1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хулаеробик

Дискусија во 'Фитнес' започната од Lux, 24 април 2011.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Сте слушнале за ова име на фитнес ? :)
    Станува збор за фитнес со хулахоп, добропозната детска играчка на секое девојче, а богами денес е омилен спортски реквизит или фитнес помагало како сакате и на жени, мајки и баби.
    Новата фитнес техника се вика ХУЛАЕРОБИК и најпрво се пробива низ северноамериканскиот џет сет, па потоа и насекаде: на пример, хип хоп РНБ пејачката Бијонсе Ноулс тврди дека е обожавател на хулаеробикот.
    Лично јас обожавам да вртам на хулахоп и сега, освен што е забавно со него се обликува половината.
    Секси тело со хулаеробик - би рекла лесно, забавно и моќно ;)
    [​IMG]
    _______
    (превземено) Нешто повеќе за хулахопите :
    Хулахопите првпат се популаризирале уште во 50-тите години од минатиот век – каде, ако не во циркуските арени (инаку, овој обрач им бил познат уште и на старите Египќани, кои го правеле од лозови гранки). Името Хулахоп се претпоставува дека потекнува од Хаваите, каде што локалните танчерките прават кружни движења при играњето. Хулахопот веќе со децении е популарна играчка кај девојчињата, но сега веќе и кај нивните мајки... како и кај останатиот женски свет.
    Вежбањето е едноставно!

    Застанете исправено. Стапалата треба да Ви бидат паралелно поставени, на околу 10-15 сантиметри растојание. Завртете го хулахопот, кренете се на прсти и правете отсечни движења напред - назад со колковите, во што е можно пократки циркуларни (округли движења). Ако сте почетник, доволни се 5 минути, во тек на 3-4 дена. Потоа, ја зголемувате минутажата.

    При ваквото вежбање, важно е да го вртите хулахопот колку можете побрзо. Кога ќе забавите, обрачот почнува да паѓа, па можете повторно да го качите нагоре со задникот.
    Обидете се да не мислите премногу на движењата бидејќи овде повеќе се работи за чувство. Ќе почувствувате кога обрачот започнува да паѓа и како можете да го кренете нагоре. Избегнувајте да гледате надолу, бидете исправени и држете ја главата високо. Стапалата треба Ви да се цврсто на подот, па тежината да биде рамномерно распоредена.
    Не заборавајте да дишете длабоко - така сите мускули, па и оние на лицето, се релаксираат, а рамената се опуштаат. Невозможно е да вртите обрач ако телото ви е напнато и вкочането.

    Обрачот можете да го вртите и со раце – фатете го со едната рака (десна или лева), но дланката да биде свртена нагоре. Вртете го со раката колку можете побрзо – по 5 минути, продолжете го истото со другата рака.

    Откако ќе стекнете барем некако искуство во вртењето, по неколку недели, можете да се обидете и со повисоко ниво на вежбање.

    На пример, хулахопот можете да го вртите и наведнати, со телото нанапред. Малку е тешко да се балансира во таква положба, но ваквото вежбање е одлично за цврсти мускули на грбот.
    (превземено)Вежби :
    За подобро расположение
    Научните истражувања потврдиле дека луѓето кои страдаат од депресија и сите што се подложни на мрачни расположенија треба редовно да посетуваат часови по хулаеробик, кој е одлична можност за подобрување на расположението по напорниот ден.
    За подобро држење на телото
    Вртењето обрач го подобрува држењето на телото и Ви помага да се навикнете правилно да го држите горниот дел од телото.
    За брзо трошење на калории
    Ако вртите обрач САМО 1 минута, согорувате калории исто како да се трчале 8 минути или како да сте вежбале исто толку време на справа со високо ниво на отпор.
    Половинче како оса
    Кратките и отсечни циркуларни движења влијаат на истенчување на половината, но и на затегнување на абдоменот и колковите.
    Поцврсти бутини
    Вртете обрач и комбинирајте вежби со низок и висок отпор за зацврстување на бутините и листовите.
    Сакате да вртите и колку време во денот поминувате вртејќи ?
    Дали некоја од вас можеби го зацврстила телото со помош на хулахоп?
    Споделете со нас некои информации.
     
    На RedHeart, fallenangel, Squirrel и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.164
    Допаѓања:
    23.019
    Пол:
    Женски
    ко бев мала премногу го користев,можев да вртам на рака,на нога,на стомак,мислам дека е одличен за зацврстување на телото,а ништо чудно пак да почнам да го користам, ме фати ќефот :lol: ..инаку најпрвин праев по 5 мин,а после зголемвав се поќе и поќе,прекрасен е :)
     
  3. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Имам хулахоп дома, сакам да почнам да вежбам со него само страв ми е да не го доистенчам струкот,а сакам да обликувам стомачни мускули, само незнам колку помага во тоа..инаку интересен начин на вежбање
     
  4. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Порано дома ги редев по три хулахопи и нон-стоп ги вртев де‘‘ на рака, де‘ околу струк или на врат :lol: .

    Сега ми се забутани некаде по подрумон, а не ни планирам да ги вадам. Немам некола просторија за вртење хулахоп бидејки живеам во стан. |(
     
  5. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Имам дома хулахоп и планирам да почнам да вежбам летото :D
    Кога бев мала со сестра ми стално се натпреварувавме кој повеќе ќе сврти :lol:
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Кога бев малечка добив хулахоп на подарок и по кус период можев да владеам со него прилично добро. Поточно, можев да вртам по цел ден на него без да ми падне. Сега си стои така дома, одамна не сум вртела.

