Сите се сега за не а од година сите на хулахопки и сандли ќе бидат како ова зимо со високите чизми а претходно на никој не му се допаѓаше
не не не воопшто не ми е вкусно за изглед ниту пак соодветно воопшто никогаш не сум носала ваква комбинација ниту пак ќе носам некогаш затоа тука ми се елегантна чевла и се разбира чизма за на хулахопка посебно на чевла и чизмички до глуждој ми изгледа најубаво
Имам носено хулахопки (и тоа од оние месо боја, кои напред не се со дупол раб т.е. не се познава ништо кај прстите) на сосем малце подотворени сандали, ептен малце напред кај прстите, и тоа затоа што ми било ладно да одам боса. Инаку не, сандали и хулахопки ми е едно од најглупавите нешта. Ако сакаш да носиш хулахопки, поарно салоки облечи си.
Преубави се , но сепак јас не носам хулахопки со сандали, ниту пак ќе носам. Не дека не ги сакам , но едноставно не се мој стил.И не ги осудувам луѓето кои носат,па мајка му стара секој има свој стил
Дефинитивно НЕ затоа што се знае кога се носат хулахопки а кога сандали.Mене оваа комбинација никако не ми оди и никогаш така не би се облекла.
Значи вака проџирна хулахопка (месо боја) и сандалала НИКАКО, најгадно нешто ми е девојка у пролет коа ке видам ни ладно ни топло опнала сандали со хулахопки БЉАК како и да е облечена и најубава да е ми делува многу селски.
Интересно дефинитивно. После сите коментари, само можам да кажам дека девојките како мене (кои носат сандали и хулахопки) се ретки или пак се некои сељанки што везе немаат што облекле. Ок... да кажеме дека е така, дека е селска комбинацијата, но ај да ве прашам нешто. Која од вас работела како хостеса на саем за коли? Јас сум работела и сите други што сте работеле ве молам напишете дали грешам: Мажите се едноставни и ограничени суштества, не многу работи ги привлекуваат, се фокусираат на едно или две нешта во животот и рака на срце, токму таа нивна ограниченост ги прави толку успешни. Во слободно време, кога го пуштаат мозокот на пасење во 90% од случаите мажите сакаат Жени и Коли. Тоа им се императиви. Ќе се сложите? Е сега, одам јас првпат, на мои 17 години да се пријавам за хостеса, зашто тоа беше лимитот и неможев порано и примањето не го спроведуваше фирмата кај што бев хостеса туку некоја агенција која работеше за нив. И ок, разговараа со мене, што знам што незнам и пошто носев фармерки една од тимот (жена во години) ми вика - за сега се е во ред, ама дојди со мене во другата канцеларија. Идам ја по нее и ми вика соблакај фармерките да видам какво тело имаш. И јас молам??? Што вика молам, си дошла да стоиш до кола, морам да видам дали ќе привлекуваш или не. Ок викам, ја таква срамови, теткава се смее. А една госпоѓа средена, за години изгледаше преубаво. Ме виде, ми вика добро е одлична си. После ми викаат - саемот почнува во сабота, ти ќе дојдеш кај нас во среда, 3 дена порано. Одам таму - облека нели унифицирана и бевме таму уствари да пробаме кој број ни пасува, ако треба нешто да се корегира и да пробаме чевли. Салонки немаше, имаше само сандали со тенки ремчиња и висока штикла. Си пробав од се, си најдов мој број и на крај тетката ми вика кој број хулахопки носиш - кец или двојка? Викам и кец и двојка ми се ок, зашто - ќе носиме и хулахопки? Да вика, сандали и хулахопки обавезно. Ок викам, нема проблем ама сандали и хулахопки викам ќе ми се лизга ногата - ќе се испотепам и викам. Вика затоа земи си ги дома сандалите облечи хулахопки и повежбај малце. А ок викам зашто мора и хулахопки? И женава ми вика: „Зашто мажите така сакаат, јасно? На саемов ќе дојдат 99% мажи, а нив таа комбинација ги привлекува, а и да не планирал да ја види колата до која ти ќе стоиш, ќе дојде уствари да те види тебе, па пошто божемски ќе ја гледа колата, може ќе му се смени мислењето за колата. Сега разбираш?