Не да не се јаде млечно, кисело млеко, моцарела, млади сирења , да. Туку урда и кајмак конкретно, да се избегнува. И нормално, колку помалку прекршоци толку поголеми резултати.
Ово намаз кога бев на хроно беше дозволен, ама само од Kuc. Друг намаз oд Kuc или било која фирма воопшто не е дозволен, колку што ме држи меморија.
И @Ginger^ и @IronLady убаво ти објасниле @тиквица . Млечни производи(кисело млеко,моцарела,млади сирења) смее 3-4 пати неделно. Исто така смее и тој намаз погоре што го има објавено Ајронка. А сите останати намази се препорачува да се избегнуваат барем првиот месец.
Заборавив дека има и други млечни, чаото го повлекувам. Баш овој од твојата слика го имам, во ќесичка. Овој на сликата што ја објави Ајронка го мачкав денес. Читав на темава дека е дозволен, па затоа и го купив, други како АБЦ и слично знам дека не смее. Се мислев моцарела дали да купам, но си реков ај доста е намазов како за прва недела. Многу ви благодарам за мислењата, одговорите и советите, многу ми значат!
Тиквичкее, велком! Абе лапкај си кисело млекце и моцарела на почеток, стварно помалку подуваат. Иначе, забележав дека кога и да јадам фета сирење сум многу, ама многу подуена, така да, не го јадете тоа чудо. Ова за тоа Салакис, едно време хит беше во групата, сега не сум во тек. Мислам дека дури и рекоа ептен ретко да се јаде, ама не памтам убаво. Ако помине жешково ќе се дружиме построго, ова моево моментално не знам што е.
Благодарам за велкамот! Среќа не сум љубител на фета. Утре-задутре за доручек ќе лапкам кисело млекце, тоа обожавам Некако имам убаво чувство дека ќе ми легне хроново
Јас заборавив да кажам, -2 кг сум, за точно 7 дена. Машала, не е малку, макар и течности да се. Вчера се напнав, изгубив надеж, од трошење енергија на тоа пазењето...ама после дождот, сонце. Така креирам јас, плачка па играчка
Честито минус! А -2 за една недела? Еве ја мојата вечера - стек на грил-тава без маснотии, со малку хималајска и црн пипер - краставица - 2 пиперки
Малце несфатлива ми беше диетава, ама ме охрабривте Вие да ја започнам. Гледам е многу популарна, па здравје од сабајле почнувам. Колку време се држи?
Бравоо @Ginger^ Обем обавезно мери, ама после две-три недели и сама ќе приметиш разлика дали во стомак, нозе, раменици @Brojka 28 дена рестрикцијата е, но може да се продолжи се до посакуваната тежина ^
28 дена трае рестрикцијата(период кој може да се продолжи доколку не ја имаш изгубено килажата која што сакаш) Потоа иде надвор од рестрикција каде што се вметнува овошје,мешунки.... Тоа е период кога се oдржува килажата
Ајде, колку сме повеќе, толку повеќе мотивација! Бројка, велкам и со среќа! Јас заборавив сабајлево да мерам обем, утре сабајле ќе измерам. Едвај чекам да ги видам првите резултати!
Ви благодарам на одговорите. За личност како мене која има 40 кг вишок малку се 28 дена. Ама ќе ја почнам да видам како ќе ми иде. Тешки 28 дена да издржам.
Нема да се тешки, мисли на намалените килограми. Верувам дека со првите резултати и волјата ќе биде поголема да се издржи. Јас на фрижидер закачив ливчиња со бројки од 1 до бројката што сакам да ја симнам и како ќе кинам килограми, така ќе кинам ливчиња. Мора да си ја одржуваме мотивацијата Ајде, храбро, ќе биде супер!
Мене тоа цедењето лимон сабајлечки ме попишманува. Се си викам ајде од утре, утрето - кој ќе цеди сега, и така пак од утре. Дали би имало ист резултат со лимонов оцет?
За ова си во право. Кога ќе симнам макар и 2 кг ондак и желбата за јадење се намалува и повеќе сум мотивирана ама кога ќе накачам кило две тогаш уште толку ме дотепува психата и повеќе ме тера да јадам. Еве деновиве накачив 3 кг. Ви благодарам на поддршката, ми значи. Се надевам ќе Ви се пофалам за скоро време.