Сандалите се за лето, да дише ногата. Цела зима нозете ти се затворени, стегнати. Јас едвај чекам да се ослободам од нив, а не па уште и во лето да ги носам. А и која е функцијата на хулахопката? Зошто некој би ги носел во лето не ми е јасно.
Сандали и халахопки, едно големо НЕ! Сандалата е летна обувка, не иде со халахопки. А и не ми изгледа убаво.
Нее долази у обзир.Колку сака нека се модерни ако сака и цел град нека носи јас нема шанса. Особено ги мразам оние што се до бутовите Уште подвезици им фалат и таман за на шипка.(а што е најстрашно има и со таков дезен демек ко подвезици да имаш ) Иначе bumbi јас мислам дека функцијата на хулахопката да ти ги подзацрсти ноџината (барем малце) и да можеш да влезиш во 1 број помал или некои сандали што ти се кнап.
Зависи од приликата. Мене барем ме учеле дека свечен фустан , долг, краток каков бил не се носи без хулахопки, што и не е некој проблем сега кога има толку тенки хулахопки, кои се без раб и се баш со таква примена за на сандали на штикла свечени или штикли свечени отворени напред кај прстите.
Не. Ако се работи за штикли и некој свечен фустан тогаш во ред е. Ама сандала е летна обувка се носи со фармерки, куси панталони, суќничка па и некое летно фустанче и мислам дека хулохопки не би личело.