Еве го моето од вчера. Појадок: две пржени јајца, пржена тиквичка,краставица и запечен тонус со путер.И сето пржење исто, на путер. Ручек: шопска без сирење и шарска Вечера: една белка и пола патлиџан И денес Појадок: 3 варени јајца, патлиџан и три парчиња запечен тонус со путер Ручек :риба со салата Вечера:Ако остане од рибата или белка.
Накачи на леб насабајле, побрзо се слабее кога тискаш повеќе леб. Навечер црвен зеленчук во рестрикција не. Ист ручек/вечера не. Јади белка. #хронополиција
Ако јадеш риба за ручек, не ја јади за вечера, јади нешто друго. Не како во УН. Мој совет ти е да готвиш за 2-3 дена наеднаш (ручеците) а за вечера да јадеш нешто полајт, белки, туна... нешто што не одзема време и е полесно. Иако искрено на ова топло, повеќе преживувам на зеленчук, ама ај.
Кога ќе бидам дома, ќе потспремам.Сега еден ден дома сум за ручек, друг не. Него млечните само за појадок нели ? За урда мислам. Утре планирам модри патлиџани со пилешко, мојт? @Doozy овошје за ужина, секој ден или зависи колку лесно сум појадила\ручала? Колку прашања, како за Наса да се спремам. Све нејасно
Урда мислам поретко на почеток, сега фокусирај се на кисело млекце и младо сирење/моцарела. Мојт, мојт, само морковче не им ставај, не треба готвено да биде морковчето. Мој совет, стисни зуби 28 дена и издржи без шеќер/овошје воопшто, после постепено почни да го воведуваш.
@Ginger^ Првото правило е дека не се мерат количините се јаде додека сме гладни,три пати на ден во период од 4 до 6часа,најправилно е 5ипол. Наутро прво се пие билен чај(овошни не) или млака вода со лимон па дури после пола саат може да се доручкува.После 30мин откако ќе доручкува се пие кафе без шеќер или само со стевиа(доколку пиете кафе) Од месо и риба се јаде се само што се знае што кога смее За доручек може домашно суво месо,шунка,печеница и понекогаш сланина. Само за доручек се јаде млечни производи и тоа кисело млеко,грчки јогурт,фета или младо сирење и понекогаш павлака,кајмак или урда ама на почеток да се избегнуваат.Јогурт не смее. Само за доручек се јаде леб и тоа направен само од следниве брашна:ржано,хељда,јачмен,овес и поретко спелта. Од семки смее сончоглед,лен,чиа,сусам...(најчесто се ставаат во лебот) За доручек се јадат цели јајца во секој облик,а за ручек и вечера само белки Не се комбинираат два протеина(риба и белки),два вида месо,два млечни производа и јајца со млечно Може да се прават палачинки,мафини вафли но само од дозволените работи За ручек се јаде некое појако месо со салата може и зелена и црвена. Не смее грашок,пченка,компири,грав,ориз,боранија. Цвекло,морков,целер се јадат само свежи За вечера се јаде лесно пилешко,риба,белки и понекогаш печурки(затоа што тешко се варат) и само зелен и бел зеленчук. Смее путер и маст и умерено маслиново масло,не смее оцет и маргарин. Пиеме повеќе течности до 2 литра(вода,чај,лимонада) ама не смее бар пола саат пред доручек и пола саат после доручек Кафе се пие само 2 пати дневно и тоа 30мин после доручек и после ручек Ги мериме количините за овие работи:јајца до 8 неделно цели а белките се неограничени,3 пати по 3 лажици семки неделно,4 чаши црно вино неделно(само црно вино смее од алкохол),млечни производи до 4 пати неделно и путер до 20грама дневно. Конзерва риба смее само до 2 пати неделно и тоа да биде или во сопствено масло или во маслиново Од овошје смее само лимон и авокадо Физичка активност не се препорачува,освен пешачење Рестрикција е период во кој се губи килажа и трае или 28дена или додека не се достигне посакуваната тежина Во периодот после рестрикција иде надвор од рестрикција каде што се воведува овошје и мешункасти производи. Ако нешто не е јасно после ова прашувај.
Дечко ми е на хроно исхрана. За шест месеци ослабе 30 килограми. Му останаа уште 5 да ги тргне Попратно вежба, така што би ви препорачала да имате физичка активност. Инаку од шестте месеци, пет месеци беше на рестрикција. Сега почнува да се прилагодува кон тоа да престане да слабее и да качи на мускулатурна маса. Ќе ставев слика, ама пропис си е пропис.