Здравоо некоја што многу се разбира со рестриктивниот период да ја прашам нешто ве молаам Бидејки утре е понеделник хахаха од утре почнувам па хитно ми треба консултацијаа
здраво на сите, имам едно прашање во врска со вечерата во рестрикција: дали е дозволен кромид (свеж во салата или пржен пример со печурки) и дали е дозволено да се мешаат повеќе видови зелено (пример салата од рукола и краставица)? фала!
јас пак со едно прашање, теоретско точно два месеци бев на рестрикција, изгубив околу 8кг, сега сакам да продолжам уште со рестрикција ама веќе некое време кг не сакаат никако да одат надолу.. можно ли е и зошто? дали само да продолжам? ослабев сегде освен во нозете а тоа ми беше целта и сега не знам што да пробам да биде и натаму ефикасна диетата.. BMI ми е 22 за спорт немам многу време..
Ако само тоа пиеш и не јадеш ништо, ќе ослабеш. Само по себе нема да ти помогне затоа што не постои намирница што слабее.
Дечки јас сум трет ден на хроно, и порано сум била на овој режим, многу ми одговара и стварно сум симнувала килограми. Е сега сум најдебела од секогаш, имам 10кг + проблемот е што минатите пати кога бев на режим бев сита, не гладував воопшто, едвај вечерав… ама затоа сега сум жива гладна, едвај издржувам до следен оброк. Што е работава ништо што не ме заситува или ми треба време да се навикнам
Дали некој ја држи по втор пат, 3....? Порано кога ја држев одма слабеев, после тоа пробував уште 2 пати и без резултат
Здраво, мајка ми сака да ја почне диетава. Исчитав се, но нешто не ми е јасно. Што од зеленчук точно не смее да се јаде и кога? Разбрав морков само свеж, компир не смее, мешункасто растенија не. Но дали се јаде црн патлиџан и кога? Кој зеленчук е за ручек кој за вечера?