не некако не ми иде... не сум носела затоа што не носам сандали .. ако носам штикли најчесто носам салонки..
Ова да, супер изгледа али хулахопките се танки и целосни...но ова кај мене не поминува или ова пак... БЛЈАК
Се мислев каде да ги ставам сликиве од ова грдо суштество Пипа Мидлтон, која од кралската свадба па наваму се форсира од англиските медиуми како стилска икона. Освен крајно лошата шминка, неизоставен дел од нејзиниот стајлинг се хулахопките со сјај кои ги носи и во дневни и во вечерни комбинации, со лелеави и летни здолништа и фустанчиња, со црни салонки. Според мене ги расипуива понекогаш и добрите комбинации. Хулахопка во јуни, дење со летна гардероба и плус салонка????? Неможев да ја постирам сликата со бело летно фустанче, хулахопки и црни салонки
Ауу, no me gusta . Се знае, сандали на боса нога, за во лето.И точка . Посебно па овие хулахопкиве месо боја, па уште и работ ако се гледа . Не би носела никогаш вака, може евентуално ако облечам чевли со отворен прст па хулахопка.
Простете им, тие не живеат во Скопје - модната престолнина. Они живеат во села како Њу Јорк, Лондон, Париз, Берлин, Мадрид... па ништо незнаат...
Во светот се актуелни многу трендови, на пример во Кина била ептен шик Гага модата.Прошетај низ метрополата Скопје облечена вака и докажи дека и ние сме модерни Никој не рече дека одвратните чорапи на сандали не се нешто што го гледаме на нозете на светските џет сетерки, но лично јас сум дел од селската маса и никогаш нема да ставам нешто такво на себе па и да е најмодерно МЕНЕ МИ Е ГРДО !
Сеа Лејди Гага ли ќе ја муабетиме? Па таа е циркузант, а она што јас го постирав е далеку од ова со кое ти се обидуваш да ми го споредиш постот. Таму се нормални, убави, пристојни, паметни жени. Безуспешен обид.
Безуспешен обид е на нога да ставиш нешто слично на тоа што ти е на сликичката на профил, вратови ќе се искршат по тебе со погледи-FAIL!!!!!!!Ама сето тоа е безуспешно, не допира до тебе, камоли до хулахопката твоја
Сеа свати дека испозалепи слики кои врска немаат со тоа што јас го постнав па почнуваш со навреди пошто немаш контрааргументи. Типично за такви како тебе - кога немаш аргументи, качи се на кочија и пцуј. Ок, ок, фала, нека ти служи на честа.
Tи си прекрасна личност. Кога ќе пораснам сакам да бидам како тебе. Како се постигнува такво воспитание и образование?
За почеток извлечи ја главата од грдата чорапа, така ќе гледаш појасно и тоа ќе ти помогне да ги прошириш хоризонтите.Ние "простата маса" како што во глобала не нарекуваш затоа што не сме фанатици на светата хулахопка не значи дека сме невоспитани. Погорниот саркастичен пост посветен на мене,просто кажано го доживеав како удар со МОКРА ЧОРАПА
Кој рече Вие? Јас те цитирам само тебе. Ти си невоспитана и патем, според пишувањето и комплетно неедуцирана. Граматика, интерпункција нешто? Погледни: и сите други како нив. Тие не ги сакаат, ама културно си го кажуваат своето. Не вреѓаат никого. Big difference. Не ги мешај нив. Тоа во наводници што си го ставила (кои се исто така граматички погрешни), се однесува само за тебе иако јас тоа никаде не го спомнав ама фино е вака што си се окатегоризира самата себеси.
Девојки доста си корнете очи, се си зависи од вкусот на човекот а за вкусови не треба да се дискутира! Нема што да се убедувате кој е во право, едноставно изгледате смешно вака, сори!!! Јас лично не сакам комбинација сандала-хулахопка и тоа е мое мислење, можеби би поминале месо боја хулахопки кои не се ни приметуваат или темно црни хулахопки со исти сандали.