1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хроно исхрана - правила и прашања

Дискусија во 'Диети' започната од Doozy, 5 јули 2017.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.319
    Она за стевиа во тесто и брашно мислам не може.
    Сега читав во групата на фб за нус појави. Членките се арогантни до крај и на моменти безобразни. Знам дека една не чита па еве вака да знае дека треба да си поправат малце односот.
    Ок, режимот е поздрава верзија од било која друга диета, и одговара на доста луѓе, особено на оние кои имаат ендокринолошки проблеми, проблеми со дебелината, хормони, ама има луѓе, значи има кои имаат последици. Не е совршен режимот.
    Јас од железо 26 имав пад на 16. Секоја втора членка има проблеми со опаѓањето на коса. Значи ова секој член и оној кој се одлучува да го држи режимот мора да знае дека постои можност да не му одговара овој начин на исхрана.
    И нема зошто вака бурно и арогантно да реагирате.
     
    На Ane-Goki1, AURUA, IronLady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Мене па ми е сосема во ред да си го каже некој своето искуство и мислење. Дури и да дојде ред да се одбрани, во случај кога е нападнат.Некој што со години живее на хроно, има позитивен исход(се чувствува добро), зошто да не се одбрани кога самиот сведочи за истото?
    Совршен никој не рекол дека е,режимот, ама за да биде, треба да се надополни со зеленчуци и многу вода.

    И нормално е да има контрадикторни мислења,па и искуства затоа што секој организам различно реагира. Зошто да може да се пишува за нус појави од хроно а не за добробит од хроно? Бурно се реагира и од двете страни, кога ќе се распали, а не само од страна на хроно групата.
     
    На macunka, IronLady и Brojka им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Тоа се случува кога ќе станеш опсесивен за некоја работа и секоја критика до срце те здоболува. И да не е на место критиката треба да си способен ладно и културно да одговориш и да очекуваш дека во неколку десетици илјади луѓе ќе се најдат и такви на кои не им одговара и такви во заблуда кои се и провокации намерни или ненамерни...ама желбата се да е перфектно и сите да се среќни и весели како хепи фемили, ко некоја норма да е што не смее никако да се наруши. Претерани се и слики од болници со коментари како се полнеле болниците од диетава, ама претерано е и упорно да се коментира како некој од хроно сите болести ги изгубил. Па нормално кога ќе намалиш 15-20 кила или многу повеќе дека многу работи ќе се променат/регулираат на подобро, секој доктор ќе ти го каже тоа уште кога ќе му влезеш низ врата со стомакот прво 2 минути напред па после ти. "Треба да ослабниш" е прво што ќе ти каже па после те прашува што проблем имаш. А слабеење и подобрување на здравје е можно со било која балансирана диета, не само со хроно.
     
    На Espadrila, JuLleE, Ginger^ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Многу од луѓето моментално се на хроно , а факт е дека има и други диети и начини на исхрана кои даваат солидни резултати. Се што е актуелно и популарно, рака под рака си оди со критиката. Јасно е, не му одговара на секој и не е ова откритие,најголемо.
    Затоа си има посебна група, во која треба да бидат членови само оние кои го подржуваат овој режим, им одговара. Една фолклорна група, составена од истомисленици, нормално дека ќе пишува во корист на Хроно и ќе се тапка по рамо, оти тука е за тоа.А не за да пишува за УН диета, или нешто против режимот.
     
    На BayernKa, IronLady и Brojka им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.319
    Има на фб и друга група, Хрононутрација и админот беше мислам админ и во српската група. Жената е 3 години на хроно и сега во пост објави дека рекстрикцијата е диета и не е препорачлива на долги стази. И додаде дека се измислуваат полурестрикции со додавање на ужини.
    Арно кажа Бриџит кога ќе ослабнеш 15-20 кг нормално ќе се средуваат некои здравствени проблеми. Другарка моја имаше проблеми со циклус и препораката на докторите беше да ослабе. Епа ослабна и доби редовен циклус. Не беше на хроно.
    Не ја плукам хроното, напротив, број еден диета ми е, ама не е магична и не е совршена.
    Админките и останатите активни членови треба да ги прифатат сите коментари, дури и оние кои содржат негативни работи.
    Убедени се дека хроното е магија, па поради ваквиот пристап многу не се ни осмелуваат да пишат дека имаат некои последици.
    Еве и јас овде пишувам, не ми се расправа во група иако ги чувам резултатите пред хроно и после хроно каде што железото ми падна.
     
