Јас сум за, ако знае некој да искомбинира (а тоа е ептен ретко) Првите две комбинации - мада јас не би имала храброст вака да излезам (барем не у мк ) а останати две грдоооо, ептен грдо, е за вакви комбинации едно големо НЕ! Исто и не гласам за сандали со обична хулахопка...каде всушност е тука креативноста....
Мене лично ми се допаѓа ова дебели хулахопки како што е сликите(но се прашувам дали некогаш би облекла) ...А она проѕирни хулахопки не ми се допаѓа на отворени чевли..
ТаЈа работа не. Јас хулахопки не поднесувам на себе, ретко и ги облекувам, па тој редок свечен чин не го сквернавам со ова модно лудило. Не оди, ниту е вкусно за око, а само замислувам на факторот практичност и удобност.
Па не можам да сфатам како воопшто успеваат да одат во сандали со хулахопки ?? Се лизгааа Сандалите ми се омилени баш поради тоа што ногата ми е гола и се чувствувам убаво и воопшто не ми паѓа на памет да ставам хулахопки или нешто затворено во лето, а сандалите се за во ЛЕТО !! Од хулахопки имам потреба во зима, на есен и на пролет кога е поладно, а во зима сигурно нема да ставам сандали !! Никогаш не сум носела нема ни да носам од причина што изгледа многу лошо, не е удобно и едноставно сандали со хулахопки никако не можам да ги сврзам
Сепак не..иако има и примери на кој им успева ова и не стои лошо, врз мене не фала...Си се знае шо оди со хулохопка,сега има преубави салонки,жално е да комбинираш сандали и хулохопки. Плус ќе и се приклучам на Тренди и кога мора одвај се пикам во нив..туку ќе ме жулат, чешат, се нешто ќе ми фали..damn you хулохопки
Па зависи. Ако добро се искомбинира, зoшто да не. Но, сепак јас ова на мене - никогаш не би носела. Не сакам многу, многу да експериментирам и да испаднам некој фрик. E овие комбинации ми се свиѓаат на пример. А овие никако не можам да си ги замислам. Ауч! Чорапа со сандала, и тоа каква. Ни овие не ми се свиѓаат. Не се нешто подобро.
Хулахопки и сандали се носат во ептен свечени пригоди, кога е невкусно да се облечат чизми, а еднакво невкусно е и нозете да бидат голи. Се мисли на свечени сандали, не обични летни туку светкави, со отворени прсти или отворена пета, тенка сјајна штикла...такви отприлика. И јас се чудев, некако комбинацијата хулахопки и сандали не ми е типична, ама во модата е сосема прифатлива. Е сега кој како си сака Не вакви сандали туку вакви
Во ниту еден случај не ми се допаѓа и не би носела. Без разлика дали има појачување напред или не хулахопка си е хулахопка. Значи секоја обувка што е отворена кај прстите не е за со хулахопки.
Oва се кондури-салонки и хулахопки секако. Не се сандали Иначе колку и да е свечена сандалата за мене таа е летна а не зимска па да оди со хулахопки. Е ова е неубаво. Е вака се носи сандала!
Луѓе само мене ли ми се свиѓа бе а? Секако сеа не зборам за хулахопки месо боја на свечана сандала , ама дебели или дезенирани хулахопки на такви типски сандали,или на отворени кондури, баш убаво ми изгледа Едит:На вакво нешто мислев
Не. Барем мене грдо ми делува. За тоа постојат салонки. Впрочем сандалите според мене на лето и доцна пролет треба да се носат. А,тогаш и не ти требаат баш хулахопки.
Сандали и хулахопки воопштно не ми одат заедно,многу се нервирам кога ке го видам тој работ напред воопшто не ми е елегантно барем мене
Мене пак ми се допаѓа, или можеби не, не можам да се одлучам....да би носела но само ако се во боја, никако безбојни хулахопки ! не, не, не. а пак ова ми е интересно ! Сепак се зависи од тоа како ќе искомбинирате
Не, не и не.Класични прозирни хулахопки со сандали е тоа поштено не оди.Ни Ugly Betty не конзумира таква дрога Сепак хеланки во боја се нешто друго зависи до вкусот кој како сака но секако неможе секој да експериментира модата не е играчка за мали девојчиња туку за големи.
Никакооооо!!!!!!! освен за кондура со отворен прст. Кога ке видам некоја убава девојка со вакво нешто ми се губи мислењето за неа. Сандалите се летни обувки и се наметени за летен период на боси нозе и глупаво е да експериментираме со хулахопки.
Месо боја свадбарска хулахопка, или било која друга тенка хулахопка на сандала - никако! Е сега овие дебелите дезенирани хулахопки на сандали интересно ми изгледаат на пистите и на слики, ама јас не би облекла. И сигурна сум дека за некои десет години модниот свет ќе го мајтапи овој тренд како што ние сега се зафркаваме за модата во деведесеттите.
Moже да прашам во кое годишно време би ги носеле летните сандали и зимските хулахопки? Јас сум за прекршување модни правила, ама не и за она поделба на летни и зимски работи. Кое тука апсолутно се прекршува. Видов познативе што ги носат имат капути на себе. Значи зима. Ахам. А во зима јас и секој нормален носи чизми за да не студи. Вајда нема да носам сандала со 3 ременчиња и хулахопка, која колку и да е дебела е хулахопка само. И надвор снег. И после бронхитис Aко носевме се од модниве писти и од холивуд кај ќе ни беше крајот. Ќе носевме лимови на нас. ќе носевме пластики. Ќе носевме секакви испомешани шари на себе. Ќе бевме цели во проѕирно. Не дај боже да ја следевме високата мода на Меквин Јас сум пред се за удобност. А хулахопка и сандала тоа не дава. Или ќе смрзнеш (во зима ако ги носиш) или ќе се свариш (во лето ако ги носиш). А онаа розева чарапа и кафена хулахопка ми изгледа како за награда сељак на годината. Се извинувам