@Ginger^ и шарската не треба за ручек. Ако толку ти е мерак можеш само за доручек. Каj мене на мени денес: Доручек тостови со печеница, моцарела, доматен сос и путер + пола авокадо пасирано со сол, бибер и лимон. Ручек: Стек, модар патлиан, тиквичка на плотна, и салата од домат, рукола и власец.
Чекај. Ај што сум утнала, тоа да, затоа реков од денес ќе си важам почеток на хроно исхрана.Да се знае ред бре! Туку ти да не згрешиш, види горе за црвениот домат што имаат пишано, не се практикува за вечера. Таман на време си пишала агенда за денес.
И нека не те лажат дека можеш да јадеш колку сакаш, поминеш ли граница на дозволени калории, како сакаш комбинирај ги оброците -нема да слабееш. Знам дека не ти требаат многу за симнување па затоа. Кај дојде тука, хронерите ко секта се
Богами, на стаклени ножиња се држам со грешките. Вака ако терам, 8 килограми ќе ги слабеам до после грозје брање
Ама не ми е тоа вечера до ручек може домат. После само бели и зелени зеленчуци, со-исклучок на даjконот зошто има високо ниво на jаглехидрати.
Групата на фб стана напорна за читање, многу народ се собра и попуваат сите како накострешени. Јас тука ќе си продолжам, па дур да стане и овде напорно да се надевам дека ќе скинам уште ова што ми остана Инаку 5 кила за 2 недели и во обем има разлика. Тешко не е, ама си бара организација.
@Ginger^ шарска ни за доручек, ни за ручек треба. Еден вид на месо треба за ручек. Истото и за доручек важи.
@Ginger^ Ако не јадеш друг вид на месо,ти останува само пилешко,риба,белки и печурки. Јас баш поради тоа и ја прекинав,ми здосади и почна да ми се лоши од едно исто.
Мисиркино јадам! А туна и скуша ми е како сосема различно јадење хаха Ќути не ме предомислувај, нема да се откажам, па да пукнам! Едит: За почетници се пие ли црвено вино или и тоа мало морген? А какао без шеќер?
И да не се откажеш навистина има резултати. Штом јадеш и мисиркино добро е,барем ќе менуваш. За туната знаеш само 2 пати неделно
Џинџер можеш секакво месо да си јадеш. Со тоа што бели риби (полесни) , пилешко без кожа и мислам дека можеше и мисиркино си јадеш за вечера. Сите други може за ручек. Инаку покрај месото, белките и печурките има и друга варијатна за ручек што неколку пати до сега ја практикував...мешана салата од дозволени намирници со плус 50 грама непечени бадеми или лешници. Може и малку повеќе да ти се отури де, ама во принцип и немаш потреба за повеќе ако имаш доволно салата и ако убаво си се најала за доручек.. Плус за ручек може и авокадо со салатата, така што има опција да бидеш заситена, а да прескокнеш месо. Ова најмногу 2 пати неделно, таман колку да смениш. @IronLady јас во принцип и не верувам на мелено месо купено од надвор или во кафана, во составот може да има се и сешто. Откако сум на режимов дома си го готвам и знам што има. Така што ако правам шарска од едно месо ќе биде секако.
За авокадо и млечни производи, мислев дека само во појадок се консумираат .Гледам, не дека толку грешам колку што на различни групи, различно пишува. @Giovanna @IronLady за вино не ми кажавте. Пред да ја оплескам.
Какао можеш место кафе, 30 минути после доручек и ручек , 2-3 пати неделно. Суво црвено вино можеш да конзумираш 4 пати неделно навечер само. ( мислам дека беше максимум 4 пати, не сум сигурна) Млечни производи само за доручек се јадат - без мешање.( ако јадеш к.млеко, нема јадење на сирење или др млечни производи). Максимум 4 пати неделно се конзумираат. Јајца исто со млечни производи не се јадат заедно. За авокадото не знам, го немам конзумирано. @Giovanna најчесто јадев пилешко, ептен ретко кога како кременадли. Некогаш земав и чисто свинско мелено место за ќофтиња. Тоа е тоа - ама секогаш беше пилешкп, риба или печурки.
Знам дека смее, но дали се препорачува за почетници, оти, нели овошје за почетници и урда-не. Знам дека само две кафиња смее да се пие во ден, 30 мин после оброк... Вода и чаеви(освен овошни) може да се пие во текот на целиот ден ? Или не
Смеат и почетници да пијат вино до 4 чаши неделно. Овошје смее ама само надвор од рестрикција,ама тоа отом потом Во рестрикција не смее овошје(а рестрикција е додека не ги изгубиш килограмите што сакаш или пак само 28дена) Вода и билни чаеви смееш да пиеш во текот на цел ден
Млечни производи само за доручек си останува. Ама авокадо може и за доручек и за ручек. Искрено не знам кој начин е најточен, моите информации се од македонската група на фб која се води по принципот на Ана Гифинг. На српската има и луѓе што одат и по Гифинг, ама и по принципот на Делабо, а таму колку што знам има разлика во намирниците и се бројат калории. Како и да е, јас сум задоволна од овој метод и искрено не верував дека толку брзо ќе има видливи резултати. Сепак најмногу кубурам кај алкохолот и овошјето. Другото ми е ок. Црвено вино не ми оди во лето, па мајка јана да е. Ќе истерам уште малку вака, па после ќе си прилагодам некако.
Фала, длабоооокооо Фала. Ајде сега повесело малце, оти ова многу напнато ми стана, глава ме заболе Пијам вода и се штрекнав, чек бе колку е саат, дали смеам , вода? Инаку никогаш во животот не сум пиела волку вода. За вино, мене ми е убаво и оди не оди , тие кои излегуваме навечер по 4-5 саати само со вода.....Еден ден, два пати ама повеќе ќе ме фати склет. Вака господски, винце некое најскапо, пошто една чаша нели