Офф леле , немам ништо моментално од месо дома, а со мало бебенце сум , не можам да излезам баш сега да купам.... Може ли да ми предложиш некои поедноставни јадења за во рестрикција за ручек и вечера ?
Јас кога бев само на рестрикција,само пилешко месо јадев за ручек или само печурки со салата. Тогаш испржи пиперки со белки само,ама повеќе за да може да те држи,а со тоа и некоја салата обавезно пообемна и нема да имаш гајле. Па за утре ќе се снајдеш.Или евентуално ако имаш дома конзерва риба
Конзерва риба пламирам за вечера , со зелка салата.... А за ручек пиперки со 2 белки и домат за салата....
Ете можеш тоа само гледај да се заситиш убаво за да издржиш до вечера.Јас еднаш јадев пиперки со белки за ручек едвај ги изедов дека без леб,дури и не можев сите и после до вечера едвај издржив
Ручек 7:Батак на скара,домат и краставичка посолени само со хималајска сол Иначе сабајле и 5 маслинки изедов,сум заборавила да пишам @only44you јас се со маслиново правам,иако не се препорачува пржење со маслиново. Не ќе купувам за се посебно ново масло(од грозје од сусам вакво такво) И ете пак си слабеам,немам проблем
@Ane-Goki1 , јас би те прашала... Вечерата ми доаѓа во 20 часот.... То значи дека во 20h треба да седнам да јадам или во 20h да привршувам со вечерата ?
Ти благодарам многу П.С - Извини, ја можеби малце ти досаѓам со прашањава, ама морам додека да фатам ред
Ручек 16 Свински шницли и патлиџан Вечера 16 Пилешки стек и краставица Како ли ќе правам кога ќе одам на одмор, тоа ме измачува. Не е дека диетава е без јадење, напротив се јаде, но како ќе одолеам на се што ќе гледам Имаме лоцирано приколка и како на тацна ќе ги гледам сите како шлапкаат Ако издржам, ќе се гордеам со себе , на истрајноста
Сите имаат проблем со одморот.Ја сеуште немам одмор,ама па по дома цела куќа со благо,а мене ми е слаба точка.Ете и денес си останав без вечера, бидејќи каснав од тортата Ако не ми се одрази ова на слабеењето добро ќе биде,сега за сега добро се држам не качив кило И покрај грешките ја секогаш си продолжувам напред,ама инаетот никако да ме фати овојпат,а го имам дури и вишок
2пмс-а преживеав, вчера добив вечерта напад за благо се напив една голтка 7уп, грижа на совест ме уби
Доручек 8:Пржен пипер со јајца и едно парче шунка,маслинки и домат(кој не е на сликава) @Bozica1980 ја на тортата не и одолеав 2 дена по ред,и кај мене е крив пмс-от ама и што сум зависник од благо.Ама ете продолжувам повторно,нема грижа на совест,не е ништо една голтка Кај мене торта, па вагата сеуште е на моја страна 69,3 кажува и денес Се надевам не лаже Уште 300грама и 2кг минус за 8 дена
@Ane-Goki1 јас денес ја купив вагата , истата како твојата од Сет ја земав.... Но кај и да ја ставам секаде различна килажа ми кажува.... на различни места, различна килажа... На едно место ми кажа дури 10кг. помалце, а во упаството пишува само дека треба да се постави на рамно место, не бара некое си калибрирање.....
Со здравје да ја користиш. Како така се различно? Па дури и 10кг?Мене не ми се десило тоа досега.Некој грам +/- да нормално е,ако си каснала нешто или течност. И да мора да е на рамно,не ја преместува и насабајле мери се,на гладно