Дали морам за појадок путер и месо да јадам? Може бадеми лешници или нешто слично? Баш и не ми се јаде наутро..
https://forum.femina.mk/threads/Хроно-исхрана-правила-и-прашања.27670/ За подетални информации околу хроното овде во оваа тема. Би Ве замолила се што не Ви е jасно да се префрлите во другата тема. Благодарам.
^-белки -печурки(потаж еден гледав лиги ми потекоа) -стек Со зелка салата, краставица, тивички... Досадна е вечерата знам
Потаж треба да напраам, ама ептен не сум вична у кујна. Брокула неќу ама гледам има некој со тиквица. Тој треба да го пробам. Јајца, стек и печурки веќе јадев, ќе ги свртам до следната недела пак...ќе умрам со вечерава, не знам што чоек да јаде више.
Белки, стек, печурки, туна, јас додуша јадам цели јајца, некогаш кога нема да ми се јади јадам салата и неколку бадеми.
-4 кила за 15 дена Додуша уште пред 3-4 дена сум на оваа килажа, осеќам дека стагнирам, а се хранам мн правилно, ама знам дека си е нормален процес. Малку ми е стана напорно со готвење, зашто сама морав да си праам и појадок и ручек и вечера, ама тоа е инцидентни ситуации, сеа пак ми се врати помошта, барем ручек ме спасува, доаѓам дома на пауза на зготвено. Ама тва е, издржав 4-5 дена. Почнав да јадам поише месе со вечера, претежно пилешко, секој втор ден тоа, зашто туна не можам, ама јбига бољи пилешко него само салата. Сакам барем уште 7-8 кила да симнам со диетава. Тамн после ќе ми останат нешто ситно 3-4 кила а за тоа знам дека треба убаво потење на гз и внимање. Планирам и после да продолжам со хроно ама вон рестрикција, да јадам некад овошје, ориз и компир (варени). Благо си реков нема до нова година и никакви грцки/соленки/чипови/сосови. Леб тук таму може ќе јадам не хроно ама интегрални има со квасец што се. Сепак за толку малку време е голем резултат, и пред се ја не сум гладна, што е најбитно
На прагот на 20тиот ден -5 кила Денес бев да пазарам се што ќе ми треба за наредна недела од оброци и сфатив дека јадам повеќе од порано. Со тоа што количински не јадам премногу месо (не поише од 200-250 грама у оброк) ама салати дефинитивно. Една голема зелка ја јадам у 3 дена макс. Порано зелка со молење еднаш неделно дали јадев. Марула сум јадела секад по една неделно, сеа две јадам до три. Домати 2 кила, Краставици 3. Почнав да купувам хроно леб од еден германски, го има у Веро и у Кам, со квасец е ама го стават на тостер и тој ме најадува мн повеќе од другите и вкусен е ептен. Тонус и фурна диме ми се одвратни, само тој еден на унилукс ми е многу вкусен ама тешко се наоѓа и малку трае 3-4 дена макс (што е добро зашто вајда нема многу хемикалии). Утки немам многу напраено освен што јадев еднаш аргета паштета за појдок место домашна (упс) и јадам за вечера јајца-пилешко-печурки само, по тој редослед што е реално не многу разноврсно ама тоа е, ми е згади од туна. Кафиња пијам по две, мн ретко 3. После мн напорен тренинг знам да изедам шака бадеми, секако тренингот ми е до 9, ќе кснам у 9ипол до 11ипол е сварено и си легнувам. На просек у тренинг се трошо по минумим 500 калории, па не сакам телото толку да го истрошувам и решив да правам искличок само после вежбање. Релативно издржувам, преку ден ич не ми се јаде, вечера претежно со сила ја јадам, ама а чукне 10-11 навечер ја сум мртва гладна, како ништо да не ми дале во уста цел ден. Проклета навика да јадам у 12, многу ме мачи. Ама издржувам, пијам шише вода и у кревет( сабајле трчам одма да мочам) Јас лимонади мн не пијам, па ни чаеви, не ми се вкусни, само вода, ама вода по 4 литри на ден, ама затоа мочам по 5-6 пати. Ко дете некое. Ми фали цедевита како ништо друго на светот ама ќе издржам, у рестрикција нема да пробам, после ќе си ограничувам неделно на 3-4 (по 2 пиев на ден порано) Ми фали шеќер во кафето, многу. Планирам да купам бадемово млеко, колку толку да ми има некој вкус, не за друго дома нес не се издржува само со вода. На работа/у кафич еспресо од машина се трпи, секако е наменето за без млеко. Ми фалат пуканки, домашни, без сол и зејтин, варен компир и веге лазања. Коа ќе дојдам до некоја килажа од -8 до сеа ќе се частам домашна лазања. Јбг еднаш и две недели или у месец нема да ме напраи стока. Плус еднаш се живее
Зошто вечерите се најдосадни. Печурки, тиквички и салата зелка. Имаше повеќе ама ја изедов дур другото се печеше
Појадок: тонус со путер, намаз од жолчки од варени јајца, домашен хумус, ајвар, чадена печеница, краставички. Ручек: Манџа со свинско и зелка салата. Вечера: Печени крилца и зелка салата. 1 рестрикција помината, веќе во втората. Прва рестрикција -7 кг.
Девојки ајде помош за оволактовеге мислам се вика, за другарка ми сака да премине од рестрикција и не и е јасно што смее. Боранија, грав, компир колку често? Што е различно од рестрикцијата? Поздрав.
Не е диета туку режим на исхрана ако не планираш цел живот да си на режим не почнувај мој совет а се слабее јас за една рестрикција ослабев 10 и престанав ми се смачи од месо и одма ги вратив кг