Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хроно исхрана - дневно мени и слики

Дискусија во 'Диети' започната од rokiroksana, 24 септември 2013.

  1. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Знаете дека во тинекс има хроно леб?
    и, вкусен е :)
     
  2. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Го рекламиираа. Баш сакам да го пробам.
    Јас деновиве јадам од фурна Диме, почнале и они да забушаваат, се рони лебот ептен и со дупки е, која кришка помала, која поголема.
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.657
    Допаѓања:
    202.173
    Пол:
    Женски
    Ако си тазе доилка, немој. Од лично искуство ова. Јас почнав кога малово имаше 7 месеци, имав страшни гадења. Ама ако си решила, ок, со лесно нека ти е.
     
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.673
    Допаѓања:
    253.083
    Јас пак почнав со хроното. Денес ми е втор ден и поминувам без грешка.
    Целта ми е барем 5 кг. Се ставам на хроно оти претерувам со благо. Претходно имав проблем со подуваност, а јадев р'жен леб само. Сега бидејќи не можам да најдам р'жено брашно купив Тонус и немам маки со стомакот.
    Мачно ми е без благо и покрај толку овошје и се надевам дека ќе издржам 28 дена.
     
    Последна измена: 23 мај 2017
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Здраво хронерки.
    Сакам од утре да почнам со хроното, но потребно ми е некој поискусен да ме упати. Ќе биде ли некоја да ми објасни како одат работите и да ми напише дневно мени од прилика што јадете за оброците. И имам неколку прашања, прво со лебот.

    1. Ќе биде ли проблем доколку со секој оброк јадам тонус леб ? Бидејќи искрено немам време да месам.
    2. Смеам ли барем во салатате да ставам оцет и доколу смеам каков?
    3. И дали смеам да ја пијам таа водата со ѓубир, лимон и нане што е?


    За почеток целта ми е да симнам некои 5-6 кила и да намалам во обем.

    Фала многу , може и ЛП да ми пишете.
     
    На curious-doll му/ѝ се допаѓа ова.
  6. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    804
    И јас од утре стартувам, јас сум по загрозена :) со 94кг.... накај 30 планирам да симнам. Ама многу љубов имам спрема храната и благото :(
    @Anna-Banana леб јас се јаде само со појадок така читав, ако е купен немора да е месен, но тонусот и манастирскиот леб требало да се тостираат поради квасецот и домашната маја.
    А оцет не,никаков, салати само со лимон ке киселиш
    Ајде од утре со лесно нека ни е :D
     
    На Ninilove и Anna-Banana им се допаѓа ова.
  7. nonamefanatic

    nonamefanatic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    53
    Здраво феминки гледам дека повеќето сте упатени на оваа тема, имам 14 кг за губење па сакав да прашам ако може некој накратко да ме воведи во оваа диета, бидејќи не ми е баш јасна. Знам дека претходно имате пишано повеќето, но ако не му проблем на некој во скратени црти да ми објасни. Моето главно прашање е само дали може да јадам од интегралниот леб на Жито Лукс, а не типично хроно лебче и дали може да појадок да си правам топол напиток од лимон и мелен ѓумбир за побрз метаболизам? и некои побитни детали ако може да ми ги потенцирате. Фала ви.
     
  8. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Хроно лебот е топ,меѓутоа не сум поборничка за хроно исхрана која е претежно на месо,протеини,мислам дека тоа е штетно за организмот,но не сум јас таа што на некоја ке и соли памет,само си го кажувам моето мислење,а и има слушнато од нутрицинистка дека е штетна,затоа што храна што нема овошје не е баш добра,мислам дека организмот све си бара но умерено,и физичка активност и топ тело.

