Сања, оној во пластично шише е лимонов оцет? Ако мислиш на тоа, сум читала дека е многу штетен бидејќи концентратот ја нагризува пластиката. Бројка, нема веќе накачување, сега само ќе симињаме килограми!
Ако се мисли на јаболков оцет или на каков и да е друг оцет не смее. Само цеден лимон без шеќер или евентуално билен чај. Некогаш ако не успееш да се напиеш нешто од тоа мислам дека нема да биде многу голема грешка. Се случува некогаш да немаме при рака тоа.
Вие двете тиквичка и бројка, дан се зачленивте на форумот само за Хроно исхрана? Која мотивација, хаха. Или ви стана одбивна Хроно групата на фб ?
Немам фб. Па затоа и не ја знам таа група. Па не знам, мене ме мотивира кога некој друг држи диета, тоа ми дава за волја дека и јас можам.
Досега не сум сретнала таков оцет. Ама во хроно е забранет секаков вид на оцет,па дури и домашен. Оцетот се заменува со лимон
Не сум била во групата, првпат прочитав за групата овде на темава, а се зачленив специјално за диетава, да пишувам и за да добијам поддршка. Искрено, за хроново се попалив од скоро, зедов да читам околу ова и наидов на темава. Ја прочитав трипати и ми се допадна. Си купив и книга, изгледав видеа еден куп и наоружана со оптимизам ви дојдов. Се надевам не пречам
Јас денес не се напив и утре нема, здравје. Претходните 5 дена кога бев дома ,пиев наутро пола лимон оти беше голем и уште еден и пол лимон во лимонада, во текот на денот. Си компензирам
Мислам дека не е и толку голема грешка тоа,искрено и мене некогаш ми беше досадно тоа. Исто се препорачува и повеќе пиење на течности,особено вода над 2литри. Јас ни литар не пиев ама слабеев.
Според воведниот пост во темава, има три оброци дневно, за доручек јаглехидрати и протеини за ручек и вечера протеини, така?
Јас со хроново, жедна сум како никогаш до сега. Не се терам да пијам вода, туку ми се пие.Пијам по 2-3 литри, гледам ми го забрзува и слабеењето.
И јас пијам многу вода, 3-3.5 литри летно време, а во зима 2 литра обавезно. Ќе видам хроново како ќе ми делува.
Точно така,за ручек појак протеин со мешана салата,а за вечера полесен протеин(пилешко,риба,белка) со бел и зелен зеленчук. Точно е колку повеќе вода се пие,побрзо се слабее. Летно време и јас пијам доста вода,ама зимно ни литар не можам.
Ви се пие вода повеќе затоа што сте во кетоза, по 2-3 недели ќе се стабилизира. Очекувајте и ноќни потења, има и едно keto flu се вика, побарајте, да не се чудите од симптомите. Иначе лимончето е убаво насабајле заради тоа што така се воспоставува базна средина во организмот. @sanjaeva подобро само чајче/топла вода отколку такво од шишенце. Можете и со малку ѓумбир да си го пиете, убаво е лимон да се пие наутро, некако го буди телото, убаво е и за лицето. Јас во последно пијам само чај од камилица зш лимонот не само што е скап (налет парите) туку е и многу грд, капка не протекува од него.
Јас па се надевав дека нема да влезам во кетоза бидејќи се надевав дека јаглехидратите од лебот нема да дозволат кетоза. Баш за некое време ќе проверам преку урина дали сум влегла. Кај мене пиењето вода нема врска со кетоза, секогаш пијам многу вода, си создадов навика во изминативе години.
Тууууу А никаде не пишуваше дека се влегува во кетоза, си реков лебот си ја врши работата. Ај баш ќе проверам за две недели дали сум влегла. Се убив од одење во вц и си се лажев дека честото мокрење не е затоа што нема јаглехидрати да држат
Ден 2. 7:45 - млака вода со лимон 8:30 - појадок (пеперутка???) - 2 парчиња печен тонус намачкан со путер - краставица - 2 варени јајца - 4 парчиња пилешки гради Сега се спремам да пијам кафе. За ручек и за вечера исто како вчера. Бројка, кетоза е состојба кога телото за енергија ги користи маснотиите (бидејќи не се внесуваат јаглехидрати). Ова накусо, но на нет има многу за ова, пребарај на Гугл за детали. Почна од денес?