@AURUA слободно означи ме Еве ти друг линк, одговор на твојот http://reporter.mk/seshto/mz-nema-hospitalizirano-patsieni-posleditsi-predizvikani-od-hrono-ishrana/ иако искрено мене ниту еден од овие ништо не ми значи. За публицитет секогаш ќе се удри на најактуелните теми. Не навлагам зошто и од кои се причини имате потреба да се контрате за нешто што не сте искусиле. Можеби има поединци на кои не им прија режимот од ред околности, не сум им во кожа за да знам, ниту сум експерт за да давам дијагнози. Исто како и со УН, не можеме да знеме кој се е доследен на правилата и што прави. Групата на фејсбук брои 45.000 членови, од кои најголем дел се презадоволни со резултатите, исто како што имате и вие сознанија за УН дека најголем дел од луѓето се задоволни. Конкретно тоа не сум го пробала и затоа не се ни обидувам да дискутирам за тоа колку е исправно или не. Иако веројатно постојат повеќе правилни опции. Она што ми е најважно е дека јас сум си задоволна од моменталната моја состојба и тоа го зборувам од сопствено искуство. Бубрезите ми се сензитивни, па не би се ставила свесно на режим што мислам дека би ми наштетил. Од биохемија и физиологија имам солидни познавања, режимот за мој вкус е логичен и токму затоа ја имаше честа да биде воедно и првиот режим за кој ќе се решам да се фатам. Инаку месо јадам 2-3 пати неделно, другото го компензирам со печурки, непечени бадеми или лешници, риба и јајца. Избор има што да се јаде. Но сепак, пак ќе кажам, не мора на секого да му се допадне. Сепак пред да напаѓате или дајте објаснување како режимот лошо влијае врз организмот, базирано врз стручни факти или барем ваше лично искуство.
Ја не знам што толку се крева прашина со Хроно кога не си обврзан да јадеш само месо Печурки, риба, туна, секаков зеленчук со белки, или потажи од различен зеленчук може слободно секоја вечер да се јаде со белка од јајце, за ручек може еднаш барем во неделата бадеми со салата или само бадеми... Одма можам да смислам неделно мени само со 2,3 оброци со месо. И на сабајле не мора да се јаде сувомеснато ако не се сака, има други продукти. Само да се зборувало народов Таа од Жан Митрев со портокал и домат и јајце да не е поздрава? Да се пореметиш од глад во денот
Пред да нападнеш прво мое лично мислење а и прилично стручно, ако прво прашаше зошто подржувам дека ете ти 3дена месишта и еден печурки,значи повеќе од пола недела јадење месни протеини дека не е најисправно, зошто пред се имам учено медицинско 4години на времето кога се знаеше како можеш да завршиш со скрос одличен и имам прилично сакала-не сакала јаки сознанија за човечкото тело. Значи да прашаше зошто сметам така ќе знаеше дека имам сознанија и дека јас лично за ништо во животот на професионално поле не коментирам ако немам факти. Кај што сум лаик во одредени животни области молчам. Но како што на секој не му одговара секаков режим на исхрана, така и на секој не му одговара да проучи кој се сознанијата на соговорникот, полесно е да го нападнеш, направиш глуп и не знам ти што. Ок. Јас си знам за моето здравје ти за твоето, но има многу лаици кој можеби ќе те послушаат и ќе завршат на болница. За нив ми е жал. Зошто сум обавувала пракса по нашите болници и знам како се тетираат пациенти за кои се смета дека сами си го загрозиле здравјето пепуштајќи се на фама-диети без стручен надзор. И бар прочитај до крај. Јас коментирам што се држи хроно диетата по калап,по нечиј пишанки,иако се кажа дека секој да си најде свој начин. Јас пишав ако се решам на овој режим прво би отишла да разговарам со доктор и нутриционист во ПЗУ Срце, кои се официјални претставници на овој режим кај нас, а не слепо да следам нешто што може и не ми одговара или ми одговара ама по некое време ме тера да завршам во болница. Муабетот од страт ми беше да се информираат лаици. Ако следиш има луѓе без основни нутриционистички сознанија што е протеин што јаглехидрат. Но ако цилеше на мене дека сум лаик без факти. стрелаш на погрешна мета.
Од молчење и слепо следење на трендови без стручен надзор завршуваат по болници. Нејсе таа на Жан Митрев е изгладнување на пациенти со кардиолошки проблеми на кои им е неопходна итна операција но поради вишок килажа не одговараат на протоклите за влез во сала. Кој од диетата на Жан се истенчи трајно а? И дај информирај те се, нека се зборува. Колку повеќе се информираат луѓето толку подобро. Да не се повторувам пак има луѓе без основни сознанија на нутриционистика ,а па научна фантастика им е за што ни требаат протеини дневно а за што јаглехидрати и масти. Така да од молчење и неинформираност или од држење на фб групи од луѓе без медицински сознанија за физиологијата и биохемијата воопшто и ширење моментални сознанија и резултати кои за 36месеци поима се нема како здравствено би влијаелее завршуваат по болници. Сепак ова е мое лично мислење зошто оправдувам информираност и пак ќе повторам ако се решил некој на диета под стручен надзор обавезно.
Девојко цело време се откаруваш на темава а не даваш никаков стручен аргумент кој го поддржува твојот став, нели си стручна? Епа ајде кажи, не туку се препирај на празно. Можеби така ќе убедиш некој дека е нездрава диетава, вака сигурно не.
