Здраво хронерки.Сакам да почнам со хроно за еден месец негде,сега ја проучувам,запишувам рецепти и правила.Но сакав да ве прашам бидејќи дојам имам мало бебенце дали можам да ја држам диетава или има некои посебни правила да се придржувам?
Ако доиш не е препорачливо. Јас зборев со педијатри - секој губиток на кг поголем од 500г неделно води до топење на наталожените масни наслаги во кои се складирани сите токсини, па при топењето се исфрлаат во сите телесни течности, вклучително и мајчиното млеко. Па затоа не е пожелно додека се дои да се држи ваков режим. Дури и траен режим или вон рестрикција. Изборот на крајот е твој. Јас ќе почнам кога ќе прекинам со доење, моето има 15 месеци и уште го дојам. Кога ќе завршам со тоа, тогаш.
1.Дали е дозволено да се конзумира газирана вода? 2.Дали за појадок е дозволено да се конзумира потпечен тонус со кајгана од јајца и сирење?
Jas probav da ja drzam dietava no najgolem problem mi e sto nema konzumiranje na nikakvo ovosje.....dali imate nekoj sovet okolu ova?
Овошјето содржи шејќери брзи јагленохидрати и не е препорачливо пред тренинг или пред спиење. Жожеш да јадиш калинки,банана,киви,авокадо,тиква,мандарини. Грозје,портокал,круши,ананас такви овошја што содржат шејкери избегавај. Не целосно али да не се јадат секој ден.
Јас ја држев диетава околу 30 дена и изгубив 6 килограми. Прекинав зошто премногу се уморив секој ден да размислувам што да зготвам за мене, што за моите дома. И искрено скапичко е, не е диета туку исхрана и си бара време и пари на претек. Летото кога ќе имам свеж зеленчук во бавча можеби пак ќе почнам.
После колку време се гледаат првите резултати? Јас ја држам 10 дена и ништо не сум ослабена, па малку ме демотивира да продолжам. Ваше искуство? @Bozica1980
Многу е кратко времето за да се демотивираш. Ако внимаваш на правилата нема шанси да нема резултати. Измери обем и не се мери често плус колку помалку вишак имаш потешко се слабее.
Имам 30+ за симнување. Оптеретена сум со мерење. Ок ќе продолжам да ја држам. Кај тебе после колку време имаше резултати?
Од сабајле до вечер ќе имаш +/- на вага со вишокот. Нема поента да се оптеретуваш. Јас првиот месец највеќе ослабев, скоро 10кг. Не правев грешки. Сега многу долго бев вонрестрикција и почнав да правам глупости па се ставив пак во ред и ми е прилично тешко. Знаеш за фб групата се надевам. Јас од таму црпам поддршка .
Јас немам Фб и од нет читам. Малку ме демотивира бидејќи не правам грешки, а резултати нема. Постојано се мерам со надеж дека ќе има - кг. Сепак продолжувам па ќе видам
10дена е навистина малку време. Неколку работи ми паѓаат на ум, пробај со домашен леб, внимавај на времето за кафе и временскиот распоред меѓу оброците и најважно јади многу свежа салата. За 3месеци ќе се пофалиш гарант
Ај пиши ни што, кога и колку јадеш. Секој организам е различен, но во почетокот барем исфрлањето на вишокот вода се покажува на вага.
Тренираш или само ја држиш диетата? За да имаш добри резултати треба и тренинг било кардио било напреден тренинг. Внесувај протеин секој ден по 2гр. На 1кг телесна маса.(доколку тренираш) Белки од јајца обавезно пошто содржат бцаа и помагат во симнување на вишокот масни наслаги. Протеини секој ден и во денови кога внесуваш само скроб внесувај и протеини. Би ти препорачал кето диета.
Минатото лето бев 2 месеци на рестрикција,резултати после 3 недела ,но верувајте се стопив,потоа повторно со старите навики,и оп повтроно со вишок кила,си направив план и од понеделник почнувам здравје,во недела правам залихи на лепче. Со лесно хорнери.