Моментално немам време за ништо,кога ќе се ослободам ќе го пишам ако можам воведниот пост,а ако не успеам нека го пише некој поупатен. @Ginger^ За авокадото не сум многу сигурна затоа што не јадам тоа,ама според групата на фб смее да се јаде авокадо и јајце или авокадо и кисело млеко,сирење за појадок,а и за ручек мислам може да се јаде со протеин. Доколку некогаш не ви е јасно а нема тука одговор,за да не лутате одете во групата на фб и само во пребарувај пишете што ви треба ќе ви се издвојат тие постови Јас само 1 ден бев на хроново кога ви пишав ама морав да прекинам на ова топло не ми се јаде воопшто. И само од тоа сум ослабена за 10дена 2-3кила. Со среќа на сите
Кога одите во ресторан, храната( месото) не е зачинето со хималајска сол ниту пак со маслиново масло ...? И сад, штачемо? Барем два пати ручувам или вечерам надвор, не е малце тоа, стави по една лажица сончогледово масло од ден и ... Леб некогаш не можам дамесам ниту носам, јадам исклучиво тонус, колку грешка е тоа ? Не сакам да пишувам во групата, оти не само што се како секта што вика Бриџит туку и одбивни ми стануваат. Уствари, чекај, има ли секта што не форсира? Секако дека се напорни. Божо можеш слободно да кажеш,не се лутам, може ќе се оправат Видовте сигурно, една се пожали дека ослабнала само 1 или 2 килограми, па и се нафрлија: Ти тука дојде за да ослабиш и да си одиш ли ? Ова е режим, не е диета. Молимтисебоже, дојдов во Хроно групата за другарки да си најдам, а не за да ослабам.... Може недостаток на шеќер е, па се подеримирав Буквално ми се смачи од ова смее, тоа не смее, аа тоа никако, пази чери доматче во салатата, пази морков тргај настрана, аа црна маслинка не.... Ама не сум гладна и не верувам дека ќе се откажам, само, ми одмили некако. Гвакамоле за појадок
@Ginger^ ќе правиш најдобро како што дозволуваат околностите и нема да си ставаш толку при срце. Тостирај го тонусот и јади си го, немаш мака. Мислам дека имате Жито маркети каде што си, провери, почнаа да носат Манастирски леб. Само многу мувлосува на топлово, 2-3 пати фрлам по половина леб... замрзнувајте луѓе, изгоревме та и ние, та и храната. Иначе правете си просо, мене супер ми легнува на топлово, со кисело млеко, домата и пршута малце... петка за појадок. И јас некако не држам темпо веќе 7-8 дена, појадок и ручек се' океј, ама напоручек зезнувам работам со нешто. Се тешам дека вежбам ама сепак... подобро се осеќам кога имам некој построг ред. Не за слабеење него општо, подобро ми е. А како да фанам да месам и да печам леб, немам клима во кујната, не е хумано колку е топло.
Тука пиши си штом не сакаш таму. Не може некој цел живот само месо да јаде на пример,не сме роботи. Јас кога ја држев хроно за 2 месеца ослабев 6кг а имав и грешки. Може малце поспоро се слабее,ама има ефект. Што е до вечера надвор и јас вечерав и нормално нема посебно да ти прават со хималајска сол или маслиново масло. Секако се слабее,уживај. На почеток јас и лешници си јадев преку ден зошто мислев смеело и пак ослабев. Дури некое време не ни јадев месен леб или тонус,туку земав со 90% рж(а колку навистина бил 90% никој не знае) и пак си ослабев.
Манастирски има во Тинекс, ама ни во Кавадарци ни во Скопје да го начекам...Кога го земаат, не знам. Купив еден од Силбо манастирски, округол ама многу бел, сомничав и го оставив. Тонусот го запекувам, се мислам дали доволно го печам дали и тоа грешам. #Прашањакоимемачат Едит: Се нешто као демек, ми е страв дал се слабее оти се јаде многу А што многу ? Вечерата белка и краставица? Ручек месо и зелечук, а насабајле тоа леб ли е, црн...знаеме колку тоа дебелее од такви брашна, ич. Можам комотно да кажам дека не е овој режим, да јадеш се што сакаш и да слабееш. Не за да го кудам, туку за да си речам, ќе ослабеш не е ова многу јадење, не е калорично ,шо се секираш. Оти почнав да се нервирам, чек малце, сончогледово масло, а толку многу јадеш во ден...ќе смета ова. Шипки ќе смета
Планирам да не го сфаќам толку сериозно, оти нели е ова режим , исхрана... A не диета, брза и краткотрајна. Во однос на горенаведените работи, мислам, а не да јадам хамбургери или пива ....
Слабееш оти одиш во кетоза, телото веднаш согорува и вишокот и тоа другото што го ставаш. Можете да читате и за кето диетата успат, на сличен начин функционира како хроното, само таму се јадат повеќе масти. Абе мој совет е построго да ја издржиш рестрикцијата, онака, баш по правила, па после да видиш што ти одговара, што не. Па ќе си прилагодиш според тебе и потреби, време, итн.