    На AURUA и Brojka им се допаѓа ова.
  6. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Дечки, што со малиџаното? Може ли за појадок со фета или не, да прашам по втор пат пред да направам грешка.:D
     
  7. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Може модар патлиџан за појадок и ручек, за вечера не. Се комбинира со се што е дозволено за појадок и ручек.
     
  8. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Сега ќе испечам за сабајле да имам8)
    Фалалала:music:
     
  9. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Во контекст на муабетот погоре.

    Во принцип почитувам издржани мислења и не ми е бетониран ставот за ништо, а најмалку за некоја диета. Но дрско напаѓање и ширење паника како ќе завршиме во болница сите што сме на хроно е поприлично безобразно.

    Нека се каже јасно и гласно на што се заснова тој став, па сите да се обидеме да разбереме. Не мора да е од стручно лице, доволно е барем да пробал, да кажал што што практикувал па да сподели лично искуство. Ете Јуле си кажа дека има пад во железото и тоа е во ред. Некој ќе каже дека УН му е подобра, исто и тоа ми е ок.

    И според мене има повеќе правилни опции, ама секогаш се тежнее повеќе кон нешто што ни фаќа око. Некој не може да замисли живот без овошје, во ред нека си најде успешен начин да функционира така. Има луѓе што бутаат џанк фуд па пак се слаби, витки и со одлични здравствени резултати. Нема генерализирање за ништо.

    Но она што иритира тука се чаршиските муабети и дрскиот однос без причина, како што си е и за секоја тема, независно.
     
    На BayernKa, JuLleE, Brojka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Практикувате ли морска храна во рестрикција? Веќе при крај сум со првата и не сум јадела, претпоставувам не смее на почеток. Но во втора, трета? Да знам дали ќе смеам да јадам на море.:)
     
  11. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Некаде прочитав рестрикција трае 28 дена потоа препорачливо е вон рестрикција, полека да се воведува мешункаст зеленчук еднаш до два пати неделно за ручек, и ужина помеѓу ручек и вечера. Јас сум од почеток вон рестрикција и пак имам резултати за 6 недели вагата покажува -5 кг. Би сакала уште 5-7 кг да симнам, се надевам дека со ова темпо до крај на август ќе ги симнам.
    Ако немате многу килограми вишок може да се продолжи вон рестрикција и тогаш се слабее.
     
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Да се самоцитирам. :D

    Баш ради вакви недоразбирања го допишав овој дел. Навистина секој сам треба да си биде одговорен за сопственото здравје и за тоа што го внесува преку храна и преку лекови. :)

    Некогаш мислам дека луѓево се толку во потрага по некое магично решение, што во секоја диета го гледаат „спасот“ и одговорот на вечниот проблем - покачената телесна тежина - а не се размислува на здравјето. Јас на сите им трубам цело време да јадат повеќе леб наутро, повеќе зеленчук и да пијат вода и да пијат магнезиум и некој мултивитамин ако ништо друго.

    Е па имам видено дека членки јадат по 2 лепчиња тонус, ручаат домат и мевце, вечераат краставица и белка и после паѓала коса... епа ќе паѓа. А не ја одобрувам ни другата екстрема од преобилни оброци, сметам дека треба барем каква-таква умереност и разумност да се има. Гледам дека многу луѓе го сфаќаат тоа „јадеме додека сме гладни“ како „јадеме до прејадување“. Ама ако отворите во прирачниците, ќе видите дека и Делабо и Гифинг проповедаат умереност пред се'.

    Ништо што е претерано не е здраво, во ниедна екстрема.

    Па јас лично самата не се придржувам 100% до правилата иако ги читам и проучувам скоро една година веќе, туку го правам тоа што ЈАС сметам дека е најдобро за мене и моето тело. Јас читам, се информирам и се интересирам и не треба јас или кој било друг да ви каже како да се грижите најдобро за самите себе. Пак ќе повторам, секој сам треба да си биде одговорен за сопственото здравје и храна и сам да може да увиди дали некој начин на исхрана му одговара или не.
     
