Девојки...денес налетав на оваа статија http://www.crnobelo.com/hrana/dieti...rami-za-21-den-pijalak-koj-gi-cisti-toksinite ....незнам дали би можело ова да се применува во хроно исхраната, дали е дозволено.... sweetheart87.... што мислиш ти...?? btw.... од денес и јас запоцнав со хроно исхрана, па ќе пишам какви се резултатите.... сржете ми среќа имам висок 15 кг
Sweetheart87 дали можеш да ни пишес пример за дневно мени? и како издржуваш без овошје додека си на рестрикција 2 месеци, а?
@Sweetheart87 ти се исчисти лицето од акни? Јас имам проблем и никако да го решам со акните, што не пробав, ако има шанси со исхранава да пробам уште тоа
Ги гледам ова сајтовите за хроно исхрана, има еден куп рецепти за оваа исхрана,ама никако не можам да сфатам какво им е тоа speltino brasno, па ако знае некој нека ми каже
Спелт е вид житарка, древна сорта, на изглед доста слична на пченицата, содржи глутен, но и повеќе протеини. Генерално, од нутриционистички аспект е поквалитетно зрно, но е помалку комерцијална, т.е не дава род како пченицата, па затоа скоро и да не била култивирана во XХ век, за повторно да се врати во употреба последнава декада (или две). Се продава во продавниците за здрава храна. Пола килограм во зрно е ~150 ден. Најверојатно и брашното може да се најде, не знам со сигурност. Зрното е доста погодно и за мелење во машинка за кафе или процесор, па затоа преферирам сама да си ја подготвувам неопходната количина по потреба. Лебот од спелт има доста пријатен и дискретно сладникав вкус. Не треба премногу месење, за да се развие глутенот, што е уште еден плус во однос на пченицата.
Првин се извинувам што доцнам со одговорот, ама околу празнициве знаете како е со гости . Пример за дневно мени: Појадок: домашно направен леб од ржано, овесно и јачменово брашно (или може од жито лукс 100% интегрален, само треба да се тостира за да се намали дејството на квасецот), домашно сушено месо (или може сланина, пилешко филе), 2 варени јајца + домат / морков / зелка Ручек: Свинска кременадла издинстана со вода и малку маслиноцо масло + салата од црвена зелка Вечера: Омлет од белки + марула салата Јајца и млечни производи не се мешаат. Инаку овошјето не ми фали воопшто, надокнадувам со поголема количина зеленчук и се е во ред. Планирам овие денови да направам анализа на крвта, па ке ви ги соопштам и резултатите Пробај со исхраната, делува 100% но најбитно е дневно да внесуваш 2-3 литри вода. Позз и среќен почеток Ви посакувам
Девојки еве интересно двонеделно мени за сите што сакаат да почнат со хроно исхрана http://hronokuhinja.rs/hrono-jelovnik-za-pocetnike/ Јас може после 20-ти да пробам да видам дали ќе успеам да издржам Поздрав
да, на рестрикција..... највеќе имам проблем со ручекот зошто морам да ручам на работа...месишта... а работата баш и не ми дозволува... ама некако се справувам честопати не стигнувам да вечерам, зошто имам мало детенце.... ама морам да издржам
Јас првпат читам за овој вид исхрана и сеуште сум збунета и не ми е проучена целосно па може ли да ми кажите дали ова мени што го составив се важи па да почнам наскоро. Секој ден за појадок јадам овесна каша.Ја правам со вода наместо млеко,ставам мед и пола банана малку путер од кикиритки или кокос секогаш различно. За ручек две парчиња интегрален леб со пилешки стек и марула салата или златна мешавина. За вечера туна со кисели краставички,лимон,марула и малку павлака. Еве отприлика како според мојта замисла треба да изгледа еден ден.Ве молам ако треба нешто да сменам да ми кажете додека јас ја истражувам ХИ. Фала.
Да прашам нешто дали смее за ручок да се јаде еден ден компир печен некој ден ориз некој ден макарони или треба само протеини за ручок.И дали смее за доручек кроасана
Го истражував овој тип на исхрана и мислам дека компир и ориз може да се јадат,а макарони не,зашто пченицата е забранета,а макароните се правени од пченица.Исто така и пченката треба да ја избегнуваш.А кроасан за појадок не,затоа што првите 3-4 недели не смее благо и овошје да се јаде.И @TheEkaterina постираше идеи за појадок,ручек и вечера,а и @Gea и @Sweetheart87 што се искусни со овој режим го кажуваат тоа,а за појадок можеш да си направиш 5 минутни лепиња како тие на @Sweetheart87 или интегрален леб,ама стави го на тостер за да се изгуби својството на квасецот. Млеко,мед и овошје не смееш да јадеш првите 3-4 недели,а за ручек ако веќе јадеш леб јади го само со салата или златна мешавина.Вечерата ти е добра,ама павлака не знам дали е дозволено.
Фала на советите и брзиот одговор.И ако може мала помош одам на школо и незнам што да јадам на голем одмор на 2 не јадам бидејќо од дома ќе треба ручок да носам а на прва незнам што? Геврек и јогурт смее ли.Иначе на фб има српска група за оваа диета.Кој сака може са са се зачлене.
Па бави се со некој спорт,а за прва смена направи си некој тост од интегрален леб или применувај го мојот режим што го применував порано,ама и сега па така на висина од 168 цм и 68кг сега сум висока 172-3-4 и имам 50 кг.Подолго имам објаснето во оваа тема http://forum.femina.mk/threads/Моја-диета.13933/
Јас бев на ун ама многу сум гладна така и уште повеќе јадам.Е сеа сам на хи и тмн ми доага јадење бидејќи имадобар доручок.Е сеа ќе пишам што јадев денес па ако е многу од утре помалку. Д:еден тост домашен Р:леќа, сирење и пиперка од зимница(без леб) В:јајца со праз и сирење пржено и 1 парче леб. Ако е многу од утре помалку ќе јадам.И кога се кјадр благо и овошје како после 3-та недела во кое втеме од денот? За утре Д:еден сендвич домашен Р:Сарма В:ќе видам ако ми се јаде туна риба ако не не јадам
Тостот зависи каков е, лебот треба да е интегрален-од цело зрно и не се јаде за вечера. Поарно ручекот јади го со леб. Исто во ручекот имаш измешано растителни и животински протеини-леќа и сирење. Не треба да се мешаат.