Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хроно исхрана - дневно мени и слики

Дискусија во 'Диети' започната од rokiroksana, 24 септември 2013.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Да, грашок и грав сум јадела за ручек. Јас во принцип не мешам храна уште од кога терав еден период по Дајмонд, ама ова некако ми е премногу. Ќе видам денес како ќе ми биде. Имам печурки во сос за ручек.
     
    На Bozica1980 и Ane-Goki1 им се допаѓа ова.
  2. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Annath,од исхраната ти е,не ти одговара режимот,и јас сум веќе недела дена и исто имам такви синтоми,толку многу киселини и гадење што мислев дека сум бремена..
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Изгледа. Не ми фали благо, тоа ми се свиѓа, ама налет тоа ако ми се гади цело време. Сакам убаво да се чувствувам, како што се фалат сите, полни со енергија. Само мене ми е за никаде.
     
    На bella.s му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Види од која храна ти е така.
    Јас пример увидов дека ржано брашно не ми одговара, ме дуе.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Не е до брашното, до тоа што нема квасец е работава. Од друга страна, премногу месо изедов оваа недела, мислам дека месото ми е проблем. Како што пишав претходно, јас сакам месо, ама не го јадам во големи количини. А во режимов се јаде до најадување. Едно парче месо мене ми е таман, некогаш и многу, ама лошо се осеќам дека скоро секој ден затерав месо, а немам навика секојдневно да го јадам. Три оброци кои содржат протеини ми се премногу. Ќе видам, може да скратам нешто, евентуално некој период веге хроно да терам.
     
    На Ane-Goki1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Купи си леб со квасец и тостирај го.Не е тоа голема грешка или па најди со квасец таков јади.
    До тоа ти е не ти одговара некој вид на храна,а и од премногу месо исто може да е.Здосадува секој ден едно исто,после може од тоа да ти се повраќа.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    @Annath мене некогаш така ми се гади и пред и после добивање, откако ќе се стабилизирам со хормоните после сум океј. :)

    Еднаш кога зацепав со свинско многу ми се гадеше, ако не се лажам, од тогаш немам ни помирисано свинско. :D Треба пак да пробам деновиве, да видам што и како.

    Јади тостиран тонус, јади повеќе риба, печурки и авокадо и види како ќе ти биде.
     
    На Bozica1980, joy1 и Annath им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    @Doozy јас немам уште добиено после породувањето, еве седми месец терам. И тоа може има врска. А свинско јадев само еднаш, и тоа многу малку, бидејќи после породувањето тоа месо не ми годи воопшто. После ручек со свинско ми се качуваше притисокот, а сега веќе не, бидејќи максимално го избегнувам.
    Друго што заборавив да спомнам како лоша работа од ова хроново е запекот. Пијам три литри вода дневно (мерам со шише од литро и пол), ама не е доволно изгледа, затоа што дојам. Дури и малово приметив дека има проблеми оваа недела кога сум на хроно.
    Си мислам да пробам пак кога ќе прекинам со доење. Мислев дека нема да има влијание на млекото и бебето, ама изгледа има. Можеби и грешам, не знам.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Има врска ова со циклусов и доењето, да знаеш. :)

    Хормоните кога се хаос, цело тело е во хаос. Можеби сепак ти е подобро да почекаш некое време ако не се чувствуваш добро со овој начин на исхрана. Види си, секое искуство е индивидуално.

    За запекот... пробај со псилиум и вода. Псилиум е исто што и индиски тегавец. Јас во леб го ставив и така имаше ефект, можам да замислам тек директно од вода ако го испијам. :D Инаку јас спротивен проблем имам, со дијареја (најчесто предизвикана од стрес) и баш со хроново се урамнотежив некако.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Е па тогаш ќе баталам. Знам за псилиумот, ама мислев дека нема да имам проблеми, бидејќи вообичаено ги немам. Ама веројатно големото количество на протеини и малото количество влакна си го прават своето. Ќе пробам пак кога ќе завршам со доење. Дотогаш Дајмонд режимот ќе ми заврши работа.
     
    На JuLleE и Doozy им се допаѓа ова.
  11. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    @Annath јас мислам да почекаш,барем додека доиш.
    Јас ја модифицирав хроното.

    Исфрлив леб и благо,скробот исто така,газирани пијалоци и мешунките како грав,леќа,грашок.

    Резултат после скоро еден месец,минус 4-5 кг.Толку и сакав да симнам.