Да, јасно дека колку повеќе ескивираш, толку поспоро и помалку ќе слабееш. Но, се' во однос на околностите и можностите. Реков да не се замарам за баналности оти од пазење, од мислење и ќе изгубиш желба... Нели ова треба да трае,подолго, а за тоа треба да се чувствуваме добро.
Здраво на сите! Нова сум на форумов, се надевам ме примате во друштвото Утре почнувам со хроново и се надевам на успех Ви посакувам успех на сите!
Три пати имам почнато со хроно и по две недели само издржував. Потоа се некои пригоди, и други дешавки се дешаваа. За рок од тие 2 недели, гледав да се припазувам по хроно, ама пусто си прекршував не идев баш некогаш по редослед. Секогаш бев -4кг, првиот круг бев намалена во обем кај рамениците, вториот стомакот а исто -4кг, третиот 3ипол кг минус а во обем нозете. Секој организам е различен, ете на @Ane-Goki1 и требале 2 месеци за 6кг, мене 2 недели, а 4кг ( а немам премногу за слабеење, повеќе за обем ми беше ) Би продолжила пак со режимов, ама ту мач месо има.
Ден 1. Супер се осеќам, сита од појадокот до ручекот, ќе видиме до вечерата дали ќе ми е исто. Лесно се чувствувам и расположено и ако ми е вака секој ден, далеку ќе дотуркам Ова е моето мени, но заборавив да сликам. Растојанието меѓу оброците ми е 5.5 часа. Појадок (8:30): Половина цеден лимон во млака вода. По саат и пол: - сендвич од тонус намачкан со Куц, сувомеснато и половина краставица. По половина час се напив кафе. Вода почнав да пијам саат и пол по појадокот, навикната сум да чекам после јадење да не пијам. Ручек (14:00): - свински кубети (така го викам свинското каре исецкано на мали коцкички и испечени без маснотии на грил-тава со оригано, босилек, хималајска сол, црн пипер) и - салата од краставица, домат и пиперка со две лажици маслиново ладно цедено и малку хималајска. - кафе Вечера (19:30) (планирам): - пилешки стек на грил-тава - краставица Вода досега испив 2 литри, до легнување уште 1-1.5 литар ќе испијам сигурно. Мислам дека е ок, што мислите како за прв ден? Што се однесува до манастирскиот леб, вчера го имаше и во Тинекс во Аеродром и во Кисела Вода.
Имаш и солидно веге мени, со доволно протеини Иначе, размислувам пак да пробам со хроново... ама само размислувам... сосема исфрлив леб од исхрана, само тонус јадам. Кога ќе постигнам сосема благо да исфрлам, тогаш ќе речам дека сум успеала. Се чудам колку ми беше полесно да се откажам од благото како помлада, издржав долг период без било каков шеќер, а сега е лесно да ме прелажеш. Мора да бидам попринципиелна.
Да, во рестрикција сум. Мислам дека пишуваа дека е дозволен 2-3 пати неделно, утре планирам путер да мачкам.
Млечни производи се дозволени од 3 до 4 пати максимум неделно. @Annath не можам, затоа што вегето ќе се сведе на печурки повеќе од дозволените намирници. Сеа за сега на мојата исхрана сум преку зима може хроното ^
Целта на диетата е да се сведи на минимум внесот на готови производи. Млечни производи се јадат, неколку пати неделно, но за почеток, во рестрикција дур тргне слабеењето треба да се избегнува урда и намаз. Тоа и Дузи го има кажано (и си ја земам како репер за диетава,да.) а и лично јас имам видено како на хронерка и пишуваат за намазот. Исто и за вечерата, во почеток да е полесна белки,пилешко. Па и за хељдини кори, во рестрикција не се препорачуваат Не верувам дека е штета од прв ред, ама кога е нагласено, зошто да не? Инаку секој може да јаде шо сака, не сакам да ми го земате постот здраво за готово.
Викаат дека не, ама ако некој до пред рестрикцијата бил навлечен на млечни производи, поарно е да јаде до 3-4 пати неделно, него да прекршува. Зависи од организмот; пак ќе кажам. Не секој организам е ист. Слабеењето е индивидуално, некој и со прекршоци може да ослабе многу кг, а некој да јаде по правила и принципи па да не ослабе. Секој за себе си знае Ете и во групана на фб, имаше со прекоумерена тежина на почеток исто млечно си јадеа, па ослабеа. ( тоа е мое видување за тоа и од лично искуство)
Не ми е мене проблем да не јадам млечно, секако не јадев до денес, а и повкусно ми е со путер на печено лепче Има логика на почеток на рестрикција да не се јаде млечно (за мене), сигурно подобар ефект ќе имам. Така е и со аткинсова и со кето, сум ги држела на времето. Чао млечно