Доколку станува збор за хулахопки месо боја, не. Многу ми е сељачко. А за пошик изглед, хулахопки во боја и сандали некогаш добро изгледаат. Зависно од комбинацијата во целост каква е.
Повеќето не ја сакаат оваа комбинација, но што да правам... мене сепак ми е бесконечно слатко и секси И сега откако ќе се стопли уште малку, нема да ја заобиколам комбинацијава ни под разно.
Ако се отворени само колку еден или два прста напред тогаш може ,јас така носев на матурата хулахопки од тие без раб напред што се и убаво изгледаше, а доколку се целосно отворени тогаш без хулахопки поубаво изгледа .
Се согласувам со Кате. Ако станува збор за сандали кои се отворени само кај првите два прста хулахопка може и да пројде тука. Секако без рабови кај прстите, не иде да се гледаат. Инаку самиот поим "Сандала" ме асоцира на лето а летото не ме асоцира на хулахопка
Абе кога некој се решил да носи, нека носи. Ама бар нека носи од тие што не им се познава напред тоа работ. А не како овие горе на сликава
Епа на пакувањето пишуваше invisible toes, па кога ги облеков малку се разочарав, ама сепак ги облеков... среќа што не е прејако појачувањето на работ. Во живо многу помалце се гледаше, вака на слики е поизразито.
Се слагам за тоа дека ако се од тие штикли што се напред со прст отворени може. Сум носела и јас така, пошто тие сепак ги рачунам како кондури а не сандали, и поубаво изгледа со холахопка. А сандали баш сандала летна, никако. Сандали ме асоцираат на жешко време, а кој може тогаш холахопка да носи?
И мене некако не ми одат сликиве што ги видов,ако веќе носиш така сандали барем хулакопките да бидат без рабови.Инаку и јас сум носела и во боја и можам да кажам дека делува секси,па и со мала мрежичка не е лошо ако е добра комбинацијата.
Герберче ај да те сфатам во мај да носиш вакви сандали со хулахопка, кога веќе сакаш да носиш сандала и холахопка, ама сега е ладно за вакви сандали, макар со хулахопка биле. Не знам дали се имам изјаснето на темава, ама сандала и хулахопка не ми се допаѓа и не би носела. Јас ниту оние со прсте не ги носам со хулахопка.
Ноу веј Хозеј! Сандала се претпоставува да се носи во топло време, значи која е логиката да се носи поддршка-хулахопки? Особено важи за свилени, со раб и појачување. Реално, јас си имам мака со рани на нозеве, без оглед дали прв или стотти пат ги облекувам, ама ке истрпам за убавина, нејќам рејтингот да ми паѓа. Јас би носела хулахопки на салонки или на оние со прсте, ама исклучиво ако е некоја бесна хулахопка, зашто во секој случај боса во нив барем ич не можам да бидам. Дец ит! Ми ноу лајки.
Сори Герберче, ама не ми се допаѓа комбинацијава.Посебно што се гледа тоа напред. А сандалите ми се преубави, можам да замислам како би стоеле на гола нога. Јас сум пробала онака дома холахопки на сандали, и само што направив 2 чекори се искршив, многу се лизгаше ногата.
Јас едвај дочекав сонцево да ѕирне за комбинацијава да си ја носам пошто ја обожавам. Кој ќе чека до мај Признавам - добив доста прекорни погледи од случајни девојки што приметија... ама... i like to be different! А се лизга ако сандалите не ти се пасент, а мене дури ми се малце и теснички, па не ми се лизгаат ич, ама треба малце и искуство за да се привикнеш. thanx од Белград ги купив, АЛДО на Кнез Михајлова.
Герберче извини, ама и мене не ми се допаѓа Плус, уште не се стоплило доволно за сандали. А, и овие се твои нозе? Не бе, не оди
Ни мене ме ни се допаѓа, ако малку напред се гледаат прстите ок е ќе пројде, ама се друго е лошо... никако не можам да те замислам како си нагоре облечена.. никако не ми иде ... се надевам привлекуваш позитивно внимание, а не негативно...
НЕ НЕ НЕ Јас мислам НИКАКО!!! Мое мислење е тоа може ептен ако прстето ти се гледа...Инаку кога ќе видам особено на свадба сандали и хулахопки ми иде да вриштам