“ Муабетов го слушаа и други две девојки и ние сите три такви климаме со глава. На саемот само се потврди тоа што старава ни го кажа. Јас се уверив во тоа и не престанав да ја носам таа комбинација до ден денес. Па сега, ако ме свативте што сакав да кажам, немојте да ви се деси некој дечко што сте го имале одеднаш да го немате заради некоја сељанка што „замисли бе носеше хулахопки и сандали сељандурата“. Па после и он бил сељак и идиот. А не бил, само си го следел машкиот инстинкт. А за дечко ај, голема работа, не дај боже сопруг да е во прашање... Тие што прочитавте до овде - пробајте, колку и да сте против тоа и да се плашите од презриви женски погледи, сега кога ќе запролети, пробајте да ја направите оваа комбинација (хулахопки и сандали) - ќе видите колку многу машки погледи ќе имате залепени на себе, а ако имате дечко одеднаш ќе стане повнимателен и позаљубен. Од секое правило има исклучок, ама од ова - речиси и да нема. Очигледно ние жените треба да престанеме да се облакаме за другите жени да не не оговараат, туку да не ни е гајле за тоа и да почнеме да се облакаме ЗА МАЖИТЕ.
Јас се облекувам најпрво за мене и мене искрено не ми се допаѓа комбинацијата хулахопки и сандали (машките што сакаат нека мислат ). До сега не сум носела и не мислам да носам.Ако носам хулахопки па и најтанки носам затворени чевли обавезно многу поубаво ми изгледа и денес има прекрасни модели на такви чевли што можат во секаква комбинација преубаво да изгледаат.
Сигурно не ти се допаѓале ни оние шалварине што се носеа (или поколнувајќи се на идиотските модни трендови ти се допаѓале) и свесно, знајќи дека личиш на карикатура на која нема ништо женствено и привлечно си ги носела, па никому ништо. Без навреда, не се однесува ова лично за тебе, туку општ е коментарот наменет за сите вакви неиздржани одговори. Машките што сакаат нека мислат? Епа немој да плачеш кога ќе ти раскине или кога ќе дознаеш дека те вара...
Ако ме изневери поради облека тогаш среќна ќе сум што сум се спасила од таков човек. Инаку не ниту сум пробала шалвари ниту сум носела некогаш.Имам изградено свој стил и се облекувам како што сакам и како што ми се допаѓа. Ако нешто од модните трендови е во мој стил во ред , ако не е нека си го носат тие што го сакаат. извинете за оффтопикот
Ах, па работата е токму во тоа што ни он нема да биде свесен дека те изневерил заради облека. Немој да мислиш дека мажите цепидлачат до толку, туку, едноставно, нешто ќе го привлече - свесно или несвесно, инстинктот е поважен кај нив. И не мислам дека си оффтопик... таман си п.с. мило ми е што не си пробала шалвари (тоа беше ругање на женскиот род)
Мене никако не ми се допаѓа хулахопки со летни сандали. Но секој има право да носи како сака...Јас си кажав само мое мислење затоа е и направена темата да кажеме што мислиме за ваквата комбинација
Gerberce ај те молам доста со коментарите. Дали машките ги привлекува хулахопка со сандала или шалвари, или кломпи, или фустани до земја, не знаеш ни ти, а не знам ни јас. Твоето искуство си е твое, и води се според него, без да генерализираш и да донесуваш некои смешни заклучоци. Секоја има право да носи што и како сака. А дали дечкото ќе те вара заради хулахопките и чевлите, воопшто нема врска.