Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хроно исхрана - дневно мени и слики

Дискусија во 'Диети' започната од rokiroksana, 24 септември 2013.

  1. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Само да ви кажам, денес ова го пробав за вечера од линкот погоре и ми лајк ит вери мач ]:) Плус лесно и едноставно за правење е.
    Често ќе ми биде на менито за вечера
    Grilovano-povrce-s.jpg
     
    На LolitasLola, Elaria, Ctete и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Само пробај да не го јадеш пречесто,бидејќи ако не грешам тоа се печурки, а не се препорачуваат да се јадат за вечера затоа што се тешки за варење.Подобро практикувај ги за ручек
     
  3. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.670
    Допаѓања:
    8.585
    Пол:
    Женски
    Подобро и да не се отвара група на македонски на фб, ако се делат совети како во темава :rofl::rofl:

    Колку грешки правите, уште во група да си ги пишете некој да ве послуша, е тек тогаш нема да има ништо од диетава.
    Ги гледам оние на фб, за два месеци губат и по 12 кг (секако со умерени вежби) ја отварам темава и се чудам зашто сите губат упола по 5-6 за ист период. Ја исчитав убаво и сеа ми е јасно.

    Пошто ве мрзи да си симнете прирачник еве јас ќе пишам тука.

    Пред појадок или за време на појадокот потребно е да испиете шоља чај ( биљни=растителен? не ми текнува во момнтов соодветен термин на македонски), значи од нане, коприва, камилица, зелен чај, мајчина душа, ајдучка трева, планински ( никако овошни, од шипка, шумско овошје итн ). Ако не можете чај тогаш лимонада направете си.

    За појадок леб ( обавезно тостиран) од рж, јачмен, овес, хењда. Понекогаш може и црн или интегрален.
    Може да се јаде кажа од палента, киноа или амарант со кисело млеко НЕ СО ЈОГУРТ.
    Потоа дозволен е путер ( не маргарин) кајмак, павлака, фета сирење - секако колку поретко толку подобро но сепак не е недозволена храна за појадок, кисело млеко.
    Понекогаш може да си дозволите сендвич со шунка или пилешки гради, кајгана, посна пита, тестенини со сирење.
    Избегнувајте: бел леб, тестенини, кифли, тост-леб, бурек,печива и се останато направено од бело брашно, проја, качамак( не знам на мак што е ова) ии се од пченкарно брашно како и ориз. ПОтоа корнфлекс, и снегулки од секаков вид житарки, млеко и млечни производи-обично млеко, јогурт, зднеки топени сирења страи сирења итн. Важно е од месни производи да се избегнуваат оние преработените-салами, виршли, паштети, месни нарезоци, и слично сувомеснато.

    Ручек
    Месо- печено, варено, пржено поретко колку можете избегнувајте, понекогаш јајца.
    зеленчук- печен или како вариво - печурки, тиквици, пиперки карфиол, брокули домати...
    Понатаму салати од зеленчук, свежо рендан морков, целер цвекло, роквици артичоки, шпаргли и слично, лук, кромид, свежи домати, свежа зелка зелена салата краставици, црни маслинки...
    Да се избегнува- било какви производи од брашно, - леб, запршки, шпагети кнедли, потоа мешунки ( грав, грашок, боранија, леќа - што вие си го јадете! компири- исто така ги јадете, и било какви производи од компири.


    Вечера - месо- или риба - најидеално, или пилешко, или белки од јајца.
    Зелен лиснат зеленчук како салата или варен( зелка, зелена салата, блитва, спанач брокули, кељ, праз, магдонос)
    малку масло е дозволени маслинво, ленено, сусамово или од тиква ладно цедено.
    За вечера се избегнуваат истите производи како и за ручек што не се дозволени, плус сите млечни производи не се дозволени за навечер.

    Исто така обавезно да се избегнуваа сите видови на слатки, овошни и газирани пијалоци, кечапи мајонези, додатоци за салати, инстант супи...

    Дозволени се домашни супи од зелен зеленчук, како и готвежни јадења, полнети пиперки, тиквици, сарми- ама без ориз ! како и мусаки но без компр!

    Првите 4 недели се елеминираат секаков вид на слатки, овошје, жестоки алкохоли,. После 4 недели мо=е постепено да се воведе овошје, од 17-19 часот а преку зима од 16-18 кко и црно чокалодо и здрави слатки но во ограничени количини.

