Не мораш до волку експлицитен и дрзок одговор да даваш Значи ние кои носиме специјализирани хулахопки за на сандали, сме сељанки, така...??? Криво ми е што немам време да постирам слики по форумов - да видиш мене како ми стојат ултратенки хулахопки без раб со сребрена сандалка на тенка штикла...Не дека ми е битно твоето мислење многу, него чисто информативно само...
Моето мислење е тоа, сум носела еднаш и никогаш повеќе а инаку знам за какви хулахопки збориш какви и да се може стојат убаво не викам не, и не реков дека тие што носат се селјанки, кај го пишува тоа?! Тоа значи дека и ја што сум носела еднаш испаѓам таква. -.- Реков дека селски ми изгледа, и да е во мода и да не е прашање на стил е тоа, моето мислење е такво какво што го пишува.
А и ако не ти е битно што реплицираш ? Ја се обратив општо не на тебе, а ти мене ми се обраќаш. Како и да е, ти си таа што носи хулахопки и сандали, не јас ))))))))
Погрдо нешто значи нема баш сабајлево видов типка со златни сандали и хулахопка -со раб и делуваше ептенннн грдо....се знае сандали кога се носат,и зошто се целите отворени ако ми е ладно ќе носам салонки со хулахопки никако сандали....
Секако дека не сум јас единствената овде што носи специјализирани хулахопки за на сандали, а не обични...Така да ти индиректно посочуваш дека ние сме сељанки...Друга работа е тоа што не мора да значи дека овие хулахопки ги облекувам дека ми е ладно во сандалите, туку ми ја прават ногата многу поженствена и имаат нежен сјај кој делува многу секси...Нема сигурно да ме стопли хулахопка од 15 денски конец правена како што се моите(затоа и се вика ултра тенка, нели?) Поздрав
Пишав погоре,ќе ти повторам пак:Никој не рече дека тие што носат се селјанки. Реков ќе речам и пак, и јас имам носено 1 и само толку таква комбинација затоа што лично јас се осеќав ко да иам нешто селско на мене, а не ко селјанка! Има разлика. А и убаво пишува во погорните коментари, има многу подобри комбинации на чевли со хулахопки од сандали, се знае сандали се за лето и ги поддржувам сите коментари што ги прочитав во врска со тоа. Не за џабе постојат летни и зимски чевли. И до тебе.
хулахопките секогаш ги прават нозете поженствени и посекси, затоа и ги носиме, е сега на сандалки сеносат специјалну хулахопки, ма анеколку пати имам налетано на „неинформирани“ девојчиња што носат сандали на хулахопки кои се потемни во делот на прстите, тоа изгледа ужасно. Меѓу другото се знае во која сезона се носат сандали, ане сега како затера модата во секое годишно време ги носат по клубови и кафичи.
За ова си потполно во право...Ако некој не знае дека постојат специјални хулахопки за сандали и облече од оние обичните со ликра, ќе изгледа крајно смешно и грдо во нозете, заради потемниот дел од хулахопката околу прстите и работ на истата.
Но во право си и дека како затерала демек модата некој носи сандали во зима на -10 степени надвор а уште и искача по клубови и кафичи со какви и да е хулахопки (специјализирани хах или обични)
Никогаш не би облекла сандала со хулахопка. Воопшто не ми се допаѓа таа комбинација. Не ми е јасно зошто некој би облекол хулахопки во лето Ако сакам да ми сјаат нозете ке ги намачкам со некој лосион со што би се добил многу поубав, посекси и поприроден изглед отколку со хулахопки. Ама сепак to each his own
Мило ми е што сепак имам истомисленички Тоа во врска со долгите нокти, па тоа зависи како ќе бидам расположена кога сум на педикир. А хулахопките не се кинат кога се ноктињата фино истурпијани и мазни. Па еве уште некоја сликичка од мене...
Може да препорачате некои од поубавите модели хулахопки за на сандали,и каде можат да се купат посебно од тие што не се познаваат толку, почнува сезона па да имаме избор.
Ова ми е исто како да облечам балетанки со дебела чарапа. Толку грдо ми изгледа, не можам да опишам. Никогаш не би облекла!
Мене ми се најдобри на Ползела, а линијата се вика Флер и се ултратенки и без раб и појачување на прстите, а плус мат нијанса...Околу 180 ден коштаат...
Кој што сака нека си носи, немам ништо против, но јас лично никогаш не би направила ваква комбинација. Воопшто не ми оди едно со друго, многу грдо ми изгледа. Хулахопки си носам само со салонки и балетанки.
И јас никогаш немам носено ваква комбинација а и не ми се допаѓа ама ми требаат вакви хулахопки за друга намена и ако знае некој кај да најдам