    Ниту пијам вода со лимон,ниту пак се придржувам на саатниците за пиење кафе,а кафето со стевија е благо кажано грозно,па си го пијам турското без шеќер,а макијато кога ќе седнам некаде го пијам со шеќер.Пијам по 3 кафиња дневно.

    Имам три оброка,доручек нормален јадам,а ако не сум направила од хроно лебот,си куппувам од пекара интегрален ѓеврек и тоа два.Кисело млеко не сакам,па затоа си пијам јогурт.Наутро јадам и кашкавал и овчо сирење,што се забранети во хроното.
    За ручек месо или риба со салата,а на салатата и ставам и оцет.
    За вечера,многу често не ми се јаде,кафето кое го пијам околу 18 ч.ми дава ситост,па затоа најчесто јадам по една белка.

    Толку ригорозна за мене не е прифатлива.
    Првпат држам некаква диета и тоа не по сите прописи,за празниците и после нив ја прекинав,јадев благо секој ден.
    Овошјето и така не го сакам,но сега додека има јагоди,си јадам,најчесто како десерт после ручек.
     
    На JuLleE, green.eyes, VladeMila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    @ph.orhideja мислам дека Дузи е во право за хормонскиот дисбаланс... тоа е проблемот кај мене. Кога ќе се среди, што би значело да прекинам со доење, ќе пробам пак. А дотогаш, ќе видиме. Уште малку почнувам на работа, мислам дека полесно ќе ми биде.
     
    На JuLleE, Doozy и ph.orhideja им се допаѓа ова.
  13. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.152
    Допаѓања:
    259.202
    Пол:
    Женски
    И јас да кукам, вчера и шеќерот ми падна вечерта со се притисок. На моменти мислев ќе се струполам во кујна. Денес нов ден нов почеток иако ми е се потешко да се мотивирам. Кризи, кризи насекаде :(
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Еве јас да се пријавам како повратник на Хроно, ама овој пат сакам да пробам колку можам рестрикција да издржам, вежбам и не знам како ќе издржам на тренинзите, ама ќе се пробам.

    Бев 3 месеци вонрестриктивно, дека доев, и ослабев 7 кила, после тоа си ги следев правилата,ама не строго. Па дојде велигден, роденден на бебушот и се изгубив, не знаев колку јадам. Сфатив дека овој начин на исхрана мн ми одговара, ако не сум на Хроно немам мерка во јадењето.
     
  15. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    1.327
    Пол:
    Женски
    И јас мислев дека нема да можам да издржам вежбање и хроно, па еве веќе трет месец одлично ми оди и добро се чуствувам. Но, сепак секој си е посебен .
     
    На Hipster и macunka им се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Не дај се Божооооо :o;(

    Јас со тебе се тешам. :rofl:
     
    На JuLleE и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  17. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    Цело време ја пратам диетава ми изгледа супер но никако не се решавам са шочнам. Ај што сум доилка па страв да не гладувам па немам млеко ама и ова си кафево ме премислува. Не тера нешто од сабајле право кон ринглата и ѓезвето идам
     
  18. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Проблемот се надминува за 2 дена. Потоа топлата лимонада ќе ја доживуваш како кафе :)

    @Bozica1980 кој е твојот таргет? одредена килажа или временски период? уште си на рестрикција?

    Јас ќе продолжам со оваа диета негде за време на одморите. До тогаш ќе форсирам со брзи диети.
    Искрено, со оваа диета има што да се јаде на одмор. Во кој ресторан и да седнеш има што да нарачаш.

    Реков јас, која сум ДУРИ втор ден на јогурт.
    Со фар со гуд.
    Вчера купив вага :bandit:
    На нејзе пишува - доживотно откажи се од лапачка :tmi:
     
    На JuLleE и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  19. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.152
    Допаѓања:
    259.202
    Пол:
    Женски
    @sanjaeva имам ужина понекогаш, за друго не се осмелувам. Ме разочараа едни фармерки во продавница во саботата :)
    Бар уште -15кг зацртана цел, но би чекала и две години за неа. Овој начин на исхрана ми одговара не се враќам на старо.
     
    На JuLleE, zhap4e и sanjaeva им се допаѓа ова.
  20. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски

    Ако си доилка почни си вонрестриктивно, имаш мн избор за јадење. А за кафето ќе се навикнеш, мене сега организмот ми бара кафе после јадење.