Дефинитивно НЕ! Воопшто не ми се допаѓа како изгледа, знам дека многу девојки го практикуваат тоа, но јас не, ниту сум носела, ниту ќе носам.
НИкако! Не сум носела, а нема ни да носам.Многу грдо изгледа имам забележано кај неколку девојки и им имам кажано за тоа
Јас неможам да се замислам во таква комбинација. Но не ми смета кога ќе видам на друг, ако се соодветно комбинирани и изгледа убаво, зошто да не.
Не. Ако не друго, практични причини. Ако носам хулахопки значи или ми студи, или приликата е таква. Во двата случаи сандали не се соодветен избор.
А во темава да се направи како анкета. ДА НЕ Ако се има појасно објаснување зошто би носела/не би носела, да се пише коментар. Вака само Не, не би носела. Да, би носела.
Јас децидно велам ДА. Знам дека според многумина е погрешно, но тоа воопшто не ме загрижува. Мене па ми е многу слатко. Затоа еве и таква слика на профилот имам. Можеби затоа што носам 35 па мене ми личи слатко (многупати ми рекле дека имам слатки стапала и прсти), незнам како би изгледало на 42 на пример... Значи - сум носела, носам редовно така (освен во зима) и секогаш ќе носам
Не јас не сум носета таква комбинација до сега и не би носела ни во иднина дефинитивно-некако не ми оди
Многу е опширно ова сандали и хулахопки. Се зависи од приликата, материјал, боја, изглед на сандалите, на хулахопките. До сега немам носено, но never say never.
Па да, така е. Многу зависи од приликите. На свадби и прослави е редовна појава. 30 - 40 % од присутните носат така. Но јас носам и во секоја друга прилика. А рекламите за хулахопки, најчесто се со сандали, сте приметиле? Тоа сигурно не е така затоа што е толку лоша комбинацијата. Мене на некој начин, тоа ми звучи као - еве, вака се носат овие хулахопки.
Темава предлагам да се префрли во подфорумот Секс. Немогуче колку напалени мажи со ваков фетиш се нафрлија на темава. Не дека сте болни во мозокот,ама напнавте,а од авион се познава вашиот фетиш. Океј сфативме. Сега, уствари вечерва одете кај МТВ купете и на некоја курветина хулахопки и некои сандали од пазар и натерајте ја да ги облечи. Сите среќни и задоволни.
прашање за alexmkd, за рекламите на хулахопките- со сандали Спојлер alexmkd аа на реклами за долна облека си приметила дека само долна облека носат?? Па да одиме и ние само по долна облека ,м??
Хм, во ред. Во право си за ова. Него поинтересен ми е коментарот на Ashling. Прво си инсинуира нешто, претпоставувам алудира на мене, но тоа е нејзин филм. Друго, хулахопки и сандали се олицетворение на курветина? Интересно. А мини здолниште со големина на каиш комбинирано со светлуцава хулахопка и 15цм штикла (само нели не сандала) и деколте до папок, како што врие навечер низ градов (90%) е показател за примерно девојче нели? А друга некоја, ако облече нормално здолниште (или дури и фармерки, панталони) и го искомбинира онака како што ти несакаш, за тебе е курва. Абе ајде молим те.