Ваква комбинација не би ставила на себе па макар ако треба да се смрзнам или ќе облечам салонки. Ми се допаѓа кога дебели дизајнирани хулахопки се искомбинирани со штосни сандали кои самиот модел им е таков да дозволат со нив да се носат хулахопки. А оние сандалине цели со цркони и некои други светљуцави моменти на нив во никој случај не се за со хулахопки, ако некој сака сјај на нозете има креми и други препарати а не опни се во сандали и под нив хулахопки.
Не не не и НЕ.... не идат бе жени летни сандали со холохопки., крајно невкусно ми е.. се знае сандала на гола нога стои! Веќе може да се направи исклучок за чевли со оној мал отвор.
НЕ, никако не ми се допаѓа комбинацијата хулахопки и сандали... и никогаш не би облекла, затоа што би се чувствувала смешно... Бидејќи нели сандалите се за во лето, а хулахопки сигурно не би носела во лето, и обратно, ако носам хулахопки кога е постудено, тогаш сигурно нема да облечам сандали... Сепак, секој како се чувствува така нека си се облекува..
Никогаш не би облекла сандали и хулахопки, некако не ми баш оди таа комбинација а и во принцип мразам да носам хулахопки освен ако мора.
Можеби би носела ако и сандалите и хулахопките се црни, ама да не се гледа таа линијата на прстите Значи многу претпазливо би носела. Нешто вака:
А на која линија на прстите мислиш? На хулахопки што имаат појачани прсти (на таа линија) или на шавот од шиењето? Ако е шавот тогаш ќе си го подгазиш малце, не е тоа некој проблем, а со појачани прсти секако не иде...
Од сликите што ги видов ми се допаѓа како стои сандала со хулахопка. Ама јас лично никогаш не би облекла хулахопка и да носам сандала, НЕМАТ ЧАНЦИ (ко што вика еден професор)
со месо боја хулахопки никако или со дизајнирани а особено не со цветови секако не би носела, но модата со дебели хулахопки црни или во боја контрасна на сандалата ми се допаѓа а дали би носела незнам можеби ако би живеела во некоја земја како шветска или финска каде сандали може да облечес 5 пати во годината сигурно би се одлучила за оваа варијанта а за во македонија сеуште се сум сигурна но ми изгледа некако шик
Грозно , многу грозно. Кога ќе видам девојка со сандали и хулахопки , посебно прозирни хулахопки автоматски имам слика за неа дека е оперирана од вкус. А со хулахопки во различна боја од сандалите... па нели не треба да се биде роб на модата .
Имам носено дебели црни хулахопки и црни сандали. Убаво и складно изгледаа. (само еднаш ми се случи тоа, а и не баш се сеќавам зошто. Изгледа сум сакала да експериментирам нешто ) Не секоја хулахопка одговара со секоја сандала. Така да, во глобала не сум за оваа комбинација, но сепак секогаш постои исклучок. А за овие обичните, свилените хулахопки па воопшто не сум И онака не ги сакам (не дека воопшто не ги носам, кога морам, морам) , па уште и со сандала да ги комбинирам.
Некои сандали ми се свиѓаат како стојат на хулахопка, некои не. Порано и јас мислев дека е селски, но веќе не мислам, дури мислам и дека e секси. Е сега, не би носела на +30 степени, ниту кога мрзне, но пролет и есен- зошто да не. Исто и чевлите со отворени прсти ги носам со хулахопки или интересни тенки чорапи на фармерки/панталони. Најважно од се е да знаеш да ги носиш Еве овие ми се свиѓаат:
mene iskreno toa ne mi se dopagja i nikogas ne bi nosela :/ [mod-kirilica:24ycmajx][/mod-kirilica:24ycmajx]
јас никогаш се немам облечено така со хулахопќи и сандали мислам дека и ногата ќе ми се лизга во сандаливе ако облечам хулахопка а и некако не ми се допаѓа..............али секој си има свој избор
Сандали со хулахопки не ми се допаѓа како изгледа и никогаш не сум носела. Ако е ладно до степен да ми требаат хулахопки, тогаш не е сезона за сандали. Ако зборуваме за чорапа како детал, сум видела слатки комбинации со доколенки, како на сликата од Blanca погоре. John Galliano вадеше вакви комбинации сандала со чорапи за Dior во колекцијата пролет/лето 2010. Таква комбинација треба да знаеш да ја носиш. Убаво изгледа на младо девојче кое е fashion forward. Не ми паѓа на ум да облечам такво нешто на моите години и мојата килажа А сега малку хард кор, внимавајте: