Kafe se pie samo pola saat posle dorucek i pola saat posle rucek Pola saat pred rucek, dorucek i vecera ne se pijat tecnosti. Moze da se pie caj i limonada so stevija isto taka
@macunka срцка јас денес повторно почнав со хроново, но повторно со рестрикција.... Имам уште мноооогу за симнување, затоа. Еве денес помина и првиот ден, успешно и многу некако лесно се чувствувам, олеснето....
Супер, сега ќе се дружиме Јас за Нова Година не утнав, ама за Бадник и Божиќ претерав. Ајде сега пак ќе тераме и малку поактивни да бидеме, така имаме поголема мотивација
Се мислам долго за хроно, читам, собирам информации, ама во рестрикција ми е многу строго, а и немам некоја килажа за губење (2-3 кг). Со ун летото ослабев многу. Е сега проблемот ми е што имам потешкотии после конзумирање благо и јаглени хидрати, а ако не сум на некој режим лесно попуштам и јадам без контрола. Што ако почнам да се хранам вака само вон рестрикција? Зошто е битно тие 28 дена морално да се држат во рестрикција?
Важни се тие 28 дена за да се исчисти телото од шеќери, најверојатно и од токсини и да се прилагоди телото на новиот начин на исхрана. Ако можеш пробај барем 28 дена, а верувам дека тогаш ќе изгубиш 2-3 кила и продолжи си вонрестрикција
@only44you јас ја држев само еден месец, ама строго, и намалив 9 кг. После тоа до сега задржав само време на оброци и до 20 часот имам завршено со јадење, и плус уште 5-6 кг сум ослабена. Инаку не е тешка, има јадење, само здосадува малку. И мислам најмногу се слабее поради тоа што нема грицкање меѓу оброци, нема ужинки, а јас од ко се породив немав ред во јадењето, нонстоп грицкав. Ама вака хроно како поздрава ми е, посебно вон рестрикција како здрав начин на исхрана.
Da, pozdravo e vonrestrikcija , ama mnogu sporo se slabee ili vonrestrikcijata ti e vsusnost odrzuvanje na kilogramite, postignati (namaleni) vo restrikcija...
@only44you јас не можам да се одлучам заради периодот во рестрикција, ми е строго, а и не сум љубител на месо, освен пилешко.
Zdravo zenski, Sakam da pocnam so hrono imam okolu 8kg ostanati od bremenosta i plus sakam da oslabam uste nekoi 5kg. Vednas se pocnuva so restrikcija ili ima period na adaptacija? Malku mi e problem kafeto bidejki pijam blago nes so mleko. Drugo kafe ne mozam da pijam, sto bi preporacale?
Не е скапа стевијата, да не те излажам, ама мослам дека беше околу 300 денари со 500 таблетки. Од Зегин ја земав јас, само гледај да биде со најмалку 95 % стевија оти другите врска немаат. А 2 до 3 пати неделно можеш да пиеш нес со 2 лажици домашно бадемово млеко.