Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хроно исхрана - дневно мени и слики

Дискусија во 'Диети' започната од rokiroksana, 24 септември 2013.

  1. Borgo

    Borgo Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Припрема за моето прво хроно лепче. Се спремам за утре за старт. Се надевам на успех. Ајде некој нека ме охрабри како за старт со искуства. Колки кг изгубивте после месец рестрикција? :)
     

    Прикачени фајлови:

  2. Bloom19

    Bloom19 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2015
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.604
    Пол:
    Женски
    Имам доста за слабеење, така да -8.5 кг :)
     
  3. Irreplaceablee

    Irreplaceablee Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2016
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    10.378
    Пол:
    Женски
    Се решив од утре да почнам, изнакупив брашно, месо, салати...
    Сакав да прашам дали зеленчукот со месото за ручек и вечера мора да биде обарен или можам да јадам и свежи салати? Дали има некои ограничувања околу салатите? :$
     
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Ајдеееееее, добредојде во хроно-клубот на Фемина! :D

    Немаш ограничувања за салатите, препорака е барем еден зеленчук да биде свеж, ама да бидам искрена, јас не секогаш успевам во ова :$ иако воглавно јадам многу салати. Некогаш целиот зеленчук ми е барем малку динстан. Ама баланс - ако јадам потпечен зеленчук за ручек, јадам свеж за вечера и обратно. :)

    Купи си тефлонско тавче и така прави си ги, со минимално масло. Морков, целер, пашканат и цвекло само свежи. Зачинување на салати само со лимонче. :ninja: Многу поубави се вака, барем мене ми се.

    Па ќе се пофалиш како ти оди. (poolparty)
     
    На macunka, JuLleE, Irreplaceablee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.106
    Пол:
    Женски
    Цвекло, морков, целер се јаде само свеж.
    За доручек и ручек секаков зеленчук.
    За вечера бел и зелен.
     
    На Irreplaceablee му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Irreplaceablee

    Irreplaceablee Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2016
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    10.378
    Пол:
    Женски
    Јас пошо обожавам салати и ептен ми е бљак динстан зеленчук мислев да не мора така.
    Иначе еве прв ден ми е денес, не ми се пријаде воопшто меѓу доручекот и ручекот и тоа највише ми се свиѓа.
    Најлошо во диетава ми е тоа што не смеам да го пијам кафето со млеко, ама ќе се навикнам. :D
     
    На Hipster и Doozy им се допаѓа ова.
  7. Borgo

    Borgo Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво женски , од утре и јас почнувам со хроно. После колку време ги имавте првите видливи резултати?
     
  8. AnastasiaWinter

    AnastasiaWinter Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2017
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    2.150
    Пол:
    Женски
    недела - две :)
    Со среќа!
     
    На Borgo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Antimona

    Antimona Нов член

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ја сум на хроно рестрикција веќе 20 дена, не правам грешки се исчитав како треба, ама ослабев само 1кг првите 2 дена и оттогаш стагнирам, а се мерев и со метро, стагнирам цело време оттогаш, немам многу вишок ама очекував повеќе. А супер се осеќам, ама сакав уште барем 2кг да ослабам.
     
  10. maaraa96

    maaraa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Женски
    Од утре и јас почнувам со диетава :D
     
  11. maaraa96

    maaraa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Женски
    Женски, некоја поискусна со диетава ако може да ми пише ќе ве молам :inlove:
     
  12. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    1.327
    Пол:
    Женски
    И да се пофалам конечно да имаме нешто вакво кај нас покрај мини хроно готвач, а и рецептите се одлични IMG_20170404_222336.jpg
     
    На toogood, zhap4e, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Kaj go ima da se kupi?
     
  14. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Најверојатно во Просветно дело
     
    На TheEkaterina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Во петок на саем за книга ќе биде гостинка Ана, само не знам кое време
     
  16. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    1.327
    Пол:
    Женски
    Да од просветно , од саемот ја купив. Исто има две други книги помали по 250 ден
     
    На macunka и Doozy им се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975

    Колку ја зема оваа?

    Само, мала напомена, Ана Чубела го следи Делабо, не е по Гифинг.
     
  18. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Планирам од понеделник да почнам со хроно исхрана. Имам уште малку време за припреми :) Ако може некој поупатен да ми одговори :)

    Вака, ја читав темава (не цела :wasntme: ) и имам некои недоумици во врска со некои работи.

    1. Дали чајот сабајле мора да е 30 минути пред појадокот? И има ли некој период до кога најкасно може да биде појадокот? Јас од понеделник до четврток сум рано на предавања, појадувам таму, на пауза, и не ми се секој ден во исто време предавањата и паузата. Па така ако барам некој термин кој би бил заеднички за сите денови, би требало во 11:30 да појадувам :?: Чајот би бил сабајле во 06:30. Смее ли вака?
    2. Мора ли 2 пати дневно да се јаде месо? :( Не сум по месото, плус имам тегоби од месо. За ручек ок, ќе преживеам, ама за вечера месо ако јадам 3 дена киселини ќе имам. Смее месото со друго да се замени за вечера? И риба не би можела навечер исто. Во принцип, многу ретко вечерам, а ако вечерам или се житарици или леб со путер, нешто такво :?:
    3. Смее ли растојанието меѓу појадок и ручек да биде подолго, на пример 6 или 7 саати? Кога се враќам дома морам прво со малиот се да средам и него да го најадам, па дури после јас :| Затоа претпоставувам дека дури после 17:30 би успеала да ручам.

    Оди вака со хроно или да не почнувам воопшто? :?:
     
    На Doozy, Aleksandar1212 и Ane-Goki1 им се допаѓа ова.
  19. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    @green.eyes 1.Доручекот треба по правило да се заврши до 10часот.А чајот,лимонадата или која било друга течност не мора да се пие пола час пред доручек може и порано.Само од пиењето на лимонадата или чајот мора да помине пола час.
    2.Не мора 2 пати дневно месо.Може за ручек некое потешко месо(свинско) со салата,а за вечера може риба,белки од јајца,печурки...
    3.Размакот треба да биде од 4 до 6 часа,но не и повеќе.Може ќе имаш и така некој резултат,ама ќе треба да помине доста време.Нема да биде така брзо слабеењето.
     
  20. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    И да успеам да доручкувам во 10, теорија нема секој ден во 16:00 да ручам :(
    Немам којзнае колку многу за симнување, мене повеќе ми е да сменам начин на исхрана и малку да се доведам во ред. Во бројка не знам колку кг би сакала да симнам, да речеме 5. И не ми треба експресно за месец дена да ги симнам, нека трае и повеќе :) Искрено, ќе ми фали јогуртот и кафето без млеко, ама тоа е :|

    Фала на одговор @Ane-Goki1 :hug: