Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хроно исхрана - дневно мени и слики

Дискусија во 'Диети' започната од rokiroksana, 24 септември 2013.

  1. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Blagodaram :bow:

    Mene ova restrikcijava prilicno restriktivno mi deluva. Neznam dali ke izdrzam, a i bez vezbanje ne veruvam.
    Procitav nekoj 10 st. unazad i sega sum na misla da probam nesto po moja modifikacija zosto se raboti samo za 3 kg pa i 2 kg ke pominat.
    Jas najveke se plasam od zgolemuvanje na kilaza i zatoa sakam da se otarasam od ovie 2-3 kg., zosto ednas im dozvolis da ostanat drugi novi pristignuvaat.
    Sakam samo da se hranam vo nekoja konzistentnost i taka da si bidam cel zivot ista kilaza.:)
     
    Последна измена: 17 април 2017
    На Ane-Goki1 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  2. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.106
    Пол:
    Женски
    Ако ти изгледа тешка рестрикцијата пробај со вонрестрикција- плус со повремена физичка активност мислам дека е идеална комбинација.

    http://hronokuhinja.rs/hrono-ishrana-posle-restrikcije/
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Luxx

    Luxx Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Се заинтересирав малце за хроно исхрана веќе некое време планирав да почнам но сакам да прашам од прилика за колку време има видливи резултати
     
  4. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Dali bi imalo nekavi rezultati ?
    Ima nekoj probano?
     
    На Ane-Goki1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Има и со тоа резултати,зависи кај кого.Не е секој организам ист.
    Јас на пример сум држела и така и сум имала резултат,само на тој начин поспоро иде слабеењето.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    По српските сајтови имам читано дека за оние со помалку кг.не мора да се држи рестрикција,може одма со вонрестрикција.
     
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.803
    Допаѓања:
    325.331
    Пол:
    Женски
    Хрони рецепти
    IMG_3548.JPG
    IMG_3549.JPG
    IMG_3550.JPG
    :)
     
    На Nellie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Angella13

    Angella13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    7
    Девојки во исхраната смеам ли да пиам вода лимон мед цимет?
     
  9. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.106
    Пол:
    Женски
    Вода и лимон смееш по цел ден меѓу оброци, пола саат пред и по оброк, никако за време на оброк. А мед во рестрикција не, за цимет не сум сигурна
     
  10. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Cimet , voda i limon vo restrikcija DA,a med vo restrikcija NE.
     
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Јас така терам моментално, доста задоволна сум. :nod: Мислам, мене не ми беше за слабеење, тоа пропратен ефект ама сепак сум задоволна. Некако постегната сум, најадена, полна со енергија. Убавко ми е. :D

    Пробај и почни, ќе видиш. Ако не ти одговара, можеш да прекинеш во секое време. :)

    Пиши ми што поточно те интересира за хроново, утре или викендов ќе ти пишам нашироко. :)
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Jas pocnav pred dva dena, denes mi e treti den.
    Kako napisav imam problem so nekoj 2-3 kg koj poradi menopauza pocnaa da se podigruvaat so mene.
    Imam problem so nekolku pravila od hronoto:
    • kafe so mleko, piam obicno dve kafinja na den i ne ke mozam bez mlekoto vo kafe :doh:
    • kroasan od Tm Horton's (toa si e nas brand, Canadski) , napraven e so margarin, me fakaat krizi za nego i ako ne go konsumiram moze da bide fatalno po okolinata :lol:, kako i da e toa e ednas nedelno
    • sekoe sabajle piam cveklo, morkov, jabolko i pola limun (za krvta)
    • za rucek nemozam da gotvam za site posebno pa si jadam samo mandza (kako i sekogas, jas srkam grav bez leb, grasok, boranija...., nikogas leb)
    • vecera samo meso
    • vezbam i ponataka 4 pati nedelno (od toa nemoze da se otkazam, toa mi e boles), ne sum nekoja fanatik ali sum redovna (highfive)
    Ovaka ke se pridrzuvam slednava nedela i pol i potoa zavisno od pocetnite rezultati ke vidam sto ponataka. Mojve gi nosam na aerodrom slednata Sabota i tri nedeli mozam da si gotvam sto sakam bez da mislam na niv. :whew:

    Bi sakala da slusnam nesto za tvojata ishrana. Nesto kako jas sto napisav, nekoe "diet overview".

    Blagodaram :bow:
     
    На green.eyes и Doozy им се допаѓа ова.
  13. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Лебот мора да е без квасец така?јас стартувам од денес,сабајле кога станав сеуште не знаев дали ун дали хроно,ама хроното некако ми е по лесен,не планирам да месам леб и тие работи,ке терам што поедноставно..мразам комплицираност..и директно сум на вонрестрикција.И уште едно прашање,ужината во кој дел од денот се јаде и што обично јадете ?
     
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Купувај си тонус, за леб. И јас не планирав да месам на почетокот, ама по некое време ми се здосади само тонусот, па сега ете имам и ново хоби. :D Не се лоши, а и лесно се прават - почни со варените ѓевречиња, таму нема утка.

    Ужина зимно време од 16-18ч, летно време од 17-19ч. Јас најчесто јадам зелено јаболко и ред црно чоколадо со повеќе од 70% какао делови. Ако има и повеќе, земи и со повеќе


    Мое мислење е дека штом си во менопауза да не очекуваш нешто уау ефекти, заради тоа што општо слабеењето со нарушена хормонална рамнотежа оди потешко но не е невозможно.

