Последен пат купив од Ползела од Беверли трговскиот на приземје, а инаку имаш секаде Ползела продавници, а можеш да ги најдеш и во други подобро снабдени продавници, кои имаат различни брендови на хулахопки...Е, денес видов дека се малку поскапени 200 ден беа точно Флер 10, а Флер 15 - најновата линија беа околу 300 ден, а нема некоја посебна разлика меѓу нив.
зошто да не? не размислувајте затворено, во мк ако си малку различен мислат дека е погрешно. јас сум за се што е ново и различно. бидете малце индивидуални. еве на оваа слика е убаво.
Е ако некогаш некого на улица го препознаам по нозете тоа дефинитивно ќе биде Gerberce! И се согласувам со повеќето вас дека не изгледа убаво сандала и хулахопка btw во дилема сум за вечер, имам чевли што се отворени напред кај прстот и од внатрешната страна и никако не ми одат со хулахопки... а пак без нив на времево... ќе си замрзнам
Герберче немора сите да не` убедуваш на темава дека мора да се носат хулахопки со сандали само затоа што на одреден тип мажи од спротивниот пол им се допаѓаат хулахопки. Што е до мажите, најмногу би сакале голи да излегуваме, дали доколку некоја х особа ти го каже ова, само поради привлечност би излегла без алишта на себе? Верувам дека не. Мене ми е одвратно, што повеќе слики ставаш, толку повеќе НЕ сакам да носам сандали со хулахопки, па уште кога на сликите забележувам дека времето е сончево, како на мене да го чувствувам сонцето да ме пецка врз хулахопките... А за алките и прстените под хулахопките да не дискутираме, ниту најмалку не ми се допаѓа. Спојлер Again. Не можам да сконтам ЗОШТО капутче и сандали? Ако толку ти студи, облечи си чизми, а не ова... Те молам ставај ги сликите во спојлер.
Апсолутно не! Воопшто не ми се допаѓа тоа, не поради фактот дека не се меша летна и зимска облека туку поради фактот што ми изгледа кич и ефтино. За во боја да не зборувам колку ми се грди,а кожа боја што глупаво ми е ако ти се отворени кај прстите и како ти е како да имаш кожа кај ноктите и прстите, бљак! И Греберче за „храбрата“ девојка што носела црни гулахопки и сребрени сандали самата помисла на тоа ми е грозна,а и не е ни чудно што привлекла толку многу внимание кога комбинацијата е лоша! Сега ти најдобро знаеш како тоа изгледало бидејќи си била на свадбата,но секогаш кога пробувам да замислам таква комбинација лошо ми делува еве замислете ги овие сандали и хулахопки во комбинација. Спојлер Спојлер Но секој си има право на свој став и свое мислење.
Незнам зошто олку страни сте наполниле на форумов со тоа дали чини дали не, ако сака некоја нека носи, ако неќи не мора Факт е дека, чорапата ако ти излези надовр со прстите е СЕЛЈАЧКИ а сеа за некој е нормално, има фетишисти на хулахопки што сакаат ногата да ја гледаат целосно во хулахопка, па затоа се палат на такви трендови и ве наговараат да се носите така. Факт е дека ретко од девојките која би си дозволила, мој став е доколку ви се подотворени чевлите само еден прст два се познава, може да се носи, али со отворени сандали како овај герберче шо ги поставил сликите, то е катастрофи веќе, ко од планина слезени Иначе , за Countess погоре шо кажа сакала да си носи на сандали чорапи, ја велам дека модата никогаш не се губи, факт е дека тоа во 40-50-70тите се носело по филмови, по спотови стари се забележува, сеа изгледа пак му се враќа модата, еве вашата омилена пеачка, рихана тоа го прави
Поселско од тоа амин! Добро, има конкуренција од некои комбинации, ама проѕирна хулахопка со сандала, па и со отворени прсти е одвратно и воопшто не изгледа средено и дамски. А овие комбинации на Рајана и останатите познати фаци, не велам дека е убаво, само можам да кажам дека смислуваат се и сешто за да изгледаат различно. А друго е обична штикла со хулакопки или чорапчиња, друго е отворени прсти на сандала и чорапот да вири од таму.. Тоа.
Ако на некој му е таков стилот нека си носи интересно личи и необично е Имам носено од тие Флер хулахопките погоре што ги спомнале со штикли ептен малце кај прстите отворени и не се приметуваше...