    Прв пијалок мора да биде растителен чај ниакко овошен, со додаток на лимон, потоа следи појадокот. Ова има за цел да ја зголеми базноста на организмот- што носи до чистење на целиот организам.
    Кафе доколку се пие, се пие обавезно после појадок, и тоа без шеќер, или пак со стевија.
    Потоа млеко, јогурт, маргарин, и шумливи таблети, мастики без шеќери вештачки засладувачи како аспартамот, никако не смеат да се земаат.

    измеѓу секој оброк мора најмалку да има 4 часа, но тоа не значи дека треба да јадете на секои 4 часа.

    Наутро никко не смее овошје да се јаде, слатко леб ни црн ни интегрален, пици, ленени плочки, грисин,чипс пуканки макарони ориз грашок компир грав или било каков скробен производ.

    Неопходна е физичка активност, односно брзо и бавно одење комбинрано со длбоко дишење минимум 15 мин максимум 45.
    Доколку имте потреба од благо можете единствено да земте една шшака бадеми во било кој период од денот.

    Нема да имате резултати ако- го прескокнувате појадокот, јадете овошје и слатки првите 4 недели, а подоцна доколку го јадете за вечера или појадок, пиете лкафе пред појадокот, правите рестрикции во количините, палите цигари пред да појадувате...


    И вака коа ќе ја видам целосна дитева, чудно би било да не се ослабе од неа. Целата е само зеленчук и протеини, не се јаде благо и скроб, дури и овошје се избегнува. После неа не знам во каква состојба би биле бубрезите. Читам на фб на групата на повеќето им се зголемени минералите и протеините - што води до други компликации во организмот.

    Јас ќе си ја почнам УН, бидејќи ми изгледа како далеку полесна и попристапна од оваа, и побрза секако.
    Оваа можеби би ја почнала кога не би имала обврски и би имала време да си го подготвам јадењето, затоа што како и да е мора да се прави лебот дома, и месото да се пече и вари.

    А да и да напоменам, ако ви е полесно и попрегледно имате табела и можете да си ја симнете, сите намирници се штиклирани кога се дозволени да се јадат, така најбрзо можете да си проверите жто ви е дозволени што не.
     
    На CarrieBradshow, galapce, Elaria и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Fillia

    Fillia Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.646
    Пол:
    Женски
    Поздрав девојки :) јас да се пофалам дека втор ден сум со режимов и одлично е. Инаки има и форум за хроно исхрана цел фоеум е за тоа наменет и мн помага. Е додуше на Српски е...ама не е нешто неразбирливо... за два три дена ке споделам резултати
     
  5. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Токму сите овие работи ги имам напоменето во темава така да тоа за грешките не важи за сите :D.И мислам дека би било добро да се отвори група и на македонски каде што ќе се поддржуваме и ќе делиме совети тие што сме поупатени.Исто така симнувањето на килограми зависи и од нашата тежина не може исто килограми да симне за еден месец оној кој што има 150 и оној што има 70.Затоа некој кој има 150 за еден месец симнува пример 10 а друг 5,се е индивидуално.И што е до чајот не се пие за време на појадок туку 30мин пред појадок или после појадок(може да се пие цел ден кога сакаме само да не е одма пред појадокот или после него),а кафе 15мин после појадок или ручек,за вечера не.А што е до воведувањето на благо после 4 недели тоа се зависи од тоа дали за тој период сте го симнале вишокот на килограми.Затоа има период на рестрикција 28 дена или пак додека не се достигне посакуваната тежина.Oткако ќе се достигне тежината што ја посакуваме тогаш се воведува ужина и тој период не е рестрикција тогаш има некои посебни правила(се дозволува и грав,грашок....).
     
    Последна измена: 22 декември 2015
  6. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.670
    Допаѓања:
    8.585
    Пол:
    Женски
    Не знам тебе од каде ти се информацивее, ама јас ги препишав од прирачникот.
    Така да повеќе нему му верувам.
     
  7. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Од групата ми се од тие што имаат ослабено со помош на исхранава и повеќе од тие информации во прирачникот се сменети кафе се пиеше 30мин после доручек и ручек а сега е сменето на 15мин и уште многу други работи.Секој има право да се придржува до тоа што мисли дека е точно
     
    На Fillia му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Fillia

    Fillia Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.646
    Пол:
    Женски
    И јас сум приклучена во групата и потполно си во право - симонче прочитај го убаво правилникот т.е има и опширен може од скратениот си читала па си пропуштила во врска со кафињата и чаевите ;)
     
    На Ane-Goki1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.670
    Допаѓања:
    8.585
    Пол:
    Женски
    И двата си ги симнав и детално ги прегледав.
    Ама си кажав погоре, сега за сега не ми е соодветна диетава.
     
