Кефир не се користи во хроно, посебно не во рестрикција, можеш кисело млеко. Можеш за доручек некогаш и тост со моцарела, киноа со сланина, просо, хелга. Еднаш неделно можеш да јадеш за ручек 100 ГР. бадеми или 50 гр. бадеми или лешници непечени и не солени со салата. Можеш и 2 пати неделно туна во вода или маслиново.
^ Прочитав некаде дека кефир е дозволено, затоа го вметнав во доручекот. Дали може да споделите идеи за доручек кои вклучуваат киноа, овес и слични житарки?
Бравоо Колку време си на хроно? Ја да се пофалам, почнав пак со хроно и планирам да истерам една рестрикција саглам. Wish me luck
Јас со хроново само еден проблем имам. Млеко... Сакам млеко, јогурт.. кафе без млеко не пијам... појадок без јогурт...
Мачко кисело млеко бе, ѕаѕики салата или со рендана тиквичка.Има ли повкусно? Јас уште терам, еве втора рестрикција ќе завршам за 10тина дена. Резултати огромни, повеќе во обем отколку на вага- тоа е најважно.
И тоа не смеело на почеток. Јас уште не сум почнала да пијам со бадемово. Турско и еспресо, знам дека најќеф е убаво кафенце со пена, со млекце, ама....
Да, во рестикција која трае 28 дена или до постигнување на поскуваната тежина. Во траен режим имаш овошје за ужина.
Ииии како без шекер ке се издржи ? Некое овошје не е дозволено ? И колку може дА се ослабне во тие 28 дена?
Се е до мозокот, а ако неможеш без шеќер купи стевија таблети, овошје дозволено во рестикција нема. Јас за 28 дена ослабнав 4 кила, ама јас имав малку за слабеење. Кај сите е различно.
Ја прочитав само првата страна од темава, баш ме заинтересира. Пред се', дали би можел некој поупатен да постира по некој линк или ако не го мрзи да напише по некоја информација околу историјата на оваа исхрана, на база на кои студирања е направена, како ги оправдуваат одредени тврдења и слично. Она што најмногу ми интересира (а не го сретнав во првата страна) е дали постојат рестрикции на дневен внес на калории? Доколку да, колкав е лимитот на дневни калории? Дали постои рестрикции на дневен внес на протеини, јаглехидрати и масти? Доколку да, колку им е лимитот на дневен внес? Прашувам бидејќи претежно се наброени одредени видови на храна само, а тоа не е доволно информативно за исхранава. На некои места пишува дека во појадокот треба да има ЈХ, а на некои места се споменува кетоза? Како може да се постигне кетоза со внесување на ЈХ? Зошто здрав човек би требал толку строго да внимава на гликемискиот индекс? Освен ако не пати некој од дијабетис или има кадриоваскуларна болест, која е причината?
Здраво на сите девојки и мајки,сите ние имаме или недостаток или вишок на килограми,недостаток на енергија правилно е да јадете 5 пати во текот на денот во мали количини доручек,ужина,ручек традиционален и јадете колку ви се јаде само да не прејадете,ужина и вечера сето тоа најкасно до 19,20 h зависи кога легнувате.Кој има проблем со тежината,недостаток на килограми како јас што имав,недостаток на енергија и концетрација нека ми пише во инбокс.што можам ке ви помогнам.ве поздравувам
Здраво,секоја болест се однесува на начинот на исхрана и брзото темпо на живеење или во друг случај генетика,дневниот лимит на калории зависи од полот и килограмите.
Тука може се да најдеш, прочитај си. Ако не ти е проблем што е на српски. https://onedrive.live.com/?authkey=...!486140&parId=70A59EA2E24124F2!400788&o=OneUp
E sega vaka moi sakani blogerki... Znaci nemame dovolno prostor za raspravanje a i nema potreba sekoj si ima svoe mislenje i treba da go ispostuva do kraj ... Moram da budam iskrena drzev i UN dieta nemozam gladna sum previse i ne najadena... Potoa drzev dieta od VITA DIET KLUB kaj Cece (Cveta Dineva) iskreno noram da priznam taa nivn dieta dodeka ja drzev od sabajle do rucek vreme pregladna si bev pa ponekogas nemozev da stasam za rucek tek vo 18:00 doagav doma i nozete da zamislete kolku si bev gladna .. Ali moram da ja pofalam imav problemi so horomoni i liceto mi bese celo vo krasti ona me izleci ona me ozdravi imav kilaza 65kg ... Normalno nemozev da priustam veke nob stop da kupuvam ovosje i zelencuk po 2 kg sekoj den + hrana + kapsuli od california fitness bidejki mi bese preskapo ... Ja batalirav dietata se zanimavav so problemite so gi imav i iskreno nakaciv kilaza od 114kg ... Ete taka veke 5 ipol god ... I sega sum vo hrono dieta na restrikcija sum ... Sum zacleneta vo srce vo cetvrtok sum na kontrola iskreno najadena sum kako nikogas sea za sea mi e ok neznam za ponatamu kako ke bidam .... Ali najmng sto me demotivira e toa sto nemam oslabnato ni kilce a ni na obem sto e rabotata neznam ... Se pridrzuvam mnoguuu strogo ... Ako nekoj odi vo srce poveke meseci pls da mi pomognete so kako e prbl poso me nervira ova so neam oslabnato ni malce ... Iiii guskaaam
Veke 21 den sum seuste na restrikcija ... A se mislam uste da prodolzam se cuvstvuvam odlicno ali dosta me imaat isplaseno za dietava deka stvaralo rak, pa bubrezite otkazuvale, pa jetrata kako se unistuvala boze moj se i sesto taka da sakam bekoj so odi vo SRCE ja drzi hrono dietata da mi kaze iskustva so kako ... A sega sum na kontrola za 8 dena iskreno veke nemozam meso a treba da oslabnam min 33kg taka da ne e lesno....