Неее никако, одвратно изгледа... со штикли со отворени прсти ајде и така и така, мада и тоа ми е аут...а башка и ногата се лизга, не знам како одите така
Сега вака да одиме малку логички, сандалките се летни обувки (под тоа се подразбира дека се носат во летен период во топло време) што добиваме ние доколку ги носиме со хулахопки? тоа значи дека ни студи??? или пак ги носат со цел за поубав изглед на ногата? хм па и за тоа има решение,постојат премногу лосиони за тело кои ќе направат вашите нозе да заблескаат и тоа на природен начин.Во секој случај хулахопки и сантали заедно според мене се OUT !!!!
Не не и НЕ! Деновиве си изнагледав на исунчани нозе, хулохопки и сандали и на неисунчани нозе, хулахопки и сандали и воопшто не ми се свиѓа. А и никогаш не сум носела.
Ау сите не не никогаш, а еден куп имам видено како носат . Лично и јас си носам, кога морам, чим повеќето носат значи не е срамота.
имам носено, на матураската сега кога гледам ми изгледа чудно, но доколку имам потреба пак би облекла.. значи зборувам за безбојни хулахопки без такво напред кај прстите
Со обична хулахопка не би носела стварно, ама со оние во боја - бела, циклама, црвена итн ехее и те како би носела, баш ми се допаѓа, а и ми се виде интересно од девојките во Госип Грл.
Имам носено на полуматурата а инаку друк пат немам ама ако треба или ако морам би облекла ама од оние што се безбојни што не ни се познават
Можам во живот да се кладам дека пола и више од тука носеле хулахопки и сандали,ама ајде ,не е битно. Не ми изгледа толку грдо,океј ми е ако некоја носи,Ненма одма да ја прогласам за сељанка на годината. Не сум била во ситуација да облечам,и да носам,ништо страшно.