Пилешки гради и слични преработки не, само домашно чадено месо, пршута, печеница. Саламите имаат додатоци кои не се пожелни во хроно, значи сувомеснатото треба да е само со сол, по правило. Јас не се придржував до тоа, купував печеница и пршута каква ќе најдев, ама не јадев многу количински. За доручек само. Се што е од житарки е од групата на јаглехидрати, а тоа е дозволено само за појадок.
Јас еве веќе еден месец сум на хроно. За еден месец симнав 4 кг, можеби не е многу ама задоволна сум со оглед на тоа што дојам свесно правам "грешки" и не се придржувам строго кон правилата за во рестрикција, ќе ми дојде нешто помеѓу рестрикција и вон рестрикција. Наутро пијам лимон со млака вода и ѓумбир, после пола саат појадувам, се што е дозволено во рестрикција, освен сувомеснатото кое го купувам во маркет и не е само солено, најчесто свински врат и печеница. Потоа пијам турско кафе со стевиа. Ручекот најчесто е месо, свинско, телешко, ќофтиња од мелено месо (најчесто мешано), копани, риба, со тиквички, модар патлиџан и салата. Еднаш неделно јадам и грашок или боранија, тогаш не јадам месо. Вечерата ми е најголем проблем, затоа што не можам и за ручек и за вечера да јадам месо, па најчесто јадам печурки, туна, неколку пати имам јадено и цело јајце. Салата краставица најчесто. Јадам и овошје, помеѓу ручекот и вечерата, лубеница, диња, праски, кајсии. И после ручек пијам нес кафе.
Нема да можам да се придржувам до тоа да јадам само домашно сувомеснато, за жал. Оваа шункава само за денес ја имам, а од утре имам печеница или свински врат, но купени од маркет. Ручекот денес (14:00): - 160 гр свинско каре сецкано на мали коцкички и на грил-тава со млад кромид и зачини... прекрасно беше - тиквица на грил-тава - салата од патлиџан, краставица, пиперка, две лажици маслиново, хималајска Вечера: (19:15) исто како вчера, без маснотии и без сол - стек - краставица - пиперка Вода веќе 2.5 литри имам испиено, а до спиење можеби уште 1 литар ќе испијам, па можам да се префрлам во вц да спијам.
Може ли некој накратко да ми го објасни ова ХРОНО начинот на исхрана (диета)? Некако ми е прекомплицирано секогаш кога ќе почнам да читам ))
Секако дека пишав на нет, ама се од тоа ми изгледа некако прекомплицирано... Како тоа да јадеш во 14 и да вечераш во не знам колку ќе направи да ослабнеш?
Ден 3. (вчера) Прво цеден лимон во млака вода (8:00) Појадок (8:30) Ручек (14:00) Вечера (19:30) Ден 4. (денес) Лимон во млака вода. (8:00) Појадок (8:30) - печен тонус со путер - печеница - 150 гр кисело млеко - краставица За ручек планирам белки од јајца со праз и салата од патлиџан и краставица. За вечера во план ми е сардина со краставица.
И Ане-Гоки убаво обjaснила што како. Барем мене ми е полесно да го разберам што како. Доколку сакате може постот да се одвои како посебна тема за правила на хроно и слики. Или ако треба да се дополни нешто нека кажат поупатените. @Doozy @Ginger^
Можеби е добро да има една тема за правила и прашања во врска со хроно, а друга тема за дневно мени (кој што јадел) и слики.
Кај хроното е важно да се запази сатницата на оброците, значи да се јаде во точно одредено време, одредена комбинација на продукти. Затоа се вика хроно. Појадокот е најдоцна два часа после станување (најубаво да се јаде до 9 часот најдоцна, после тоа не е пожелно, ама сепак зависи од биоритамот на личноста), ручекот после 4-6 часа од појадокот (најубаво на 5,5 часа) и вечерата е исто после 4-6 часа од ручекот. Со ова се овозможува храната да се свари како што треба, хранливите материи да се искористуваат како што треба за да се спречи наглата промена на нивото на шеќер во крвта. Затоа се јадат намирници кои имаат низок гликемиски индекс или воопшто не содржат било какви шеќери (секако дека не е само сахарозата во прашање) и никако не се јаде меѓу оброци, освен во траен режим кога има една ужина во периодот од 17-19 часот, а може да биде овошје (со низок гликемиски индекс) или црно чоколадо со над 75% какао.
Може посебни теми, една со правила, друга со слики и мени, затоа што реално, кај што има слики, ништо друго не е прегледно. @CrazyOne ќе го прочитам убаво во текот на денов и ќе дополнам ако има што да се дополни, иако @Ane-Goki1 супер објаснила. @Annath до 10 е појадокот, ручек до 16ч, вечера до 22 часот. Ужина зимо - 16-18ч Ужина лето - 17-19ч
https://forum.femina.mk/threads/Хроно-исхрана-правила-и-прашања.27670/ Постот на @Doozy е сместен како нова тема каде што ке можете да се информирате и да прашувате што како. Оваа тема нека биде како ваше дневно мени со слики. Дузи се намачила ама ептен убаво е составено што како.
Да знаеш колку наплаќам за вакви постови на клиенти, вие со протекции фор фри ги добивате. Се шалам, не беше толку мачење. Сигурно имам испуштено нешто, затоа кој како „уловува“ некоја грешка или дека нешто фали, нека каже, ќе дополниме. Ај после ќе гледам да ставам некое сликиче овде од ручекот.
@Doozy моjaта работа за да префрлам пост или нова тема е две минути Секоja чест на трудот И фрлете се на диети, лето доjде
Браво @Doozy Се си напишала, да додадам само дека веќе може и до 12 жолчки неделно, претходно беа 8. Белките се неограничени. Може да користете масло и од грозје и сусам за готвење. Јас користам маслиново од Кам, помес, за готвење што е. Ледено цедено само за салати. Моментално сум на одмор и не сум на хроно иако сакам да се ставам деновиве, на крај на месецот сестра ми има регистрација па уште 2-3 кг да симнам нема да е лошо. Целта ми беше прво 65, сега има 68. Инаку јас имав многу добар резултат со целулитот. @Doozy виде и слика. И тоа само од една рестрикција. Значи, сите диети ми се испробани, ама ова ми е магична. Слабееш како да си на липосукција, и онаму кај што треба. Е сега досадна е малку оти бара организација и готвење. Ама за лепота се трпи.
О, ти благодарам! Еве вакво објаснување ми требаше. Секако, ми треба уште малку истражување. Ти благодарам многу!