Тоа „ден“ ја објаснува темнината на хулахопката. КОлку повеќе „дени“ толку потемна хулахопка (така барем ми кажа една продавачка)
Јас носам црни обични без декорации бла бла ама вчера влегов во една продавница за холохопки и многу ми се бендисае едни и че ги земам морам да ги земам многу беа убај многуу
Тоа е дебелината на конецот од кој е правена хулахопката. Всушност колку поголема "денажа", толку подебела хулахопка. Значи дебелината ја означува. Нема врска со квалитетот. А со темнината....па можда е логично ако е подебела и да е потемна, ама не е тоа значењето
Den (Denier) е мерка за дебелина на конецот, но не е секогаш исто. Точното објаснување е следното: Предиво од 15 дениери (или како што некои популарно викаат дени), значи дека 900 метри од тоа предиво тежи 15 грама. Втората ознака е dtex, која понекад стои и е малце повисока (15den/17dtex), 17dtex предиво = 1000 метри тежат 17 грама. Ама поприфатено е denier. Познато е дека од 5 (ретки се ама ги има) до 15/20 дениери се провидни хулахопки, а од 20/30 до 40 полупровидни, а нагоре се нели непровидни. Но не е секогаш така. Кај скапите производители, конецот тежи повеќе, а се многу провидни. Пример, на некои скапи хулахопки стои ознака: 10 denier appearance, а вистинската денажа на предивото да е 20 но тоа никаде не го кажуваат за да не си помисли купувачот дека се работи за дебела хулахопка. А во тој случај, хулахопката е провидна како 10ка, а е поиздржлива, т.е. како 20ка.
Хулахопки просто обожавам, речиси секојдневие ми се Најмногу од сите обожавам да носам црни и месо боја...
Вистински ланолизирани хулахопки. Нешто екстремно ретко и бидејќи веќе неколку децении не се произведуваат, ваквите хулахопки се многу скапи. Најлонот третиран со Ланолин е многу многу лизгав и има посебен сјај и блескот, нешто што ликрата никогаш не успеа да го направи.
Имаше еден период кога бев ОПСЕДНАТА со хулахопки! Најмногу ми се допаѓаа оние со линии. Барав и барав и барав, не најдов! И сега пролетта си купив 3 пара дезенирани хулахопки, ај божем ќе се најдат некогаш. Можеби во есен,зима ќе можам да ги носам...