Има многу посељачки работи кои масовно се носени низ Скопје, па до хулахопките стигнавте. Лично не, ако имам потреба би ставила, а другарките мои постојано носат.
Зависи до човекот ,ако ги носи со стил тогаш ок ,ако не знае како да ги искомбинира - промашај! Лично јас би носела во некоја забегана комбинација и ситуација ,се разбира.Инаку не.
И јас би рекла НЕ за неубава комбинација на бои од сандалката и хулахопката или како што веќе 25 страни се повторуваме - тоа таму работ и потемното на прстите со летна сандалка. АМА еве јас на матура, а и 99% од останатите девојки, носевме сандалки и хулахопки.. Едноставно не можам да отидам со боса нога (траги од модрици, вени, комарци, црвенила од кои со млеко за тело или лосион не можеш да се ослободиш). ВООПШТО не се познаваа, погодена боја, не пресјајни, БЕЗ рабови и глупости, ПРЕтенки, прибрано се чувствував и сл.. ефектот што сакав да го постигнам - го постигнав и не бев селанка Инаку ДА - само во вакви некои пригоди, а не на корзо на 25 јули и на 35 степени - тогаш стварно нема потреба
Јас носам кога на некоја зимска свадба или Нова година. Секако хулахопките се месо боја без прсти и на долг фустан не се гледаат. Инаку НЕ за некои шарени или во боја со сандали, со кратко фустанче.
ОК ми се месо боја хулахопки и сандали, ако баш мора.Не носам хулахопки на лето, и онака е претопло, ама ако е некој важен настан би ставила и хулахопки.Многу посељачко ми е кратки чорапчиња и сандали-е тоа никогаш не би го носела...
Никогаш не сум носела, ама има многу поголемо зло од оваа. И оние што слепо се подржуват за модните правила и се опседнати со модата, прават поголеми грешки од овие. И да носе некој, чудо големо, никој нема да го врати дома. Додека не ѕирка газето, се е океј.
Мене не ми се допаѓа сандали со хулахопки... искрено не ми оди некако... плус тоа ако зборуваме за хулахопките кај кои нема потемно кај прстите тогаш е ок...али поинаку не ми се свиѓа....
Не ми се допаѓа, неам носено, но би носела ако носам штикли на прст само и ако ми се неопходни хулахопки, зошто па да не носам.
големо НЕ !! сандали си се сандали за летно време а летно време не ти требат хулахопки така да овие 2 работи никако не одат заедно
без разлика дали е трендовски или не,...освен ако не се свилени хулахопките и месо боја,....овој тренд не ми се допаѓа, не би се облекла јас така.....
Aуууу мене ми е многу грдо ова.Еднаш една другарка носеше ваква комбинација и како и се запулив во нозете хаха.Можда и ме запримети дека имам фаца :wtf dude -.- ?