ахаха абе се научници овде. Покачен адреналин исто може да доведи до качување на килажа или полнење на телото со вода. Тироидната е проблемот а не хормоните што ги набројувате горе....
Почитуван @martin01, @mia zarovska , не е во ред да ширите дезинформации кога се работи за здравјето. @martin01 , знаеш ли ти што е воопшто гинекомастија? Ај ве молам. Држете си се до темава.
Не е тоа плашење. Како одговорни личности, јас и @Hipster и препорачуваме на @tigrica92 да направи крвна слика, хормонален статус. Не само за неа, за било кого е убаво од време навреме да ги проверува, особено ако има нешто сомнително.
Sekoj si ima svoe pravo na mislenjeto koj kako saka neka slabee jas da vi kazam najubav dieta dve nedeli ne kasnav nishto blago niti leb sve drugo jadev kolku sakam i oslabev 10 kg posle toa si jadev se ama posle 9 satot i do 18 pred 9 i posle 18 nikako to e moe mislenje bidete pozdraveni
Дали во хроно диетата е дозволено консумирање на путер од кикирики или Органски путер од сончогледи или путер од бадеми?
Ако нема шеќери во путерот од бадеми може. Од сончогледи јас имам дома правено со лук намаз домашен, го јадам за појадок. Иначе, -6кила за 23 дена Идеме јако
Се оддадов од пари,ослабив 10кг. кој беа вода и после престанок на диетата се здебелив 7кг. итоа со ептен пазење.
Десет кила не се вода, сто посто сум сигурна. Плус, колку сакате пазете, без физичка активност ништо не се праи. Ја стојам на вага -6кила и после 31 ден од диетава ама знам дека е ова нормална стагнација. Се гледам во огледало дека има разлика у обем, сите фармерки ми се комотни, а некои и ми паѓаат. Целулутот ми е намален. Презадоволна сум од ефектот. Планирам уште месецов на рестрикција до крај да терам за после ќе видиме. Ма да бидеме искрени, да не вежбав немаше да има толкав ефект. Запишете се на некоја физичка активност 2-3 пати неделно и ќе видите како се топи салото од вас, буквално. Плус помага диетава деф да не се трупаме со шеќери безпотребно.
Одам во теретана едно 8 месеци и одам со програмата пуш пул легс и е доста ефикасно. Имав проблеми со желудник од хроно диетата и кога разговарав со искусни натпреварубачи ми дадоа совет дека диетата е лоша за здравјето. Моментално ја држам диетата carb cycle и е многу подобра него хроно. За 13 дена ослабев 5кг. и многу осетив во обем дека сум намалена со хормони немам проблем пошто правам проверки а тренерот во теретана вели дека битен е естрогенот да се контролира пошто е најбитен кај жените за раст развој и држење килажа. Чим имаш резултати со хроно терај до крај. Телото ти ја прифаќа таја диета и ти одговара Дали имаш користено глутамин и дали е ефикасен?
Супер што си нашла нешто што ти функционира. Јас во ниден момент не реков дека хроно е идеално или дека одговара на сите, апсолутно, само мислам дека тиe 10 кила не биле вода. Сељ за сеа хроново ми функционира. Ма да мене сите диети ми функционираат на почетокот. На долги стази не, ми се заситува телото и стагнира. Затоа сакам на два месеци да ја прекинам. Со тоа што мене појадокот ми е измислен и ќе го терам така у понатака. А дека е многу месо е премногу, а јас сум релативно јадач на месо. Ќе гледам после да балансирам, со акцент на 3 пати неделно тренинг, водно у недела и пешачење. Глутамин немам користено.
-7 За 37 дена диета и 30 дена вежбање. Имаше мали киксчиња, ама ќе се додржам до крај на месец. После ќе гледам еден месец у траен режим да идам, пред да се пребацам на еври деј лајф. Со тоа што грицки никако, благо јас секако не јадам нит многу нит често. Ама навечер ќе морам да си буткам салатки со фета или јајца на око. Само морам подоцна да почнам да јадам, зашто еве сеа е 6 јас вечерав а до 12 до вечер ќе се шекнам од глад. Задоволна сум ептен, сите ама сите ствари ми се широки, целулит исто видно намален. До крај на месец сакам уште -4 за да ја заокружам рестрикцијава рамно со 65 кила. Полесно и позадоволно одамна не сум се осеќала.
Јас ја држев два месеци -10 кила и некако не можан натаму толку ми се гади од месо а супер ми одеше овок месец пазам ама не е тоа тоа кажете тоа со карб циклинг како оди ао примеру плс.
ротациа хидрати и кето диета ти се супер али мора физичка активност и многу пазење на исхрана посебно ако си на кето. кето диетата е тешка али многу ефикасна. слична е со хроно само што во кето диетата мора многу пазење на исхрана пошто се внесува 60% масти,20%протеини и 10% хидрати. тоа што си симнала 10кг со хроно диетата тоа е добро но тоа ти е вода и се намалува гликогенот и затоа се губат брзо килограми но салото се топи постепено. ротациа на хидтатине скапа диета пошто мораш да внесуваш по 1.5-2 грама протеин по килограм телесна маса.
Здраво, ја почнав хроно диетата денес ми е втор ден но, некако се чувствувам како малаксана без многу енергија во мене. Дали е ова во ред бидејќи уште сум на почеток и му треба на телото да се навикне или некаде грешам?