Уф колку многу критики... добро, знам, свесна сум за се, неретко добивам прекорни и згрозувачки погледи од девојки, ама јас не сум конформист и држам до моите луди идеи без оглед колку и да не се во согласност со општо прифатеното мислење... Еве една слика од мене од нова година што бевме... јас сепак добив доста комплименти од другарките и неколку други пријателки дека фино изгледам, се надевам дека нема многу да ме оцрните сега
Не.Мене лично тоа не ми се допаѓа и не ми личи.Сандалите се носат на лето и ногата треба да биде боса.Ако сакаш да носиш хулахопки ,тогаш носи салонки
Gerberce ни мене не ми се допаѓа . А сакам да те прашам , зошто ти требале хулахопкиве ? Многу подобро би било без .На оваа комбинација ич не ти биле потребни .
Мене ми се допаѓа,поелегантно изгледа нога во таква хулахопка, одошто гола. Имам носено и јас,не се ни приметува многу, ако не загледаш убаво. Мразам темна хулахопка на сандала, а вака без боја може.
Па пред се обожавам хулахопки, кога не ги носам се осеќам ко гола да сум... и плус - зима е, да се појавев со боси нозе мислам дека бетер фрик ќе бев. А немам некои салонки (се ми се црни и кафеави) кои можам да ги искомбинирам на тоа фустанче, ќе требаше да облечам црно фустанче, а здебелена сум и не ме фаќаат тие што ги имам.
Ти си супер згодна цура и хулахопките одлично ти стојат, кај се видело гола нога на сандала во зима. Како што кажав вака безбојни хулахопки само и даваат сјај на ногата, Супер си!!!
Фала ти ciribiribela ама не сум сега супер згодна, бев... сеа имам бутови ко солунски диреци, ама на пролет ќе почнам да џогирам па ваљда ќе симнам. Мило ми е што ти се допаѓа тоа што го носам, а јас кога носам сандали, не само во зима, секогаш носам хулахопки од повеќе причини - како што реков - без нив се осеќам го гола да сум и најважно од се заради прстите што се секогаш прибрани и стојат на место и не се расфрлаат или пикаат по ремчињата (особено малиот прст).
Според мене зависи на каква сандала ќе ги носиш.Во никој случај не би носела хулахопки на оние сандали што се апла летни,со 2-3 ремчиња. Ама пример на некоја погруба сандала, што е помалку отворена би носела дебели хулахопки и мислам дека би изгледало многу убаво. Пример вака.
Еве од пред неколку години кога си бев слаба :'( Занемарете го фустанчето, сега се чудам со кој памет го носев...
Ех и јас имам носено месо боја хулахопки на такви со отворен прст од напред. Ама тоа не се сандали со две-три ременички !
Сум видела вакви комбинации доста често, но јас сум за категорично НЕ. Оваа комбинација ми делува тотално грдо, и извинете на тие што носите, ептен смотано, светкав ефект на нозете може да се добие со масло, со млеко за тело со светки, а вака, ко ептен да се немало што да се облечи. Ај побрзо да сфатам на оние чевли со малку отворен прст напред, како некако, ама на сандали со ремчиња, ептен летни, како прво во зима ги пакувам некаде,нема шанси да носам, па не да ставам хулахопки. Сандалите се летни обувки, џабе не се викаат така
Добро ти излегла коминацијата на првата слика не се приметуваат хулахопките (ја не ги видов) инаку јас лично не ја сакам таа комбинација хулахопка и сандала=не.
А да ги прашам тие што сандалите ги класифицираат стриктно во летна гардероба , дали во зима носат маички или џемпери со кратки ракави? Материјалите може да се поделат на зимски и летни,сигурно во лето нема да се носи џемпер со кратки ракави. А што се однесува на комбинацијата сандали со хулахопки,јас мислам дека со подебели хулахопки е многу модерно.
Сандала и проѕирна хулакопка - НЕ! (барем според мој вкус ) Кога би носела тоа ќе биде со темни хулахопки, кај што не се гледаат прстите и не со сандали, сепак со некои чевли што ќе бидат отворени да, но нема да личат на сандали! Или друга варијанта, исто отворени чевли со некои подебели дизајнирани хулахопки Спојлер Пример или
Мене лично не ми се допаѓа комбинацијата хулахопки и сандали и јас никогаш не би носела. Според мене сандалите се за боса нога, а салончиња, чизмички за со хулахопка. Некако не ми изгледа убаво
Не!Никако! Значи тоа ми е нешто најглупаво и најсељачки(несакам никого да навредам). Во лето може да се случи да облечам хулахопки но само оние свилените,нога боја,што нема да се забележуваат дека ги носам туку само сјај ке даваат.Не на сандали,туку на ципели.И тоа само во случај да одам некаде на свадба или такво нешто,па поубаво да ми изгледаат нозете. Хулахопки и сандали никогаш нема да облечам,ама баш НИКОГАШ!!!Па и на сите модни писти и сите околу мене така да шетаат пак нема да облечам.