Mесто јогурт кисело млеко раствори со вода и ете ти јогурт Нема проблем,за што и да е ако имаш прашања слободно пиши
Нема овде кисело млеко, нешто што најмногу ми фали Кефир ќе пијам тогаш, прочитав дека е дозволен. Не го сакам баш, чуден ми е, ама веројатно ќе се навикнам
Некаде назад во темава читав како дел од мени кефир, не знам кај која членка Небитно, без кефир сигурно ќе преживеам
Дали може некој совет за хроно без многу месо, не сум голем љубител. И дали сите правите домашен леб, или можам и со манастирски или тонус да почнам? Немам време за месење, а и се сомневам дека ќе го погодам лебот. Неколку месеци се мислам за хроно, не за слабеење, немам моментално потреба од тоа, туку за подуеноста и проблемот со желудникот после конзумирање на бело брашно, тестенини, благо.. Еве денес јадев тестенини, стомакот ми е подуен и имам болки и грчеви. Само за овошјето мислам ќе ми е најтешко, и за компир, кој го обожавам, а и како што кажав не сум голем љубител на месо.
Најбитно во хроно е оброците да бидат секој ден во исто време. А тоа малку е тешко со денешново темпо на живот Јас после празников планирам да почнам хроно траен режим, т.е вон рестрикција, бидејќи дојам. @green.eyes не мора месо за вечера. А леб со путер е за појадок меѓу другото. За вечера белки од јајца, риба или пилешко, со салата од бел или зелен зеленчук.
Знам дека леб со путер е за појадок, наведов само како пример што јадам за вечера ако некогаш вечерам, што се случува еднаш во две недели отприлика Мене кај хроно ми се допаѓа што не се исфрлаат многу работи од исхраната. Лично за мене има многу месо во режимов, не сум баш по месото, скоро ич да кажам. Моментално неизводливо ми е да јадам во исто време секој ден Не можам да излегувам од предавање за да јадам. Изгледа ќе морам да одложам за Јуни кога ќе завршам со испити . До тогаш се надевам ќе се контролирам некако Знам само дека кога и да почнам со хроно, нема да јадам месо, риба или јајца за вечера. Многу ми се тешки за варење навечер, генерално скоро никогаш не вечерам, па нема да ми биде нешто ново да прескокнам вечера
@green.eyes Не се разочарувај лесно, хроното е многу поедноставно отколку што изгледа. Еднаш кога ќе му го фатиш редот, после нема да ти се префрла на ништо друго. Мој совет ти е да издржиш мушки 28 дена периодот на рестрикција, без никакви грешки, за да му дадеш шанса на телото да се пречисти. Потоа, можеш малку да ги... свиткаш правилата, да речеме. Инаку колку помалку имаш за слабеење, толку побавно ќе оди. Не очекувај уау резултат ако имаш 4-5 килограми вишок, можеби и со месеци ќе ги симнуваш. Е сега, јас да ти понудам некои варијанти. 1. Пиј чај кога ќе станеш и појадувај пред да влезеш на предавање. Појадокот ти е најважен и треба да се натискаш убаво, што повеќе леб изедеш за појадок, толку помалку ќе си гладна во останатиот дел од денот. Ако не изедеш доволно јх за појадок, очекувај кризи попладнето Спремај си појадок и ручек од претходниот ден и ручај на некоја пауза помеѓу предавањата. Е сега ќе треба со две јадења да одиш ама па ќе ти биде убаво, ем порано ќе завршиш и со вечера. Мене лично готвењето и спремањето ми е најтешкиот дел, мноооогу организација треба. Можеш наеднаш да правиш јадење за 2-3-4 дена или да замрзнуваш, јас така правам. Пример, ќе печеш кило месо, па после поголема риба и така некој ред ќе си фанеш. Јас сакам да менувам, јадам месо па риба наизменично, а успат и по некоја печурка и бадеми за ручек уфрлам. 2. Воопшто не, ќе си менуваш. Јас најчесто ручам месо/риба (наизменично), а вечерам печурки, белки, туна... ми се има случено да вечерам и само салата со семки од тиква (како протеин), а неколку пати јадев и бадеми... околностите беа такви, иако не препорачувам ова за стално, тешко ти е после на желудник. 3. Кога ќе почнеш, ќе видиш како телото ќе почне во одреден дел од денот да ти „бара“ јадење едноставно. Мене во деновите кога ми се јаде на 5 часа, знам дека сум постигнала идеален статус. Кај мене има многу лоши последици за околината ако не јадам навреме, кренки сум. Јас завршувам со јадење во 7, најдоцна 8, се случува да јадам и подоцна ама после патам ноќта, не ми е убаво.