  10. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    дали во хроново може туршија да се јаде? ако да, кога?
     
  11. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Ако има оцет во неа и шеќер, не смее.Може да се јаде ако е направена по правилата на хроно иначе не.За ручек смее да се јаде,а за вечера само зелените и белите зеленчуци од туршијата
     
    На Neodlucna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    8.515
    Пол:
    Женски
    @Ane-Goki1,само ја следам хроново те тука,те на ФБ,ама некако не се осудувам,го гледам како скап режим,и башка некако напорно-да правам башка за мене,башка за домашниве,ти што викаш?
     
  13. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Па и јас мислам дека не е баш евтино со оглед на тоа што се јаде секој ден месо.Ја си готвам сама не ми одзема многу време дека обично стек,риба печам.Ама и парите што ги даваме за месото ќе ги потрошиме на друго нешто секако ќе отидат.Па и домашните ќе можат и тие да јадат од тоа.Јас мислам убаво би било да се направи група на фб на македонски и да си делиме совети таму да си помагаме ако некој се согласува убаво би било.Тоа што знаеме ќе споделуваме таму ќе даваме предлози за јадења итн.
     
    На Elaria, Ctete и VladeMila им се допаѓа ова.
  14. Fillia

    Fillia Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.646
    Пол:
    Женски
    Ако сме вака ''активни'' не се исплати група да се отвара. ☺☺☺☺
    Има ли некој што го применува режимов...ајде споделете.
    П.с јас сум од 21 на режим имам -1,4 кг ако иде со ова темпо ќе биде ок
     
  15. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Епа мора некако во групата да направиме секој да споделува идеи за готвење,правила,кој колку ослабел да ги мотивира другите.Мислам дека добро би било после празнициве да се отвори таква група на македонски.Ја сум од 14.10 последен пат бев -6кг кога се мерев на 14.12.И мислам дека е сосема ок да се слабее со ова темпо се што е премногу е претерано.
     
    На VladeMila и Elaria им се допаѓа ова.
  16. Fillia

    Fillia Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.646
    Пол:
    Женски
    Иииии :) браво -6 кг е убав разултат :) јас да стигнам до -6 супер ќе биде
     
    На Ane-Goki1 и VladeMila им се допаѓа ова.
  17. saymyname

    saymyname Активен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Здраво,сакам да се посоветувам со вас.
    Пред околу 5 месеци бев на диета и крвта многу ми ослабе,а менструација немав 4 месеци,се додека не се вратив на стариот начин на исхрана.Сега ми е се во ред со менструацијата.Но,имам многу за слабеење околу 25 кг. Внесов некој режим во исхраната сега веќе ми е 3 ден,ама се плашам пак да не ми се повтори тоа. Затоа сакав да ве прашам дали има некакви шумливи таблетки(без додаток на шеќер) или витамини кои содржат витамин Б12 и Б9 (против анемија),и од каде се купуваат?
     
  18. maky718

    maky718 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Me interesira dali se gubat kilogrami so hrono ishrana ama bez restriktiven period? Malku mi e tesko da izbegnuvam kompir oriz grav i grasok za rucek.
     
  19. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Ne sum probala,ama spored toa sto znam vo restrikcija se gubat kilogrami,a nadvor od restrikcija se oddrzuva tezinata(se izvinuvam za latinicata nemam mak poddrska na mob)
     
    На maky718 и despina им се допаѓа ова.
  20. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    756
    Допаѓања:
    1.117
    Пол:
    Женски
    Пробај па ќе видиш како твоето тело ќе реагира, но вметни и физичка активност.
    Јас ја држев една недела исхранава и тоа не според правилата за рестрикција, си јадев секој ден сладолед за ужина, си пиев и пиво на вечер па пак за три дена ослабнав кило а немам мн за слабеење, 3,4 само. Плус вежбав по малку. Имам пишувано во темава од др профил m2m2m2 овој ми е нов.
    Мое мислење е дека и со примена на пола од правилава би имало резултати, нормално плус физичка активност. Секоја една промена во исхраната доведува до резултати, мене повеќе од доволно ми беше само лебот што го исфрлив од ручекот и вечерата.
     
    На maky718 му/ѝ се допаѓа ова.