Особено па светкава хулахопка кога ќе видам со таква сандала Никако не ми иде во глава ваква комбинација. Сандалата е летна обувка, има многу убави салонки кои можеш да ги искомбинираш во ова време од годината. И ако ги тргнеме хулахопките на страна, нели е уште рано за сандали!?
Па не се светкави, 10 денажни најтенки хулахопки се, без сјај. Да беа кожа боја веројатно немаше ни да се приметуваат. Овие се светло кафени па затоа се гледаат, ама јас уствари намерно сакам да се гледаат. Ама добро добро, гледам дека сум единствена лудача
хулахопка со сандали според мене НИКАКО! незнам ич не ми делува убаво кога ќе видам и никогаш не би носела.
Еве уште една... други сандали и други хулахопки, овие се сосема без раб на прстињата. Бар сандалите пофалете ми ги
Добро Герберче, ова веќе се јаде. Сандалите ти се убави и не се познаваат многу хулахопките, ама сепак мнооогу подобро би изгледало без нив. Друго што не ми се допаѓа (се надевам нема да се навредиш, ова е мое мислење) се долги нокти на нозе. Ок модерно е и сето тоа, ама никогаш нема да го разберам овој тренд, многу лошо ми изгледа.
И јас сакав да кажам за ноктите, па подолги се од моите на раце, ич неубаво изгледа А Герберче имаш прееееееееубави сандали, кои за жал ги оружнуваш со хулахопките. Јас разбирам да сакаш до толку хулахопки, ама нека се носат со салонки, со чизми. Не со сандали. Ниедна твоја слика не ми се допаѓа, извини. А зошто сакаш толку да ги носиш? Прво сега е време за хулахопка, ама не е време за сандала. А летно време е време за сандала, ама не и за хулахопка Сакаш да ти свети ногата? Не знам што толку те воодушевуваат овие проѕирни хулахопки со сјај. Мачкај си ја ногата со лосион со светки и носи сандали на голо
Или со масло за сончање. Јас со таква финта си ги правев нозете попривлечни. Герберче мене ни сандалите не ми се допаѓаат, жалам. Чисто информативно од каде ги зема? И што камера користиш бре?
Ам... ок, веќе не постирам слики, гледам сите се вадат од памет. Енивеј, незнам зашто толку сакам... ко некој да ме праша зашто сакам шопинг. Ајде ја искачам сеа, ќе сликам ама не постирам повеќе слики ветувам. Апаратот е Canon 550D.
НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ! Грдо ми е со тука и назад! Ако веќе мора хулахопки тогаш од оние без никаков раб и тоа месо боја исклучиво. Се друго ми е селјачко!
Не ми оди воопшто комбинацијата на хулахопки (особено оние со раб) и сандали. Сепак сандалата е летна чевла, а во лето немаме потреба од хулахопки. Редовен пилинг на нозете, малку сончање и сјајно млеко за тело и сите недостатоци ќе ги снема. Но, сепак мене интересно ми изгледа комбинацијата чорап и сандала. Ако си најдам некои штосни сандали, верувам дека некогаш ќе искомбинирам. Зашто да не? Мене во некои комбинации ми изгледа супер Уникатно. Знам дека пола град ќе ме гледа превртено, ама воопшто не ми е гајле. Бурбери
Не ми се допаѓа воопшто како изгледа. Не би го носела на себе (со оглед на тоа што последен пат облеков хулахопки во трето одделение кога одев на играорна , а и не делува убаво „на око“) и не ми се допаѓа кога гледам кај други. Зиме - затворени чевли и хулахопки. Лето - сандали и голи нозе. А околу долгите нокти, извини герберче ама ни мене воопшто не ми се допаѓа. Во секој момент мислам дека ќе ти се скинат хулахопките.
Ноуп ноуп ноуп и ноуп! страшно невкусно изгледа... штосни хулахопки имате со салонки, па и со балетанки да носите... Сандали и хулахопки, сандали и чорапи... луѓе беееееее :/ прво, мислам дека намената не им била таква се носат летно време, отворени се веројанто да не ти се поти ногата,а не да ја бапнеш у хулахопка ај сега и мене ми е убаво кога ќе видам шорц со опасна штикла и бунда одозгора, ама не се што лета по пистите треба да го пробаме.... Во нашава држава мислам дека сандала и хулахопка никако не поминува... Што знам... мислам дека не е само вкус во прашање...
Мене па баш ми се свиѓа. Плус прашав во чорапарата кај нас имаат хулахопки без тоа шиеното што е напред, нз како се вика. Како задебелено што е. Така да баш ми се свиѓа комбинацијава
Мене воопшто не ми се допаѓа, можеби е модерно да се носат дебели хулахопки со сандалки, но не ми се допаѓа, некако ми изгледа ми изгледа многу глупаво. Да не излезеше таква мода, тогаш никој сам не би се нафатил да се облече така. А слаба хулахопка на сандалка, особена некоја нежна и посвечана ДЕФИНИТВНО НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!!!!!!
Се нашол некој паметен во светот на модата и измислил специјални хулахопки за на сандала, кои се ултра тенки( околу 15 дени, дебелина на конец), без раб и појачување на прстите и мат нијанса...Има од многу брендови, ама јас лично ги користам оние на Ползела( специјална хулахопка за на сандала, која прекрасно стои...), чини околу 180 денари некаде...Има и на Пенти, ама многу е грозна нијансата, како на жолто удира многу и неубаво изгледа, а плус се кинат многу лесно...