Ручек 9:Стек печен во рерна,домат и краставичка (слика нема,дека на работа сум) Овие списанија ги има и во Рептил,нешто кога излегоа во продажба се збореше дека повеќе биле за надвор од рестрикција,ама не знам. Мене мајка ми ми земала едно од Рептил,ама не ми врши работа затоа што од тие рецепти јас ништо не јадам Ептен сум комплицирана
Тапа е списанието искрено. Скоро се е за вон рестрикција. Ама ако го најдете земето го, едно го има секаде друго е 20ден. За доручек денес пинџур, печеница(мн.грда) и пола овчо кисело млеко и ржан леб. Ручек 2 батака и печени пиперки Вечера имам од вчера пилешко со печурки. Крила ќе ми пораснат од пилешково, го мразам
Мене чим не ми пораснаа немај гајле Само такво и јадам А пилешко и печурки не се меша, два протеина се.И печурките се препорачува ако ви сметаат да се избегнува да се јадат навечер.На некој не сметаат Мене почнаа и за ручек да ми сметаат и месото исто И ете вон рестрикција ќе видиме колку ќе има ефект,дали и така се слабее
Не се јадат заедно со сигурност,плус печурките се многу тешки за варење особено навечер,па и плус со пилешко Ич немај гајле сигурна е информацијава,се убаво сум проучила пред да почнам,и група мислев да отворам на фб,ама немам време да ја водам Затоа само помагам таму кога сум во можност
Си го вратив филмот наназад, всушност само вчера утнав, нема да мешам пак. Сменив вечера, скуша и краставица
Ручек 18 (покасно од вообичаениот термин, оправдано) пилешко со зеленчук (бев гладна како волк, а едно порцииче за греота; ги потшутнав морковите кои беа пола порција и остана скоро па ништо) Вечера 18 не јадам....касно е, еден чај само да се залажам
Девојки еве веќе 2 недели не сум мрдната ни грам , варирам додуша ама не одат ни нагоре ни надолу килограмиве. Читав дека нели е ок да има стагнирање во слабеењето во одреден период ама колку време внимавам, многу, ако имате некакво искуство или решение во врска со ова би било добредојдено.
Јас не сум била подолг период од 2 месеца,ама читам по групиве кај сите има стагнација,така да нормално е тоа,нека не те демотивира.Ако јадеш млечни производи повеќе,ете на пример намали на тоа па ќе видиш
Втор месец ми е во рестрикција,не дека е морално да се губи секој месец, ама немам мрднато, треба да престанам да се мерам очигледно опседната сум , можам да пробам да избегнам кисело млеко да видам чисто дали ќе има промена. Мора да тргне надолу
Ручек 10риз,краставичка,печена пиперка @Nellie јас па секој ден се мерам и тоа по 5 пати Ама од навика,секако знам дека дури после 1 месец е најточно. Ќе биде немај гајле
I jas sekoj den se meram po 5 pati i sekoj pat vagata razlicno mi pokazuva.... Normalno li e toa? I kaj tebe e taka ?
Па ако покажува некој грам повеќе или помалку нормално е затоа што јадеш,пиеш вода,секако нема да е исто. Ама најточно е кога ќе станеш