Џинџерлано каде мори шарска си јадела? Ауу, не не, мевце лапкај си засега. Иначе и мене групата ми стана непрегледна за читање, а добивав многу идеи и бев подисциплинирана кога следев повеќе.
Па може да се направи и овде нешто слично, Хроно исхрана - Дневно мени, па да лепиме слики... Нека има една тема со правила, една за дневно мени/рецепти. @CrazyOne што велиш? Или некој начин да се направи ова што е можно попрегледно. Може и башка тема Хроно пецива.
На оваа тема едно време и слики лепевме. Може да се направи на почеток да се пишат правилата а после да се ставаат слики,дневно мени,мотивација колку сме ослабеле..
Добра ви е идејата и онака се собравме ентузијасти Јас сум за оваа тема да остане како Правила, мотивации и идеја за дневно мени, а другата што ќе се отвори да биде општа за рецепти, па здравје ако почне да се полни и да биде непрегледна нека ја делат модераторите.
Може ако сакате да се отвори тема Хроно исхрана - мени. Нема проблем шта се мени тиче. Или коj ja знае диетата подобро составете ja убаво ке напраиме нешто
А некои жени сликале оброкот и до него шолја кафе. Нели по 30 минути од јадењето се пие кафе ? Или одма го маваат хахахаха За шарската ми кажа лик, кој ослабна 20 килограми за 4 месеци, ама изгледа не внимавал толку. Пиел секаков алкохол, ете и шарска..... И не ме нервирајте, од вчера сум примерна еееее па.Може имам намалено 100 грама
И јaс сум зa, мoже и сo слики a дoвoлнo е и дa се пишувa штo јaделе. Вaкa сум изгубен случaј вo време прoстoр и пoмеѓу желбa зa и прoтив хрaнa. Пoзз
Мене баба ми велеше -не верувај на се што ќе прочиташ на интернет Ќе се активирате во групава а? Може да ве тролам одвреме навреме? Оти строгите правила просто молат за тролање на диетава Џ'ст кидинг. Бегам и ве оставам на мир. Со среќа!
Јас кога ќе сум послободна ако можам ќе ја составам. Воведниот пост во темата на фб го пишував јас на времето,така да знам што како оди. И група се мислев да отворам,ама не можам да бидам достапна 24/7. Се изгуби редот во групата што е на фб затоа што сите прашуваат што смее што не,а во воведниот пост си пишува убаво се. Од регрутација успеав сама да се регрутирам,од денес почнав и јас со некои мали грешки,зошто не ми беше планирано. Ама колку ќе издржам со месово не знам,ќе видиме За ручек ова ќе ми биде,ама тешко да ќе изедам се
Се преценив, не го дојадов ни пола. Жештиниве ме утепаа Ќофтиња од мисиркино и рендана тиквичка, спржната зелка со ким, куркума, магдонос и доматен сос, коцкички од модар патлиџан што ми останаа и еден морков свеж. Морав се да зготвам зошто се беше оставено така почнато и на крај ќе го фрлев. Ова здравје ќе дојадувам утре. На репертоар иде едно матено грч ладно кафе.
Ѓевречиња готови, сефте ми се, утре ќе ги пробам. Вака личат испечени и со чачкалица ги буцнав, па ќе видиме. Многу ми се сомнителни овие брашна. Од бело пченично немам утка, со овие немам многу самодоверба. Сто пати треба да видам, да проверам и пак чекам до сабајлето изненадување.
Од денес ќе ве дружи и сестра ми, преку мене во групава Јас во УН, сестра ми Хроно, мајка ми е со посебни правила и ограничувања, се спремаме за следното лето ние
А ако не јадам ништо освен сладолед и зеленчук, се рачуна за хроно? Ај да поминат горештиниве и ќе дојдам. Ни леб сум правела ни бутур, јадам тонус и манастирски... ми се лоши на самата помисла дека треба да вклучам рерна за нешто. Има ли некој што вежба поинтензивно да ми каже како издржува тренинзи? Ама зборуваме за интензивно вежбање, не пешачење и слично. Ужинам пред вежбање ама умирам таму, некогаш немам сила да издржам до крај. А и жешково бе ме отепа. Иначе тие што се на почеток, не треба наеднаш да почнувате диета и вежбање, ќе цркнете.
Авокадо за појадок и ручек, со што може да се меша? Со јајце или кисело млеко за појадок или со пилешко и бадеми за ручек? Што комбинации може да излезат? Многу се нервирам што не можам винце со јадењето да си пијуцкам. Седиме и чекаме да помине пола саат за да порачаме. Ни се смачува и стануваме....