Здраво, најавени ми се гости што се на хроно исхрана. Има ли нешто што можам да купам готово или да спремам нешто едноставно, како мезе, а што смеат да го јадат? Фала
Ако ти се за вечера, риба или пилешко со салата од зелен и бел зеленчук. Ако ти се за ручек, било какво месо со салата.
Дали може да се јадат колбаси и виршли за ручек? И дали би било проблем ако се прескокне месото за ручек? Само салата да се изеде? И имам уште едно прашање Дали може да се јадат манџи? Како спанаќ, грав, грашок?
Ако сакаш да слабееш, треба да бидеш во рестрикција, во рестрикција не се јаде скроб, спанаќ можеш и колбаси виршли не, имаш на гугл страница ги има сите правила и рецепти, ако сакаш да почнеш, пребарај.
Дали во рестрикција смее да се јаде често за појадок путер? И дали смее да се јаде заедно со друг млечен производ, бидејки како што читав путерот се брои во масти а не во млечни производи.
Да, може да се јаде. Денес правам 1 месец на хроно, но во траен режим бидејќи дојам. Резултатот е -6кг.
Во оние продавници што се викаат за "здрава храна". Јас лично земам од една што се наоѓа во белите згради кај министерство за економија во Капиштец и во една во Буњаковец.
Ja pocnav hrono pred nekolku dena. E sega imam edno prasanje. Koga odam vo wc, mokracata mi e bukvalno svetlo zelena. Dali e toa ok ili nesto drugo e problemot?
Ако не си била на хроно пред бременост и во текот на истата, при доење не е препорачлива. Принципот на кој делува хроното е топење на масните наслаги, а во нив се наталожени сите токсини, па кога се топат мастите, се исфрлаат токсините - преку телесните течности, а оди меѓу другото и во млекото. Изборот на крај е твој, јас со педијатар се консултирав за ова.
Во принцип избегнувам бело брашно (леб, тестенини), ориз и компир и благо. Јадам хроно леб за доручек со што сакам, за ручек и вечера јадам месо со зеленчук (тави, манџи со месо и зеленчук без ориз и компир или месо на скара со зеленчук) и салати, за ужини овошје или јаткасти плодови. Битно никогаш да не сум гладна. Според мене не е штетно за бебето зошто и јас поздраво се исхранувам со овој режим.
Би сакала да прашам дали некоја имала искуство како моето.Веќе скоро 15 ден сум во рестрикција а немам ни грам симнато,не правам никакви грешки па се мислам дали да ја продолжам.
Ne e sekogas do kilazata meri se vo obem I mene isto taka mi se slucuva Ali koga se meriv vo obem imase razlika pred I potoa posle 28dena restrikcija, sega se prefrliv na ovalactovege so riba bez meso so vezbanje. Pomini gi tie 28dena pa izmerise ke vidis I samata deka ke ima razlika a isto zavisi kolku kila imas za simnuvanje.
Маслинки може било какви, црни или зелени, навечер само зелени. Битно е да не се претерува со количината, ако се солени. Путерот да има над 70% масти.