    Можеби ќе се ослободиш полесно од вишокот ако се сконцентрираш кон поткревање на нивото на естроген и прогестерон, коишто нормално опаѓаат кога си во менопауза. Можеш да побараш и цинк како суплемент (но испитај железо претходно), витамин Ц и Е и да почнеш да јадеш повеќе храна богата со природни естрогени и прогестерони. На пример, хумус, (само барај некој органски и без многу додатоци во него), соја и соино млеко (само што сојата не е по хроно), ленено семе/flax seed е на англиски и намали на внес на брокула. Брокулата забрзано ги исфрла тие хормони од организмот.

    За кафето и јас имам искрено проблем, видов дека многу ми годат Gold изданијата во комбинација со стевија. Ако решиш да купуваш стевија, внимвај да има повеќе од 98-99% природна стевија внатре. Исто така, кафе можеш да пиеш и со млеко од бадеми, знам дека кај вас имате готови, само внимавај на додадениот шеќер. Ќе те излажам ако ти речам дека сосема се имам откажано од кафето со млеко :tmi:, најголемите киксови ми се таму. Но со оглед на тоа што јас не планирам да престанувам со овој начин на исхрана, се тешам дека и не е така страшно. :|

    За кроасанот, хм... па не е работата што ти еднаш ќе го каснеш, туку се нарушува базната средина на организмот. Треба време да се исфрли шеќерот и пример, неколку дена нема да внесуваш шеќер и телото ќе достигне базна средина и бап - кроасан со бело брашно и бел шеќер. А целиот принцип на хроното е да се постигне таа базна средина. Така да, овде не знам што да ти предложам. :)

    По правило, во хроно храната се јаде, а не се пие. Ако веќе си решена да го пиеш, пиј го како ужина но да знаеш дека нема да биде целосно по хроно и може да ти направи стагнација. Можеш истите продукти да ги внесеш како салата за ручек, лимонот и онака се пие наутро, а јаболкото изеди го за ужина. Можеш и ред црно чоколадо да каснеш со јаболкото, црното чоколадо помага исто така за железото.

    За ручек, оф... разбирам зошто ти е комплицирано посебното готвење но ако ти е утеха, цело време готвам по три оброци на ден и месам еднаш-двапати во неделата. Пробај да јадеш 4 пати месо за ручек, а 3 пати од мешункастите плодови и да не ги мешаш. Пример, ако јадеш грав, јади само грав и не ужинај потоа. Ако јадеш протеин и за ручек, можеш да ужинаш. Вечерата не мора секогаш месо да ти биде, јас најчесто јадам белки или риба и од мое искуство, добитна комбинација е обилен појадок со мала вечера. Немаш потреба од којзнае какво јадење навечер.

    Вежбањето ти е океј, нема потреба да се откажуваш ако си вежбала претходно. Правилото е дека не треба да се почнува истовремено и со вежбање и со рестрикција, затоа што луѓето обично така почнуваат нели, од понеделник :rofl:, па и наеднаш рестрикција на храна и вежбање. Тоа не, затоа што нема да може да издржи некој што јадел многу и не вежбал воопшто со рестриктивен период каде што има намален внес на јаглехидрати и зголемено вежбање.

    Пиј повеќе вода и лимонада на почетокот во случај да имаш главоболки. Јас имам многу повеќе енергија кога вежбам со овој начин на исхрана.

    Ако испуштив нешто, ќе дополнам. :)
     
    На Hipster, JuLleE, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    @Doozy ,уште едно прашање,компир може ли за ручек?благодарам:)
     
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Не, никако, ако зборуваме за рестрикција. Компирот дури и во долготраен режим (вон-рестрикција) е препорачано да се консумира што е можно поретко, има многу висок гликемиски индекс и многу, многу скроб. 8-|
     
    На bella.s му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Хронери, веќе една недела сум на режимов. Да бидам искрена, одвратно се осеќам. Сакам месо, ама не јадам во големи количини, а овде прилично многу се јаде, мислам дека не ми годи ова количество протеини. Издишана сум, што е право, ама многу ми е лошо. Значи имам нагони за повраќање кога ќе видам храна, ама буквално. Појадокот го јадам, ручекот ради реда само, вечерата некогаш ја прескокнувам, а знам дека не треба. Немам главоболки ниту нешто многу јаки вртоглавици, ама не можам да ги поднесам овие нагони за повраќање. Олку лошо не сум се осеќала ни кога бев бремена. А домашниот леб што го правам ми е одвратен. Ама буквално. Ме дуе и после еден залак воопшто не ми се јаде. Можеби има врска тоа што е без квасец, а мене ми беше препорачано теста без квасец да не јадам. Ај и тоа си има замена.
    Туку сакав да прашам, дали ќе помине ова, да си терам со режимов и да се стрпам некое време, или да се откажам? Дојам, па не терам рестрикција, туку траен режим, ама искрено тешко ми е. Совет?
     
  18. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Штом доиш мислам дека не се препорачува да бидеш во рестрикција.Подобро почни надвор од рестрикција да видиш како ќе биде.
    И јас како тебе подолго време не можам да сум на оваа исхрана.
    Затоа што јадам само пилешко и од јадење едно исто секој ден,веќе организмов не ми прима стек и батак, и ми се повраќа кога ќе земам да јадам тоа.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Па пишав, не терам рестрикција, туку траен режим, со ужинка, овошје јадам. Затоа ми е чудно што ми се лоши. Очекував кризи за благо, јаки вртоглавици, ама не. Само лошење, како не дај Боже стомачен вирус да имам. А месо јадам секакво и го сакам, ама кога мора вака, ми се згадува. Изгледа не трпам режим :D
     
  20. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Приметив траен режим,ама којзнае што сум пишала :DА скроб имаш внесено во исхраната така?Или само ужинка?
    Можно е да не трпиш режим или да ти смета некоја храна :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.