    Можам да кажам дека многу помага. Јас, со мојава конструкција склона кон складирање месести супстанции во пределот на стомакот, имам струкче на... па завидно ниво :wasntme: :D Епа убаво ми е, тесно, што да му правам.
     
  7. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    помала многу вртев хулахоп и можев да го вртам насекаде и без да ми падне се додека не се изморам стоејки :D сега веке не бидејки компјутерот не ми дозволува :worried:
     
  8. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Кога бев во градинка се натпреварувавме кој најдолго ќе врти и нема да му падне хулахопот и јас победив :party: Дома немам простор ни за хулахопот не па да вртам |(
     
  9. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Порано, кога бев мала (можеби и забавиште) се сеќавам дека од блиската продавница за играчки ми се допадна еден темно розев (накај црвен) хулахоп и беше 100 денари. И ајдее, мајка ми ми го купи. Кога научив да вртам многу време го поминував со него. А, пошто немам детска соба ( :tmi: ) и во дневната ја тргнувавме малата масичка и јас покажував колко можам да го вртам. :D Надвор во дворот го вртев најчесто. И кога си играв со братучетка ми (поголема е од мене) си ги зимавме хулахопите нон-стоп ги вртевме. Ама, за еден карневал од училиштето брат ми кај што учевтвуваше прво им рекле да донесат хулахоп :^) . Не знам дали беше за девојчињата или за нив, одамна беше тоа, само знам дека ми го зема хулахопот. А за точката која ја спремаа вежбаа во спортската сала. И таму, дали некој го зел, дали брат ми на некој му го дадел, хулахопот никогаш повеќе не ми беше вратен. :| И така еден период се расправав со брат ми за хулахопот и не си купив нов. Сигурно нешто поинтересно сум имала, па ајде, за хулахопот, голема работа. И од тогаш не сум си купила хулахоп, ама еднаш кога бев кај другарка (и тоа поодамна, ама помина повеќе време откако го немав хулахопот) таа имаше хулахоп. И ајде да вртиме, еми јас двапати дали ќе го завртев и толку. Сега ако пробам, пак нема да можам. Жал ми е, зошто барем не сум си купила нов, сега ќе си вртев.
     
  10. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    И јас имам и можам да вртам се дур не ми здосади да стојам .... ај прво да го средам дуењево на стомакот на доктор па ке почнам да вртам пошто вака ке нема резултати...помага при намалување на струк така?
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Си добив поклон хулахоп за роденден пред неколку години затоа што мојот детски ми го украдоа, шмрк :( Толку трубев дека сакам хулахоп што добив едно такво изненадување.

    И одличен е. Си пуштам музиче и си го вртам неколку песни по ред. Го зајакнува не само стомакот и струкот туку и задникот. Без да ви биде стегнат стомакот и дупето истовремено, не ни можете да го вртите, ви паѓа. Така да одличен е за вежбање.

    Пуштете си некоја фанки музика и вртете на струк, со раце, со врат, со нога, со што сакате, по можност да ви се тргнати на страна сите вази и кршливи предмети ;)

    Обожавам хулахоп, уствари си го обожавам мојот зелен, прекрасен хулахоп. Се осеќам ко Бијонсе во Work It Out кога си го вртам :D А рака на срце песнава е супер soundtrack за вртење!
     
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    100.250
    Пол:
    Женски
    А каде има да се купи хулахоп???
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Па во продавници за играчки би требало да има.
     
  14. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Нена2010 има во Џамбо, не знам колку пари е ама не верувам дека е скап.
    Извесно време се мислам да си купам хулахоп и сега дефинитивно ќе си набавам еден по можност да биде дречлив. Како дете имав и у стање бев цел ден да го вртам, нормално надвор зошто мама не ми даваше дома. И супер е. На почеток тешко иде, ама кога еднаш ќе фатиш ритам, па плус уз музика, а бе убавини...
     
  15. 4ever

    4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    17
    Околу 100ден е мислам а има ли врска дали е лесен хулахопот пошто ми кажаа имало некој хулахоп потежок а не ваков лесен детски...
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Епа има едно потешки, често се изработувани од дрво, и тие се поефективни затоа што поголем отпор создаваат и повеќе напор треба да вложиш за да го вртиш.
     
  17. 4ever

    4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    17
    А да не знаеш каде се продаваат такви ?
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Да ти кажам право, чисто сумљам дека во обични продавници за играчки ќе најдеш таков. Всушност, не знам дали овде кај нас воопшто може да се најде таков хулахоп.
    Можеби во продавниците за спортска опрема... :?: ама сепак не верувам.
     
  19. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    Квалитетни хулахопи има по спортските продавниции и тоа не се прескапи 400-600 денари беа што зависи од големината, тежината и марката (за разлика од тој што го имаше во топ-шоп над 1000 што беше- имал топчиња за масажа, големо чудо!). Можеби не се 100 денари ама па јас купив 2 од по 100 и за никаде се! Три пати ќе свртиш и се отвара, за да заклуиш дека се правени од црево, после тоа ги лепев и пак ништо... Не дека знам нешто добро да вртам ама со тие не ни можев да научам подобро! На некои ситни работи не треба да се штеди, се знае сиромавиот два пати плаќа!
     
  20. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Леле и јас сакам да си купам еден многуу, ама неможам да најдам низ Скопјево :@ Барав по сите продавници за играчки и сегде ми викаат нема, не држиме дрн, днр... Сега више незнам ни каде да барам. Ако може некој да ми каже каде да најдам зашто еве веќе 2-3 недели го барам, ама џабе ;(