Хроно исхрана - дневно мени и слики

Дискусија во 'Диети' започната од rokiroksana, 24 септември 2013.

  1. Isobel

    Isobel Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    212
    Многу вкусно изгледа. Има некој посебен рецепт?
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.788
    Допаѓања:
    253.995
    Пол:
    Женски
    Најпросто на свет. 400мл вода врие и се ставаат 5-6 лажици јачменово интегрално брашно. 30тина секунди да се соедини смесата и може да се додаде сол, путер, урда, чварки...по желба.
     
    На macunka и Isobel им се допаѓа ова.
  3. 4frodit4

    4frodit4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Денес прв ден хроно (fingers)
    Ден 1
    - Доручек: Тостиран Тонус леб (микс семки), кулен, јајце на око, салата
    - Ручек: Гулаш со печурки и салата
    - Вечра: Белки со младо кромидче и салата
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.363
    Допаѓања:
    73.035
    Пол:
    Женски
    Ви се придружувам во Хроново. Денес за појадок тостиран тонус со путер и варено јајце
    Ручек пилешко и цвекло салата
    Вечера во план пилешки стек со марула
    @Bozica1980 или некој друг, може ли бадемово млеко да се користи во кафе, ич не ми е убаво без млеко
     
  5. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.788
    Допаѓања:
    253.995
    Пол:
    Женски
    Може но домашно направено. Неколку лажички е сега колку често треба да се потсетам. Јас не користам.

    Ручек и вечера би требало да е различно.
     
    На EuHenIa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.972
    @Bozica1980 Божо дај карај ме да се вратам фул тајм у хроно ко шо си бев. Све супер со појадок, ручек, ама ќе дојде ли 4, 5, у вода паѓа се'.

    Не сум за рестрикции сега, ама ете има и траен режим, а пак изводам. Уствари, трајниот режим го терам со постојани киксови, сладолед највише.(facepalm)

    Кг се топат и онака ама дефинитивно подобро ми беше на хроно траен режим, поенергична, најадена, повеќе контрола врз себе. Шо е ова сега. |(

    Постов е можда за во катче Психологија ама ја да си ја кажам маката. :rofl:
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.788
    Допаѓања:
    253.995
    Пол:
    Женски
    @Doozy друшке у сезона на сладолед стај се на хроно со време :rofl:
    Од роденден идам уште имам лиги од тортите околу мене. Не една, две имаше :envy:
     
    На EuHenIa и Doozy им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.972
    Амааа нели, нели? Цел свет јаде шеќери:envy:

    Плус холестеролот ми е маалку покачен, срамотилаци. Тоа дека си папам хроно појадок па мевце за ручек и на крај за ужина си таманам сладолетче после, и све се лепи. ;(

    Грев. :|

    Ќе се потрудам ајде, уста не ми се отвора веќе на ништо, можеби ќе се прелажам со помали порции месо и овошна ужинка. Немој па многу нагло да дојде, не смеам сега |(
     
    На EuHenIa и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  9. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.788
    Допаѓања:
    253.995
    Пол:
    Женски
    Мене некогаш навечер ми се превртува желудник од красавици и риба.

    Но! Синоќа така јас умно смислив дека ќе направам отстапка и изедов банана и чаша млеко. Храна која ја јаде цел нормален свет. Мене стомак ме искина. А за грижата на совест зборува и тоа дека и тука пишувам. На сите им кажав дека згрешив.
     
    На annaitose26, EuHenIa и Doozy им се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.972
    :rofl:

    Простено ти е, навистина иде тешко од храна на којашто не си навикнат.

    Јас се трудам и обем на порции да намалам, се изнагледав све и свашта што се случува кога лапаат луѓе без граница и не беше ич фино. Навистина јадеме преголеми порции, непотребно. :|

    А и частење... едно две, само се частиме со јадење. Мислам, зошто, мора ли сите емоции со храна да се врзани?

    Не знам, навистина ми треба решение на долги патеки. Не може храна да ти биде толкав терет, и јас чувствувам вина за најмали отстапки и тоа ми е главен знак дека односот во главата не е во ред.