    1. Денот не започнува со кафе! Кафето никако не смее да се пие пред појадокот. Доколку сте навинати да пиете кафе пред појадокот, задолжително заменете го со топол чај или свежа лимонада. Кафето е дозволено 2 пати дневно, едно после појадокот и другото после ручекот. Во кафето не е дозволено да додавате млеко, шеќер, шлаг и било какви други засладувачи и додатоци.
    2. Појадокот е најважен, појадувајте пред 10 часот!
    3. Помеѓу оброците потребно е да имате по 4-6 часа, што значи дека ако појадокот е во 10 часот, ручекот би требало да биде од 14 - 16 часот.
    4. Помеѓу оброците не е дозволено да се јаде апсолутно ништо. Внесување намирници во телото кога не е вистинското време предизвикува лачење на одредени хормони. Сето тоа влијае на натрупување на масно ткиво и масни наслаги.
    5. Шеќерот е забранет! Сите облици на засладувачи се забранети: бел, кафеав шеќер, мед, фруктоза и сл. Во рестриктивниот период не е дозволено внесување на било какви десерти, ни во облик на храна, ни во облик на пијалаци (газираните пијалаци и соковите со шеќер се исто така забранети).
    6. Во рестриктивниот период овошјето е исто така забрането затоа што содржи шеќер (фруктоза)!
    7. Забрането е и млекото и јогуртот затоа што содржат млечен шеќер – лактоза!
    8. Млечните производи се дозволени само за појадок и тоа три пати неделно. Можете да јадете: кефир, кисело млеко, павлака и млади посни сирења. Стари и тврди сирења не се дозволени. Исто така златно правило е дека никогаш не смеете да комбинирате два типа на млечни производи во еден оброк!
    9. Алкохолот е забранет! Алкохолот содржи многу непотребни и празни калории. Дозволено е само понекогаш да се напиете чаша црвено вино!
    10. Белото брашно не се користи! Дозволено е: пченкарно, брашно од хељда, овесно, јачменово и ‘ржано.
    11. Лебот и тестенините од дозволените брашна се јадат само за појадок. Ручекот и вечерата се без тестенини и без леб!
    12. Потребно е да пиете по 2 литра вода дневно. Можете да пиете лимонада без шеќер и билни чаеви неограничено. Кисела вода е дозволено, но највеќе две чаши дневно. Течност не се внесува половина час пред и половина час после оброк!
    13. Оброците можете да ги припремате на свинска маст и на путер. Сончогледово и други рафинирани масла се забранети! Маргаринот е исто така забранета намирница! Ладно цедените масла се дозволени, но нив не смеете да ги изложувате на висока температура и да готвите со нив, затоа користите ги само во салата!
    14. Дозволено е да јадете житарици од цело зрно.
    15. Месните преработки се дозволени само за појадок. Најдобро е да јадете такви за кои сте сигурни дека се направени од месо: печеница, домашни колбаси, сланина, пршут и сл. Бидете внимателни со овие производи, многу од нив содржат многу конзерванси и додатоци. Не бирајте евтини варијанти!
    16. Јајцата се дозволени. За појадок цело јајце, но за другите оброци само белката. Јајцата никогаш не ги мешајте со млечни производи!
    17. Месото е дозволено и пожелно. Најдобро е да го консумирате во комбинација со свежа салата. Не треба да комбинирате две врсти на месо во еден оброк!
    18. Скробниот зеленчук е забранет! Избегнувајте: грав, компир, грашок, моркови, цвекло и ориз. Другиот зеленчук е дозволен. Најдобро е зеленчукот да го консумирате во свежа варијанта!
    19. Оцетот не се користи како зачин! Наместо со оцет, зачинете ја салата со свежо исцеден сок од лимон! Забранета е и вегетата и некои вакви слични зачински мешавини кои содржат скриен шеќер! Сите други зачини се дозволени!
    20. Количината на храната што ја јадете по оброк не е ограничена, јадете за да бидете сити до следниот оброк. Оброците никако не смеете да ги прескокнувате, нити пак треба драстично да ги намалите. Не смеете да бидете гладни помеѓу оброците бидејќи тоа може да ве натера да посегнете по одредени грицки и слатки.
    Се смета дека инсулинот во нашето тело го достигнува својот максимум 3 пати дневно, после оброк. Неговото дејство трае околу 3 часа и затоа е потребно да помине најмалку толку време помеѓу оброците за да може телото да се врати во нормала. Кога ќе направите пауза од 5 часа, како што се препорачува со хроно исхраната, телото и панкреасот имаат време да одморат.
    За време на хроно исхраната исто така потребно е да спиете по 8 часа. Легнувајте на време, пред полноќ, а станувајте пред 8 часот наутро. Тоа е идеално време според нашиот биолошки часовник во кое телото треба да се одмара!
    Не треба да внесувате храна минимум 2 часа пред да одите во кревет!
    Овој список на правила можеби изгледа многу долг, но сепак сите наведени принципи е многу лесно да се применат.
    За појадок јадете и најдете се, никако не смеете да останете гладни. Доколку сте презафатени да се преокупирате со оброците издржете барем да не јадете по 5 часа измеѓу секој оброк.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    @veteruska од каде е ова преземено? Не сум сигурна, односно мислам дека не е дозволено пченкарно брашно. Еве некој поупатен нека каже, ако може правам качамак.
    И од засладувач може стевиа, јас во кафе ставам. Исто и цвекло и морков може свежи.
     
    На Ane-Goki1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Не е дозволено пченкарно во рестрикција
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  11. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Превземено од Српски форум за хроно исхрана,преведена на Македонски јазик.
     
  12. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    Во рестрикција не се користи пченкарно, а за вон рестрикција не сум сигурна.
    Инаку има два вида на Хроно исхрана како што читав на еден српски форум, едната е според некој си Делабо мислам, а оваа ние што ја држиме е според Ана Гифин(така некако и беше презимето), па можеби тоа со пченкарнито е според Хроното на Делабо :^)
     
  13. Nutrigirl

    Nutrigirl Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2017
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Што мислите за протеинот од сурутка, да се вклучи во исхраната на една хроно диета?
     

    Прикачени фајлови:

  14. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Сурутка не е дозволена во хроно.
     
  15. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Зашто да не може козја сурутка баш е здрава и препорачлива,има 80%протеини,впрочем и во тоа се сестои хроно исхраната.

    http://hronokuhinja.rs/sta-je-restrikcija/
     
    На Nutrigirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Вие пијте си што сакате ама по Хроно правилата сурутка не е дозволена.
    Протеините се внесуваат преку храна, а не прашоци.
     
    На Bozica1980 и Ane-Goki1 им се допаѓа ова.
  17. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.000
    Допаѓања:
    10.325
    Од алкохол само црвено вино може да се пие? Некако не ми оди на жешково :| Бело не?
     
  18. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Само црно суво вино,бело не смее.
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    @JuLleE уште си на хроно? Како оди, има резултати?

    Јас планирам од утре да стартувам... пред 3 години имав супер резултати, па сега ќе почнам пак. Почнав со УН и тоа дури 3 пати ама никако да се натерам да продолжам. Хроно ми е поскапа од УН и бара повеќе готвење, ама повеќе ми одговара пошто сум си гурман :tmi:. За разлика од пред 3 години сега сум со мало детенце, ама се надевам дека ќе успеам да се координирам со обврските.

    Ајде ако има уште некој што сака да почне од утре, да си бидеме поддршка :muscle: ;)
     
  20. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.368
    Пол:
    Женски
    Каков путер јадете? Знам за еден од Кам, но Камот во мојот град го реновираат. Ај хелп