Ајде со лесно нека е! Јас сум седум и пол месеци на хроно и не ми се верува дека толку време помина, ми летнаа месециве. Резултатите се фантастични. Со многу упорност и вежбање, од број 46-48 се симнав на 40.
Мене многу ми беше тешка Хроно исхраната. Што може да се јаде за ручек, а да не е стално (=секогаш) месо?
Печурки со зеленчук, туна со салата, белки од јајца со зеленчук, еднаш во неделата можеш и да јадеш или само 100 грама бадеми, лешници или 50 грама со салата, риба...
Здраво девојки, јас сум една недела веќе на хроно и на вага немам намалено кг но мислам дека имам симнато во обем (се надевам не е сугестивно), за колку време ги имавте првите резултати?
Прво со лесно, резултати после еден месец. И јас сум на хроно, односно повратник, морав да прекинам бидејќи останав трудна, ама сега сум скоро 2 недели на хроно супер се чувстувам, бебе има помалку грчеви.
Фала на одговор некако нестрплива сум, сакам 3-4 кг да намалам, се надевам нема да ми треба повеке од месец дена.
За 3-4 килограми си на хроно? Подобро пешачи, вежбај, оди на фитнес, знаеш дека ако се вратиш на старите навики дека ќе ги вратиш назад килограмите? Јас имам 20 килограми за намалување, претходниот пат за 4 неполни месеци намалив 15 килограми, ама сега ќе видиме.
Јас вежбам активно фитнес/пилатес повеќе од 14 години, меѓутоа имам лоша навика. Еден ден јадам многу, наредниот ништо. Благо не јадам никогаш ама пак јадам грицки. Целта со хроно ми беше да направам ред во јадењето. Инаку знам точно како се враќаат кг назад
Мене Хроно ми делува многу брзо иако имам 4,5 кила за симнување. Тоа е затоа што мојот секојдневен начин на исхрана е различен, се состои од многу леб и многу малку зеленчук пред се Вода исто не пиев скоро ич, а сега тој лебот што го јадам за доручек ме тера на вода после. Инаку јас моментално сум на изворната хроно според др, Делабо, полесна ми е.
Јас сакам да ја почнам оваа диета.До сега бев на ун па не видов ништо од неа едвај 3 кила за 2ипол месеци. Иако не сум каца можеби затоа тешко слабеам 50 кила имам.Почнав и со вежбање ама ако не намалиш и исхрана и воведеш режим некој мислам дека и вежбањето ќе е залудно.Па сакав некој поискусен со хроно диета да ми пише некако комплицирана ми изгледаше(со комбинирањето на оброците) а лесна за држење од се што прочитав зашто нема да имам проблем бидејќи јадам месо гледам некои се жалат за тоа.Проблем ми е доручекот мене нема алтернатива за него?Ретко многу доручкувам скоро ич.Навикната сум прво кафе и цигара и дури после саат-два ако ми се пријаде или го чекам ручекот ако немам некоја обврска да идам негде тогаш ручек чекам.
zavisi dali si fizicki aktiven i mnogu zsvisi koja dieta ja drzis. odprvin se namaluva relativno brzo a posle e teskoto. za mesec dena moze i 10kg ama tie se od voda a salo se kini 1kg za mesec dena.
Deneska mi e 4 den vo restrikcija sum Od utre sum vo plan da pocbnuvam da vezhbam Imam edno prashanje mozhe li sekoj den da se upotdebuva pchenichno brashno integralno e i vo mali kolichini
dietava mnogu slicna na keto dieta. Ketoto dieta e dosta efikasna taka sto hidrati ne se vnesuvat voopsto duri ni leb oti vleguva i izleguva teloto od ketoza. Proteinot se mesa stalno. proteinot e eden ist, razlikata e vo apsorbaciata. Mnogu malku masti ima vo hrono dietava no ke ja pocnam za nedela dena pa ke vidine kako ke bide. 4kg imam za simnuvanje i da se izdefiniram.