    На BayernKa, AURUA, Mayyya и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Што ќе ми се лоши мене или коса да ами паѓа, кога јас јадам по 4-5 парчиња тонус:D. Домати и краставици по пола килограм на ден и успат други зеленчуци, модар патлиџан, тиквици, свеж морков, цвекло, брокула. Пијам вода со лимон и ѓумбир во текот на целиот ден, се трудам да ручувам секој ден различно...Ќе речеш не е совршено, е ај:)
     
    На Пчела, Brojka и Doozy им се допаѓа ова.
  14. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
  15. Пчела

    Пчела Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.437
    Пол:
    Женски
    Здраво, одамна ме нема на форумов, па решив да се вклучам денес и има што да прочитам. Јас сум на хроно 2 и пол месеци скоро 3, имам ослабено 9 килограми и во обем многу посебно кај стомакот што ми беше и цел. За опаѓање на коса и други проблеми немам само позитивни ефекти до денес, енергија фул, на јадена и задоволна. Точно дека не е за секој режимов на исхрана, на некој му одговара на друг не, исто како што едно апче за глава не помага исто кај сите. А за тоа дека хроно ги наполнила болниците во ск. нема благе везе и самото министерство за здравство демантираше, така да кој сака и што сака нека верува. Јас не се откажувам од оваа исхрана затоа што за прв пат во мојот живот сум на јадена и задоволна со мојот изглед. Некоја членка праша што по 28 дена рестрикција, после тоа имаш вон рестикција и траен режим има правила во групата на фб. Позз и секое добро. Извинете за долгиот пост.
     
    На IronLady, JuLleE и Brojka им се допаѓа ова.
  16. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    @Doozy ѓевречињата се оние од јачменово и ржано брашно( по 300 грама од двете)? Или има некои други ѓевреци? Во оваа рецепта, што ја најдов, пишува и свинска маст. Па успат да прашам дали може да се замени со нешто? Оти отиде за третмани:D, па немам сега.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Џинџерке, најубави се со свинска маст затоа што стануваат ровки, иначе не мораш со тоа да правиш. Ама ако немаш, стопи путер и стави внатре 3-4 лажици топен путер или маслиново масло, ќе заврши работа.

    Стави им и лажица сол внатре, не се воопшто солени, а можеш да измешаш и ленено семе во смесата.

    Најубави се ѓевречињата, ај да ми направиш и мене. :inlove:
     
    На JuLleE, Пчела и Ginger^ им се допаѓа ова.
  18. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.181
    Секој ден за ручек се јаде само месо? Или јас не разбрав добро :D
     
  19. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    1.079
    Пол:
    Женски
    За ручек и вечера-Месо, риба, белки од јајце, печурки...и зеленчук за ручек секаков, за вечера бел или зелен.
     
  20. Сончоглед

    Сончоглед Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Може ли да ми кажете дали ова неделно мени е ок или треба да изменам нешто?

    Лебот е хроно (според правилата), само ме интересира дали треба да променам нешто во оброците... и секако ако имате предлози - добредојдени се.

    Извинете за долгиот пост и благодарам :)

    1. Леб, варени јајца и сувомеснато
    Риба, салата
    Печурки полнети со спанаќ

    2. Јачмен, сирење и домат
    Стек, со зелена салата и сенф дресинг
    Омлет од белки и праз

    3. Леб, путер, сувомеснато, моцарела, домат
    Мусака од тиквички
    Туна со марула салата

    4. Леб, кајгана со зеленчук
    Стек со маслинки и лимон, салата
    Печурки полнети со спанаќ

    5. Јачмен со сланина и кефир
    Печурки динстани со салата
    Ослич со салата

    6. Леб, шопска салата, сланина
    Свинско со праз и суви пиперки, салата
    Печурки полнети со спанаќ

    7. Леб, сланина, домат, кефир
    Полнети пиперки, салата
    Пилешка крем чорба со брокула
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.