-7 часа. Ама пак ќе речам, многу тупење не е на арно Да се придржуваме кон основните препораки, а споредниве да ги имаме на ум, но да не паѓаме во несвест многу
Сега го гледам ова, во Октомври ја држев имав 74 и за 2 месеци ослабев 6.И од тогаш па наваму де ја држам,де не.Па сега почнав со 71 пак
Пиперки само со белки може,жолчки само насабајле се јаде.Ама без леб не би ти препорачала тоа да јадеш,подобро некое месо да те држи до вечер