    Да има некој да ми спрема и носи три оброци на ден, направени по пропис и да нема кујна во близина, е само тоа е за мене. :!:

    И сите тие што јадат да преживеат да се јават на рецепција и да кажат како. :D
     
    На joy1, Bozica1980, Melodie и 2 други им се допаѓа ова.
  11. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.363
    Допаѓања:
    73.035
    Пол:
    Женски
    Девер ни јаде да преживее, јатрва ми коси корне од нервози, цел ден го тера да јаде како мало дете. Коска и кожа е :) цел живот така.
    Еве ме и мене. Доручекот топ, ручекот добар и до вечера ќе зезнам нешто. Ај денес да видиме.
    Прашање: печурки и месо не се комбинираат нели?
    И сувомеснато само домашно, чисто, од еден тип месо направено. Читав погоре кулен, па се запрашав дали смее, јас кулен и ајвар комбинација секој ден би јадела.
     
    На Bozica1980 и Doozy им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.972
    @EuHenIa ајде да се дружиме и да патиме заедно :envy::rofl: Мој совет, ако ја немаш прочитано, да ја прочиташ книгичката од Ана Гифинг, јас затоа толку како слеп за стап се држам за хроново... Ептен држи вода напишаното.

    Месо и печурки не, и два млечни не.

    Можеш кулен ама не знам колку е „чист“. Имаш во Кам убава печеница, таа лајт. (ама и таа е мислам со некои чуда внатре)

    Јас денес за појадок 'ржани макарони, урда, патлиџан, пиперка и кромид. За ручек стек и салата, за вечера здравје Боже, нешто паметно. (печурки, пример) (poolparty)

    И еве пијам вода. :bug:
     
    На Bozica1980 и EuHenIa им се допаѓа ова.
  13. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.363
    Допаѓања:
    73.035
    Пол:
    Женски
    Денес за ручек, ми рекоа дека вака може, 100г бадеми/ лешници и салата. Денес ќе пробам
    20180507_140723.jpg
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.175
    Допаѓања:
    199.996
    Пол:
    Женски
    Ако е со салата, 50г треба. А без салата се 100г.
     
    На Bozica1980, Doozy и EuHenIa им се допаѓа ова.
  15. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.363
    Допаѓања:
    73.035
    Пол:
    Женски
    Добро е и така помалку изедов, не можев сите. Е сега се надевам да не ми се пријаде до 19 :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.363
    Допаѓања:
    73.035
    Пол:
    Женски
    @Doozy каде купуваш ржани макарони?
    Денешно мени: појадок 2 тоста од тонус леб со путер, фета сирење и домат, ручек домашни кобасици и марула салата, вечера ( во план е ) еден батак и краставица салата.
    Ако има грешки пишете.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.972
    @EuHenIa ги има во Биокосмос и во Веро низ Скопје, баш се убави, препорачувам. Само нешто ко да не смееја многу често да се јадат, или можеби сум грешка.

    Таман ти е менито, ама избегнувај фета во почетокот. Урда или кисело млеко. Пробај тостови со урда, доматен сос и печеница, мене ова ми е супер комбинација. :)
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.363
    Допаѓања:
    73.035
    Пол:
    Женски
    А смее ли да се меша урда и печеница во исто време? Јас мислев или млечно или сувомеснато, а не двете заедно. Или тоа за јајца важеше????
    Уште сум во прашалници
    И ај ПЛС слика од тестенините.
     
    На tigrica92 и Doozy им се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.972
    Можеш, да. Не можеш два млечни или млечно и јајце. Т.е. млечно и јајце можеш, ама ретко, 1-2 пати месечно.

    Можеш со сето тоа и хумус, пробај ако немаш јадено. Леб, хумус, ајвар и џимиринки за частење душа. :D омилен хроно појадок после омлетите!

    Еве ги тестенините

    http://www.biocosmos.mk/rzhani-integralni-testenini

    Само да знаеш, мнооогу излегуваат, јас едно пакетче на трипати го јадам, ако е 300 гр само, а јадач сум си реално.

    Понатаму можеш и кори од хељда да си купиш, тие се ептен убави. Арно ми текна и јас да земам, прав бурек испаѓа.

    Еј за сирењето, можеш и моцарела. Јас од Кам ја земам моцарелата, најубава ми е.

    Иии ако имаш време и желба, на Виолета сајтот е навистина супер, hronorecepti.mk
    Варените ѓевречиња се посебно убави, а брзи за правење.

    Дури предлагам модератор да го стави во воведен пост, супер рецепти има @CrazyOne Само те молам провери да не сум грешка со линкот дека од телефон сум
     
    На tigrica92, LollySky, CrazyOne и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.045
    Допаѓања:
    19.411
    Пол:
    Женски
    Средено, Линкот го имате во првиот пост од темава. :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.