Би носела зошто да не.Мислам повеќе би носела кондури со отворен прст со халохопки.Предходниот викедн една типка носеше црвени чевли напред со отворен прст со црни халохопки и навистина убаво и стоеа.
Не, не и не. Сандала и холахопка не ми иде заедно во иста реченица. Колку и да се допаѓаат сандалите сепак ќе почекам да се стопли и ќе ги носам на боса нога. Со холахопка иде салонка, балетанка, или кондура -сандала (напред да е затворена да не се гледаат прстите, петата затворена, а има ремче)
Пааа и не ама и да - види ме Боже, ме гледаш ли што зборам? Јас која трубев пред некое време дека хулахопка и сандала - НИКАКО ете, реков и да Не - ако изгледа невкусно, значи лакирана сандала и месо боја хулахопка, ама не природна месо боја туку, испрженаодсолариум алиас морков боја. Плус и ако е на чорапата нагласен оној делот напред, не знам како се вика, на прстите што е потемен. Речете го де, знаете за што зборам нели? Да - веќе две и кусур години уназад, модниве куќи ужасно многу ме нервираат што почнаа да ни го наметнуваат тој тренд (билокој тренд всушност) со продавање на чизмичиња со отворени прсти. Ги продаваа на есен, во зима! И што со нив по ѓаволите да носам? Зарем на босо на минус 5?! Значи кажи речи ни го наметнаа трендот, ако може така да се нарече - носење хулахопка во отворена кондура. Прошарав по списанија, ги гледав куклите во Манго, H&M, Zara итн и види свету, чуди се - не изгледа лошо. Но! Се работи за темна хулахопка со вкусна и штосна кондура. Дури фатив и јас да пробам нешто вакво, и ми се допадна Така да наравоучение, никогаш не вели никогаш. Денес не ти се допаднало, утре е нов ден. Ете и јас да признаам дека во некои исклучителни ситуации ми се допаѓа комбинацијата на хулахопка со сандала. Абе денес модата нема правила, така да зимско со летно - што има врска?! Ако е со вкус и со концепт, go for it! А јас многу сакам шареноликост на градот, тоа ми мириса на урбаност а не една рекла не, и ај сите не. Јас викам да! За разновидност
Call me crazy, мене овие што ги постира Факсонов многу слатко ми изгледаат. Чевлите се исклучително грди, само чорапчињата го спасуваат изгледот
^^Еј да! Преубаво, дури сега ја забележав сликава Инаку видов погоре сте прашувале за хулахопки, има во Пенти 5денски, Sandal Toe се викаат и не се познава ич на сандала. Ме спасија на една свадба тие, сокрија по неколку модрици од претходната луда ноќ со девојките, дури и френч имав направено на ноктите на нозете, и додека не ги облеков - не верував дека нема да се познава хулахопката. ОК, освен што ми светкаа нозете малку повеќе но знам девојките дека ме прашуваа отпрвин каков лосион користам што така убаво ми ги прави нозете исончани и сјајни Битно не се познаваа и френчот си дојде до израз, се беше супер, јас задоволна, модриците покриени
Јас да се доизјаснам. Со хулахопки не би носела, али комбинациите со чорапчиња ми се Многу урбано ми изгледа и необично. Али дефинитвно не би можел секој да го носи ова. Си бара стил и огромен осет
сандали со хулахопки не, во никој случај, сепак има некоја добра комбинација на сансали со цорапи, што изгледа модерно и смело, ама сепак не е и тоа за секој...
^ да ти кажам јас не ни приметив, зашто и ги зјапав нозете Иначе да ви кажам Пенти има нова колекција на хулахопки кои се како апостолка, значи ми ги објаснуваа јас не сум ги видела и за оние чевли каде напред прстињата се гледаат биле совршени. Значи прстињата голи, имало како делче од хулахопката што е во стил на апостолка се фаќа кај палчето, а останатиот дел си носиш хулахопка и ногата ти светка. Закон
Роси, тие не се нови- Елена Велеска од кога носеше такви ехехеее мене тие ми се уште погрозни- прстињата голи а ногата апла се гледа дека е во хулахопка Ја би да се мачкам крема како Дав со дискретни светки отколку да носам хулахопка во лето- јас во зима кога е најладно не ги можам а не на +30 степени- па и на сандала