денес го завршив 13 ти ден, еве некои слики од оброците се уште не гледам разлика дека сум ослабена ама не се откажувам ќе терам како што реков, поискусните кажете дали грешам некаде во јадењето (салатите ги правам со лимон, маслиново и химелајска сол) 1 сл.-леб тонус, јајце пржено и сувомеснато 2 сл.-свинско ребро со зелка салата 3 сл.-белка и краставица 4 сл.-тостови со печеница и доматно пире со кисело млеко 5 сл.-копанчиња печени со марула 6 сл.- марула со туна 7 сл.-потпечен тонус , ајвар, јајце и сувомеснато 8-сл.- плескавици од телешко месо и зелка салата 9-сл.-белки пржени со карфиол и марула
варираат 1-2 килце, ама не ми е битно во кила додека не се познава на мене, ама се уште не гледам таква промена
Има ли некој што ја држи моментално? Знам, во мнг лош период ја почнувам но сакам,крајно време е...толку ја следам читам ја сакам до сега 100 пати ќе ослабев. Денес прв ден. Месец ќе ја држам. Имам 5-6 кг за минусирање а повеќе ми е за дефиниција. Дор. Слика во прилог Руч. Стек со кромид и прокељ Век. Брокула-карфиол потаж со белка Ми треба подршка друштво!
Јас од септември ја почнав, сега веќе сум во полабав режим. Многу ми е лесна за идржување, а до сега ослабев нешто под 8кг
Те дружам, од утре трета рестрикција стартувам Ама немам време тука да постирам Ама за денес имав: Доручек: две тонус лепчиња, кајгана со зачини и печеница. Ручек: 2 бутчиња и патлиџан Вечера: белка и краставица.
@Bozica1980 јас ја држев ептен краток период околу 30 дена и навистина имаше резултати ама премногу ми беше скапо и замарање секој ден што да готвам за мене, што за моите. Летото можеби пак би ја почнала. А за резултати има резултати јас симнав 6 кг и еве сега пак си вратив 4.
Се трудам да се приспособам со домашните. Многу време е поминато но не планирам да се враќам на "обичен начин на исхрана" би терала вака за постојано.