Или можеш да го подгориш со запалка или кибрит, да се стопи пластиката и да се слеат краевите. Мојот хулахоп уште е читав и не се одлепил веќе може 10 години
Вртењето хулахоп барем по 20 минути ми е секојдневна активност. Не е воопшто тешко, а одличен е за зацврстување и рамнотежа. Секојдневно вртам, си пуштам музиче и уживам, можам и цел саат така да го поминам. Многу е интересно, забавно и што е најважно стомачните мускули ми се ептен цврсти.
каде можам да анјдампрограма по колку време почетно да вртам и по колку минути да зголемувам, на еколку дена ии недели? Бидејќи обично почнувам мн да вртам и после 2-3 дена не можам ни да помислам бидејќи ми се воспалуваат мускулите и мн ме болат.
Па почни отпочеток прво по 10минути или по 5 минути врти па со секој ден или секој втор ден наголемувај по 5 минути. Да речеме ако денес вртиш 10 минути, утре или задутре ќе вртиш 15, па после тоа другиот ден 15 минути, а после тоа ќе наголемиш за уште 5 минути. И не ти треба некоја посебна програма, сама си ја создаваш за да не те боли телото кога ќе се преоптеретиш од многу вртење и никое мускулче нема да те боли ако наголемуваш секој ден постепено.
Зависи колку калории ќе потрошиш со вртење . Со 5 мин на ден секако дека не, но ако вртиш секој ден барем по 20 мин ќе има ефект под услов да внимаваш и на правилна исхрана. Во секој случај одлична вежба ако се вежба редовно .
Го земав хулахопот од сестра ми и пробав пак да вртам како кога бев мала ама некако не иде ... мислев дека по навика бидејки еднаш сум можела ке можам пак ама ништо Па мислев да ве прашам да не евентуално станува збор за големината на хулахопот да ме спречува во вртење ?? Бидејки имам читано ама одамна дека имало и некакви за возрасни по спортските продавници
Се заборава да вртиш ако си паузирала неколку години така да нормално е да ти е тешко додека се вратиш во форма. Не се обесхрабрувај можно е и неколку дена воопшто да не успеваш и после одеднаш ќе ти тргне . Обрачот јас што го имам е 82 цм во пречник (за возрасни).
Домашен фитнес Не знаев каде да го поставам прашањево, па ајде тука Стварно ли вртењето хулахоп помага за топење на салото кај стомакот Читам насекаде низ интернетов па да ве прашам вас Сакам уште од овој момент да почнам, нормално ако помага Некоја искуство
Домашен фитнес Мене ми помогнало.. Порано си вртев секој втор ден, интересно ми беше и немав ни стомак ни спојлери (перничиња, love handles како и да се викаат). Можеш да почнеш да си вртиш, ќе се исплати, верувај!
јас вртам хулахоп веќе една недела започнав од 10 минути па секој ден накачувам +5 минути интересно ми е па д се надеваме дека ќе ослбанам