Знам дека е прехрабра оваа комбинација, ама да можам некаде да најдам вакви хулахопки со пета, мислам дека би се осмелила да излезам во јавност.
Ужасно и неверојатно гадно поготово тие свадбарските тенки хулахоли и сандали со тенки ремчиња (puke) Не разбирам зашо ако ти е ладно да ги носиш сандалите на гола нога, мора да носиш сандала по секоја цена па макаар и со таква гадна хулахопка. Се знае ако ми студи облакам салонка и тоа е тоа нема шо да праам комбинација сандала-хулахопка .
ич не ми се допаѓа како стојат му текнало на некој чекај ќе облечам хулахопки со сандали како да нема други затворени модели ептен ми е селско тоа ама секој си има свој вкус
Јас сум против САНДАЛИ и хулахопки со раб напред и петица ~ Не изгледа убаво. јас сум против комбинацијата. Кој што сака нека си носи ама не изгледа привлечно.Се зависи како и со што ќе се искомбинира,тоа е многу важно.Јас сум носела така по затворени штикли со хулахопки,ама со сандали од оние со тенки ремчиња и со отворени прсти кои се носат кога е топло не..
Не! Хулахопки со сандали не ми оди, бидејки сандалите се за на лето, а многу лошо ми изгледа сандали со хулахопки среде зима. Едит: иако морам да признаам, ова ми изгледа навистина слатко АМА јас не би се осмелила да го облечам.
Јас би се осмелила, мене ми е преслатко ова, ептен ми е кул. Инаку од оние класничните сандали и хулахопки не, ептен е грдо. Затоа и се вика сандала, се носи кога е топло, а не кога е ладно, само колку да се пофалиш дека си облекла.
Гоооолемо не. Многу глупаво ми изгледа, не знам. Кога веќе си решила да облечиш хулахопки земи си нешто затворено напред.
Најголемо не ! Кога ќе видам некоја топ средена девојка,со прекрасно тело,средена,косата убава,абе да ја грабнеш и да бегаш и кога ќе видам сандали со хулахопки е тука ми се руши сликата,никако оваа комбинација,се сложувам кога веќе сакаш хулахопки облечи салонки
Холохопките се зимско парче ... ги носам на високи чизми над колениците , или со кратки чизмички до глуждот ,може да ги носам на салонки , инаку во лето не ги носам ..