Нападот ако не грешам беше започнат од твоја страна. Притоа до сега не демонстрираше апсолутно никакво стручно знаење на кое толку ревносно се повикуваш. Очигледно дека не ме ни дочитуваш, зошто повторно се фаќаш за МЕСИШТАТА кои јас упорно ти кажувам дека не се клучен и единствен извор на нутриенти во исхранава, а воедно и не гледаш дека те прашав да се искажеш зошто си против овој режим, гледано од стручен аспект или лично искуство. Не знам кон што води „дискусијава“ ама знам дека се потешко ми станува да ти ги следам мислењата без ред, точка и запирка. Смири се малку, издиши, па ако си расположена елаборирај стручно што те мачи со овој режим и што му е потребно на човечкиот организам за да функционира во своите оптимални граници.
За оние поискусните, Дузи и други...Овес печен со вода или кисело млеко смее ли за појадок место леб ? Планирам како тесто за пица да ми служи, во калапче? Има ли некоја посебна процедура,оти видов некои одвечер го киснат? Имам овес, стандард овесни снегулки, ама ги сомелив ? И друго прашање, дали смеам со брашната да импровизирам и да додадам стевиа? Како милиброд ќе му дојде, со кисело млеко, јајца и семиња...? Не консумирам стевиа, кафето го пијам без шеќер и обично, ама гледам ја користат. Смее ли за почетници, утре ми е 17 ден, м ?
Мојата стручност и здрав разум не ми дозволуваат да се нафатм на хроно без стучно следење. А за друг разум немам намера нит да судам,нит да коментирам јавно. Мене лично доволно ми беше да знам со кој си имам работа. Попаметниот секогаш попушта.
@Ginger^ не смее овесни снегулки. Смее само цело зрно интегрално. Обично е пожелно да се откиснат барем 6 часа затоа што се активираат хидролитичките ензимите во зрното и искористувањето на нутриентите од семето. Инаку цели семиња се јадат за појадок, мислам најмногу 2-3 пати неделно, во комбинација со се она што вообичаено влегува во појадок. Дозволени се и трици, ама не самостојно да се јадат, туку обично се мешааат во тестото за некое пециво. За милибродот нека ти каже некој друг, иако мислам дека не се практикуваат такви комбинации за доручек.
Секој коментар за хроно искоментирав дека е физиолошки не баш најздрав режим на исхрана и ако се држи подобро да е под стручен надзор. Секој коментар ми завршува со ПЗУ Срце....ама тоа е. Кој си намислил така си толкува. Нормален нормално, другиве се фатија за интерпункции на ваква осетлива тема што има последици по нечие здравје. На чест нека ви е..
Има ли тема да се отвори а да не се искараме? Дајте девојки нема потреба од карање. Искажете си го мислењето и толку. Секој има различно мислење.
Не сум запознаена многу со диетата, освен што знам дека се базира многу на месо и дека треба да се пази на времето. Мене ме интересира дали има некоја вегетаријанска опција за диетава или протеините мора да се месо?!
Читаjк ги постовите, има некоja веге верзиja на хроното. Доколку има поупатени во таа верзиja, може тука да се сподели.
Има веге опциија. Мислев дека ти имам кажано, ама најчесто рестрикцијата се сведува на печурки. Ако јадеш печурки супер е ^ Немаш голем избор на друг протеин, тоа ти преостанува. Општо од протеини во рестркција важат: месо, риба, белки и печурки.
Протеини содржат и мешункастите зеленчуци, ама во класичната рестрикција не се дозволени поради присуството на скроб. Во веге верзијата покрај печурки, може и ќофтиња од леќа,интегрален ориз, чорби со грав, боранија, грашок. Исто да не заборавиме и тука дека може да се практикува ручекот со непечени бадеми или лешници со салата. За веган е покомплицирано за комбинирање доручеци, затоа што протеинити се внесуваат или преку јајца, или преку млечни или со сувомеснато. Тогаш мислам дека повеќе се компензира со намаз од наут и други семки што се богати со протеини. Сепак најубаво е да се пријави некој што го практикува ова, да дообјасни.
Поздрав луѓенца Сакам да почнам со хроно, па ми требаат совети ПРва смена на работа имам паузи 09 00 И 12 00 ч Втора смена на работа имам паузи 17 00 И 19 30 Поради тоа јас глад и не можам баш да трпам, цело време сум на нога во движење. Доручекот ваљда треба да ми е некој подобар... Како да си направам мени? Ужинка смеам и кога? Дали има фб група како онаа на УН таа ми се допаѓа ептен група. @Ane-Goki1 Дали некој ќе сака да ме упатува? Колку количински се јаде? Мени некое ако имате некаде зачувано ваше? Идеи за појадок ?
@SunnyGirl2 прочитаj го првиот пост на темава, можеби ке ти се разjаснат некои работи. Колку што знам, во оваа диета оброците се отприлика во ист термин од денот. Знам дека има српска Фб група Хроно исхрана и цензура, или така некако. Секако сме тука да обjасниме ако нешто не е jасно.
Има група на фб македонска се вика Хроно исхрана. Не знам зошто,ама не ми стигна дека си ме означила. Може отпосле си ме додала па затоа. Во оваа тема имаш на почеток се објаснето. Малце повеќе ќе сум зафатена периодов,ама можеш и да се зачлениш во групата на фб што е и за почеток да го прочиташ воведниот пост во него има се. Има и мени и што смее и се друго. Со лесно ако почнеш
Ништо од овесот значи. Ајвар само за појадок ли смее и дали малиџано(модар патлиџан,фета,маслиново и лукче може за појадок?