Срцка бе Распоредот со предавања ми ги мати сметките . Не се паузите во исто време, а и не ми завршуваат попладневните во исто време. Секој ден различно. По 3 саати се предавањата, чим влезам сабајле нема излегување до 11:30. Ако јадам пред предавање околу 08:00, ќе треба да ручам околу 14:00, тогаш пак имам предавања За симнување немам многу кг, знам дека со месеци ќе симнувам, искрено не ни сакам нагло да ослабам. Ми треба енергија и сила, растрчана сум цел ден, ако ослабам нагло лошо ќе биде. Режимов сакам да го држам ради 2 работи: да не комбинирам веќе месо со ориз или компир и да намалам на грицкање меѓу оброци. Од таму ми се тие 5-6 вишок што не се симнуваат Ќе смислам некој начин, не ми е проблем да си спремам јадење од дома, туку предавањата што морам да седам. Фала Дузи мила
@green.eyes Нема за што, ќе помагаме што треба. Абе... почни си, па ќе се прилагодуваш. Плус и со мало дете си, ако ништо друго, гладна нема да бидеш ни малку. Гледај појадоков убаво и по пропис да го правиш, па за другото како дозволуваат околностите. Подобро нешто отколку ништо. Имаш рецепти за прои, мафини, питички, кифлички, ѓевречиња и лепчиња, со путерче и со некое пршутче, цела недела покриена си со појадок. Мој совет ти е да почнеш со варените ѓевречиња, највкусни ми се мене. И не се шлапај за џабе со лебовите, бар не на почеток, оти искрено, оток се додека ги погодиш. А за енергија... Јас колку енергија имам со хроново, кога одам на вежбање како недугава рипам таму. Средношколци еден куп имам во групата, сироти деца, со по една кифла дојдени на вежбање, душа немаат. Јас машала, рипај, рипај и пак не се изморувам. А и од што би, одам појадена, ручана и ужината, како да не рипам. Е и обавезно вода повеќе првите денови, можно е да те боли глава.
@Doozy , појадокот од секогаш ми е најобилен и најкалоричен, така ми е "испрограмиран" организмот од мала . Леб веќе неколку месеци јадам интегрален со семиња, тостиран дома, нетостиран на предавања. По хроно е ептен Кажав кои грешки сакам да ги исправам, комбинацијата за ручек. Ќе прилагодам некој вид на хроно исхрана према можностите додека одам на предавања. После веќе друго е, кога ќе бидам дома и ќе можам ред да ставам во исто време секој ден. Кога сме кај групите на фб, испратив барање да се приклучам во една група, стои со денови неодобрено барањето . Изгледа не ја погодив вистинската. Ако има некој линк, ако може да остави
Епа супер ќе ти биде, тогаш ти веќе си на хроно. Читај само да нема пченично брашно во лебот, од тоа се подуваме сите. Премногу барања имаат за членови, почекај, ќе те одобрат. Не можат да престасаат админките, а и не ги обвинувам, на ден по илјадници барања имале. Хроно Исхрана ја следам јас, за други не знам. Можеш и во српската Hrono recepti, само таму одат и по Делабо да знаеш, може да те збунат. Пиши ми што ти треба, ти стојам на располагање. п.с. Веќе кога сум на темава, ме уби овој ПМС начисто.
@Doozy, @Bozica1980 ili nekoj drug da pomogne okolu hrono. Nemoj sega nekoj da rece ima napisano 44 st., toa e cel roman. Moze nesto taka vo kratki crti ili ako znaete tocno strana na koja da poglednam, kniga... bilo sto. Blagodaram
@toogood има фб група "Хроно исхрана" Има линкови за почетници, што да се купи при прв шопинг, поддршка и совети.
Првото правило е дека не се мерат количините се јаде додека сме гладни,три пати на ден во период од 4 до 6часа,најправилно е 5ипол. Наутро прво се пие билен чај(овошни не) или млака вода со лимон па дури после пола саат може да се доручкува.После 30мин откако ќе доручкува се пие кафе без шеќер или само со стевиа. Од месо и риба се јаде се само што се знае што кога смее За доручек може домашно суво месо,шунка,печеница и понекогаш сланина. Само за доручек се јаде млечни производи и тоа кисело млеко,грчки јогурт,фета или младо сирење и понекогаш павлака или кајмак ама на почеток да се избегнува.Јогурт не смее. Само за доручек се јаде леб и тоа направен само од следниве брашна:ржано,хељда,јачмен,овес и поретко спелта. Од семки смее сончоглед,лан,чиа,сусам...(најчесто се ставаат во лебот) За доручек се јадат цели јајца во секој облик,а за ручек и вечера само белки Не се комбинираат два протеина(риба и белки),два вида месо,два млечни производа и јајца со млечно Може да се прават палачинки,мафини вафли но само од дозволените работи За ручек се јаде некое појако месо со салата може и зелена и црвена. Не смее грашок,пченка,компири,грав,ориз,боранија. Цвекло,морков,целер се јадат само свежи За вечера се јаде лесно пилешко,риба,белки и само зелен и бел зеленчук. Смее путер и маст и умерено маслиново масло,не смее оцет и маргарин. Пиеме повеќе течности до 2 литра(вода,чај,лимонада) ама не смее бар пола саат пред доручек и пола саат после доручек Кафе се пие само 2 пати дневно и тоа 30мин после доручек и после ручек Ги мериме количините за овие работи:јајца до 8 неделно цели а белките се неограничени,3 пати по 3 лажици семки неделно,4 чаши црно вино неделно(само црно вино смее од алкохол),млечни производи до 4 пати неделно и путер до 20грама дневно. Конзерва риба смее само до 2 пати неделно и тоа да биде или во сопствено масло или во маслиново Од овошје смее само лимон и авокадо Физичка активност не се препорачува,освен пешачење Рестрикција е период во кој се губи килажа и трае или 28дена или додека не се достигне посакуваната тежина
Mnogu me asocira na ASTRO BALKAN Style Napisi sto odluci so kiseloto mleko. I jas sakam da pocnam da se hranam Hrono ama mnogu stroga mi e restrikcijata, a sakam samo 3 kg. da namalam. Kiseloto mleko ke mi bide problem.
@toogood јас неделава ќе бидам најверојатно во гужва, ама во прва прилика ќе ти напишам нешто повеќе. Ако имаш фејсбук, не е лошо да ја побараш групата Хроно исхрана, има доста информации. Ако немаш, можеш да видиш и овде http://hronokuhinja.rs/ Почни да читаш, ќе помагаме што треба, убав е како начин на исхрана, најадена ќе си.